Дај бре не бидете патетични како деца од 15 години демек го краделе Берни. Изгледа стварно не ви е јасно како и пред 4 години, така и сега кој гласа во оваа фаза. Значи, на овие внатрепартиски избори гласаат единствено
регистрираните членови и приврзаници на ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА. Бидејќи САД се земја со силен двопартиски систем оваа партија ја сочинуваат разни профили на приврзаници, од конзервативно-умерени гласачи на југот кои повеќе од век ипол си гласаат за Демократите, преку прогресивци, либерални привразници, се' до денес некои ултра забегани психо ликови од типот на Александриа Оказио Кортез, Илхан Омар и сл. Така што соочете се дека и Републиканската, а посебно пак Демократската партија не се хомогени партии и дека нормално е со дури 11 кандидати да има разноликост во гласовите. Друга приказна е што овој пат Берни и не е меѓу најквалитетните кандидати, иако овој пат мислам дека има најголеми шанси за номинација.
И еве кога сме кај резултатите (пред малку објавија 62% пребројани), како што сугерираа претходно анкетите Берни и Пит водат, со тоа што Пит изгледа испаднал попаметен и водел кампања низ цела Ајова па така најверојатно ќе добие повеќе делегати, додека Берни води во popular votes.
Убедливо најдобар од кандидативе IMO (иако речиси и да нема никакви шанси за номинација) е Ендру Јенг. Просто сум воодушевен од тој човек и неговите погледи, интелигенција и идеи. Сите покрај него изгледаат смешно. Се надевам барем оној кој ќе ја добие номинацијата да го стави за кандидат за потпретседател. Буквално човекот може да привлече најразлична маса од радикални прогесивци, либерали, преку независни гласачи, па се' до умерени конзервативци. Да имаше барем минимална политичка заднина како Обама (кој влезе како анонимус, а сепак избран сенатор претходно неколку години) и те како повторно ќе успееше да ја формира истата коалиција, со тоа што квалитетите на Јенг се неспоредливи со од оние на Обама.
некој од бедниците Бутиџеџ или Блумберг
Чекај сериозен си за Блумберг? Него го сметам меѓу подобрите кандидати, а според многу анкети и меѓу ретките кои има некаква шанса за победа против портокаловиот. Можеби и кандидат со најголема харизма и најиздржани идеи, а единствено он, Јенг и Стајер сами си ја финансираат кампањата и не се "циганчат" за донации (се шалам секако, немам ништо против донации за кампања).
Берни и Ворен. Искрено не очекував дека и двајцата ќе објават кандидатура за избориве. Мислев дека само еден он нив двајца ќе објави кандидатура а другиот ќе го подржи. Пред 4-5години Берни влезе како замена за Ворен бидејќи овој упорно ја убедувал да се кандидира, а она упорно одбивала. Сега ете ги и двајцата. Пред 4 години силно го подржував против Хилари, ама годинава и он а и Вореница почнуваат малку да забегуваат, дали поради нивната старост или под притисок на подржувачката база која ја имаат, особено онаа на Берни која е о-д-в-р-а-т-н-а. Имено пред 4 години Берни ветуваше дека ако стане претседател и ако добие мнозинство во двата дома ќе овозможи бесплатна здравствена заштита за секој граѓанин без разлика дали се или не во работен однос како што е моментално поставен системот таму. Ама сега заедно со Ворен предлагаат една легислатива популарно наречена "Medicare for All", каде што сите што се моментално осигурани преку нивниот работодавач ќе треба да го напуштат приватното осигурување, затоа што пазете ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ САКААТ ЦЕЛОСНО ДА ГО УКИНАТ
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
и да го заменат со основање на државен фонд за здравствено осигурување. Па барем да се угледаат на германскиот модел, каде иако 90 посто од населението се осигурани преку државен фонд, оние подоходовните и студентите имаат можност да изберат приватно осигурување. Или холандскиот модел каде целото население задолжително е осигурано преку приватни осигурителни компании, додека оние кои не се во можност државата им го субвенционира осигурувањето. Најлошо е што не се загрижени за последиците од таквата потенцијална трансформација. Ај што ќе пропаднат огромен дел од тие осигурителни компании, туку истите тие издржуваат голем број на мали и средни градови (како Де Мојн на пример) и огромен број луѓе ќе останат без работа, на што Берни им одговара мртов ладен "Па ќе си најдат нова работа".
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Ај што и да бидат избрани за претседатели тешко и дека ќе успеат да ја протнат реформата низ двата дома, дури и во случај да имаат мнозинство во двата дома (а шансите се минимални за таков резултат) прочитав негде дека за таа реформа во горниот дом им треба огромно мнозинство од дури 60 сенатори. Нека го послушаат убаво маестро Јенг по тоа прашање. Исто да го послушаат и за укинувањето на школарините на државните универзитети. Постоечкиот студентски долг и не е лошо да го укинат, ама наместо форсирање факлултет по секоја цена (во времето на Берни и Ворен било многу евтино и замисли носталгично се сеќавале на тие убави времиња па сакале истото да го вратат
![Врти очи :vrtioci: :vrtioci:](/styles/default/xenforo/emot/icon_roll.gif)
), нека инвестираат во вокациско образование како Германците.
А што се однесува за Берни, ако ја добие номинацијата, наместо да ги влечка по митинзи глупачине Оказио Кортез и Илхан Омар (за кои сеуште не ми се верува со кој памет луѓево гласале за такви ненормални суштества), кога веќе најверојатно ќе добие подршка од Џо Роган, многу подобро е него да го влечка по митинзи, со него единствено може да привлече гласачи кои би ги привлекол Јенг и порано Обама. Да не зборам пак колку се ежам кога ќе прочитам дека Берни добива поддршка од најодвратните, најмизерните и најкорумпираните политичари во светот од типот на диктаторите Мадуро, Ортега или пак азилантов другарчето на Грујо - гревчето Ево Моралес (сеуште не ми се верува на колку глуп и смешен начин се обиде да ги фалсификува изборите, каде што не ни имаше право според боливискиот Устав да се кандидира
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
).
Останатите кандидати се без везе, а најиритантен е дефинитивно нехаризматичниот робот Пит.
Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок.
Џизс Крајст, па дали човече знаеш што напиша побогу?!
![Шашав :eek: :eek:](/styles/default/xenforo/smilies/eek.png)
![Поп :popce: :popce:](/styles/default/xenforo/emot/pop.gif)
![Поп :popce: :popce:](/styles/default/xenforo/emot/pop.gif)
![Поп :popce: :popce:](/styles/default/xenforo/emot/pop.gif)
А овие другиве не плаќаат данок и не придонесуваат за нивниот GDP?! Сакале да ја направат социјална држава, wow како секоја нормална држава во светот, како што донекаде е и САД моментално. Можеби коментарот ти е и сарказам, не знам.