Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Што направија?
У кратки црти, не ги објавија резултатите од внатрепартиското гласање во Ајова, поради некакви „технички проблеми“. Пит Бутиџеџ се прогласи за победник со резултати од негови извори, а после и Берни објави дека според неговиот штаб тој водел.

Капак на се, не знам колку е стварно потврдено, луѓето што биле одговорни за апликацијата за броење сите до еден биле хиларисти и активно работеле во нејзината кампања.

Тоа само се надоврзува на ненормалната црна кампања што се истури врз Берни одма откако изби на прво место на многу анкети, пред се од Хилари и целиот естаблишмент на Демократската партија.

Циркус кој пак ќе кажам, му остава бришан простор на Трамп, кој со право денес ги утепа од заебавање демократите.

https://off.net.mk/vesti/svet/demokratite-si-pukaa-vo-noga-na-sopstvenite-izbori
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.446
Му го даваат на волеј вториот мандат на Трамп со самото нивно постоење. Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни.
Бета луѓе, безкичмењаци што нема шанса да застанат на чело на империја како што е Америка со нивните социјални сфаќања. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок. Нешто што го нема во ДНК-та на секој Американец.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Му го даваат на волеј вториот мандат на Трамп со самото нивно постоење. Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни.
Бета луѓе, безкичмењаци што нема шанса да застанат на чело на империја како што е Америка со нивните социјални сфаќања. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок. Нешто што го нема во ДНК-та на секој Американец.
Стварно, како смее Америка да заличи малку на Канада, Британија или скандинавските земји.

А тој алфа мажјакот што ги води сега, тој што татичко му даде 2-3 милиони да почне бизнис, тој херојот што сите можни оправданија ги смислил да избегне служење во Виетнам- cadet bone spurs, тој што се пали на најмало пецнување и после како улав 24 саата ќе твита без престан се што ќе му дојде на умот.

Алфа у пичку матер.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Каков meltdown им се случи во Ајова....

Плус и пропаднатиот импичмент. Не само што нема да успее туку има шанса неколку демократски сенатори од прорепубликански држави да гласаат за ослободување на Трамп од обвиненијата, факт што ќе биде голема победа за портокаловиот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Секако на естаблишментот повеќе му одговара трамп од берни, така што очекувано. Ако не успеат да го украдат берни, нема да ме чуди да има и трет кандидат. После колапсов на бајден, не гледам кој може да му биде противкандидат на берни.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.231
Поени од реакции
45.360
На крај Хилари ќе се истопори пак во недостаток на подобра алтернатива, а недостатокот е зошто сектата нејзина ги минира сите , мада кај налудничави профили како таа Ворен на пример и нема што да се мешетари, таму сама си се работи работата
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
На крај Хилари ќе се истопори пак во недостаток на подобра алтернатива, а недостатокот е зошто сектата нејзина ги минира сите , мада кај налудничави профили како таа Ворен на пример и нема што да се мешетари, таму сама си се работи работата
Републиканската партија појде у курац со Трамп, сега се само култ на Трамп, сега е очигледно распаѓањето на Демократската партија.

Ајде белки ќе се ослободат од култот на Хилари.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
349
Поени од реакции
436
Дај бре не бидете патетични како деца од 15 години демек го краделе Берни. Изгледа стварно не ви е јасно како и пред 4 години, така и сега кој гласа во оваа фаза. Значи, на овие внатрепартиски избори гласаат единствено регистрираните членови и приврзаници на ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА. Бидејќи САД се земја со силен двопартиски систем оваа партија ја сочинуваат разни профили на приврзаници, од конзервативно-умерени гласачи на југот кои повеќе од век ипол си гласаат за Демократите, преку прогресивци, либерални привразници, се' до денес некои ултра забегани психо ликови од типот на Александриа Оказио Кортез, Илхан Омар и сл. Така што соочете се дека и Републиканската, а посебно пак Демократската партија не се хомогени партии и дека нормално е со дури 11 кандидати да има разноликост во гласовите. Друга приказна е што овој пат Берни и не е меѓу најквалитетните кандидати, иако овој пат мислам дека има најголеми шанси за номинација.

И еве кога сме кај резултатите (пред малку објавија 62% пребројани), како што сугерираа претходно анкетите Берни и Пит водат, со тоа што Пит изгледа испаднал попаметен и водел кампања низ цела Ајова па така најверојатно ќе добие повеќе делегати, додека Берни води во popular votes.

Убедливо најдобар од кандидативе IMO (иако речиси и да нема никакви шанси за номинација) е Ендру Јенг. Просто сум воодушевен од тој човек и неговите погледи, интелигенција и идеи. Сите покрај него изгледаат смешно. Се надевам барем оној кој ќе ја добие номинацијата да го стави за кандидат за потпретседател. Буквално човекот може да привлече најразлична маса од радикални прогесивци, либерали, преку независни гласачи, па се' до умерени конзервативци. Да имаше барем минимална политичка заднина како Обама (кој влезе како анонимус, а сепак избран сенатор претходно неколку години) и те како повторно ќе успееше да ја формира истата коалиција, со тоа што квалитетите на Јенг се неспоредливи со од оние на Обама.

некој од бедниците Бутиџеџ или Блумберг
Чекај сериозен си за Блумберг? Него го сметам меѓу подобрите кандидати, а според многу анкети и меѓу ретките кои има некаква шанса за победа против портокаловиот. Можеби и кандидат со најголема харизма и најиздржани идеи, а единствено он, Јенг и Стајер сами си ја финансираат кампањата и не се "циганчат" за донации (се шалам секако, немам ништо против донации за кампања).

Берни и Ворен. Искрено не очекував дека и двајцата ќе објават кандидатура за избориве. Мислев дека само еден он нив двајца ќе објави кандидатура а другиот ќе го подржи. Пред 4-5години Берни влезе како замена за Ворен бидејќи овој упорно ја убедувал да се кандидира, а она упорно одбивала. Сега ете ги и двајцата. Пред 4 години силно го подржував против Хилари, ама годинава и он а и Вореница почнуваат малку да забегуваат, дали поради нивната старост или под притисок на подржувачката база која ја имаат, особено онаа на Берни која е о-д-в-р-а-т-н-а. Имено пред 4 години Берни ветуваше дека ако стане претседател и ако добие мнозинство во двата дома ќе овозможи бесплатна здравствена заштита за секој граѓанин без разлика дали се или не во работен однос како што е моментално поставен системот таму. Ама сега заедно со Ворен предлагаат една легислатива популарно наречена "Medicare for All", каде што сите што се моментално осигурани преку нивниот работодавач ќе треба да го напуштат приватното осигурување, затоа што пазете ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ САКААТ ЦЕЛОСНО ДА ГО УКИНАТ :eek: и да го заменат со основање на државен фонд за здравствено осигурување. Па барем да се угледаат на германскиот модел, каде иако 90 посто од населението се осигурани преку државен фонд, оние подоходовните и студентите имаат можност да изберат приватно осигурување. Или холандскиот модел каде целото население задолжително е осигурано преку приватни осигурителни компании, додека оние кои не се во можност државата им го субвенционира осигурувањето. Најлошо е што не се загрижени за последиците од таквата потенцијална трансформација. Ај што ќе пропаднат огромен дел од тие осигурителни компании, туку истите тие издржуваат голем број на мали и средни градови (како Де Мојн на пример) и огромен број луѓе ќе останат без работа, на што Берни им одговара мртов ладен "Па ќе си најдат нова работа".:facepalm: Ај што и да бидат избрани за претседатели тешко и дека ќе успеат да ја протнат реформата низ двата дома, дури и во случај да имаат мнозинство во двата дома (а шансите се минимални за таков резултат) прочитав негде дека за таа реформа во горниот дом им треба огромно мнозинство од дури 60 сенатори. Нека го послушаат убаво маестро Јенг по тоа прашање. Исто да го послушаат и за укинувањето на школарините на државните универзитети. Постоечкиот студентски долг и не е лошо да го укинат, ама наместо форсирање факлултет по секоја цена (во времето на Берни и Ворен било многу евтино и замисли носталгично се сеќавале на тие убави времиња па сакале истото да го вратат:vrtioci:), нека инвестираат во вокациско образование како Германците.

А што се однесува за Берни, ако ја добие номинацијата, наместо да ги влечка по митинзи глупачине Оказио Кортез и Илхан Омар (за кои сеуште не ми се верува со кој памет луѓево гласале за такви ненормални суштества), кога веќе најверојатно ќе добие подршка од Џо Роган, многу подобро е него да го влечка по митинзи, со него единствено може да привлече гласачи кои би ги привлекол Јенг и порано Обама. Да не зборам пак колку се ежам кога ќе прочитам дека Берни добива поддршка од најодвратните, најмизерните и најкорумпираните политичари во светот од типот на диктаторите Мадуро, Ортега или пак азилантов другарчето на Грујо - гревчето Ево Моралес (сеуште не ми се верува на колку глуп и смешен начин се обиде да ги фалсификува изборите, каде што не ни имаше право според боливискиот Устав да се кандидира:pos:).

Останатите кандидати се без везе, а најиритантен е дефинитивно нехаризматичниот робот Пит.

Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок.
Џизс Крајст, па дали човече знаеш што напиша побогу?!:eek::popce::popce::popce: А овие другиве не плаќаат данок и не придонесуваат за нивниот GDP?! Сакале да ја направат социјална држава, wow како секоја нормална држава во светот, како што донекаде е и САД моментално. Можеби коментарот ти е и сарказам, не знам.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.021
Поени од реакции
20.766
Го гледам говорот на Трамп пред Конгресот, буквално после секоја реченица го прекинуваат со громогласни аплаузи, БУКВАЛНО после секоја негова реченица стануваат од столчињата и му аплаудираат, вклучувајќи го и потпретседателот Пенс.

И овие после ќе се потсмеваат со Северна Кореја...
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Стварно, како смее Америка да заличи малку на Канада, Британија или скандинавските земји.

А тој алфа мажјакот што ги води сега, тој што татичко му даде 2-3 милиони да почне бизнис, тој херојот што сите можни оправданија ги смислил да избегне служење во Виетнам- cadet bone spurs, тој што се пали на најмало пецнување и после како улав 24 саата ќе твита без престан се што ќе му дојде на умот.

Алфа у пичку матер.
Што има спорно во тоа што почнал бизнис со наследство од татко му?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.597
Не успеа импичментот за Трамп... уште еден (предвидлив) удар за демократите.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Дај бре не бидете патетични како деца од 15 години демек го краделе Берни. Изгледа стварно не ви е јасно како и пред 4 години, така и сега кој гласа во оваа фаза. Значи, на овие внатрепартиски избори гласаат единствено регистрираните членови и приврзаници на ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА. Бидејќи САД се земја со силен двопартиски систем оваа партија ја сочинуваат разни профили на приврзаници, од конзервативно-умерени гласачи на југот кои повеќе од век ипол си гласаат за Демократите, преку прогресивци, либерални привразници, се' до денес некои ултра забегани психо ликови од типот на Александриа Оказио Кортез, Илхан Омар и сл. Така што соочете се дека и Републиканската, а посебно пак Демократската партија не се хомогени партии и дека нормално е со дури 11 кандидати да има разноликост во гласовите. Друга приказна е што овој пат Берни и не е меѓу најквалитетните кандидати, иако овој пат мислам дека има најголеми шанси за номинација.
A ти си толку наивен да мислиш дека целиов хаос е поради наивни „грешки“ и багови во апликацијата и само некомпетенција? Дека Берни не е најголема закана за демократскиот и општо политички естаблишмент и олигарсите, затоа креираат пакови и антиреклами и не бираат средства во последен момент да го задушат моментумот кој според сите анкети го има. Не би направиле такво нешто, тоа што ликнаа документи како прошлите избори со Хилари беа практично наместени во нејзина корист исто се само за 15 годишни, овој пат не би се осмелиле такво нешто, секако. Неколку дена пред Ајова прочитав некаде загриженост за апликацијата што ќе се користи а се објави дека е фундирана од кампањата на Бутиџеџ и дека може да биде злоупотребена ама искрено не ги сфатив сериозно, ама после хаосов, во кој тој се обиде од почеток да наметне дека е победник, после сите „грешки“ од ДНЦ и сецкање на резултатите, треба да си пренаивен да не се сомневаш дека во транспарентноста и интегритетот на процесов.Три дена не може да ги комплетираат резултатите, додека Пит во корпорациските медиуми се промовира како победник!? Потоа, мислам дека Америка е единствено место каде што дел од исходот од одредено гласање може да се сведе на фрлање паричка: https://www.youtube.com/watch?v=BZ0506A9S-8. Од „Black Hawk county“ на твитер објавија резултати кои не се совпаѓаа со официјалните, по „грешка“ гласовите од Берни биле префрлени на Стејер и некој си Дувал Патрик за кој досега никој не беше чул. Само затоа што јавно објавија се дозна за тоа па беа приморани да ги „корегираат“. Сличен случај беше уште на едно место. Дали има и други несовпаѓања за кои не се знае? Не ти смрди целава работа од километар? На крај и да се средат, она што сакаат да го постигнат беше да го сменат наративот за победникот и да ги обесхрабрат следните гласачи. Мисли си уште дека е патетична теорија на заговор, но само заговор е, не е толку сокриен за да биде теорија.

Чекај сериозен си за Блумберг? Него го сметам меѓу подобрите кандидати, а според многу анкети и меѓу ретките кои има некаква шанса за победа против портокаловиот. Можеби и кандидат со најголема харизма и најиздржани идеи, а единствено он, Јенг и Стајер сами си ја финансираат кампањата и не се "циганчат" за донации (се шалам секако, немам ништо против донации за кампања).
Чекај, а ти дали си сериозен за Блумберг? Подобрите кандидати? :pos: Врз база на што, контото во банка? Ја знае некој неговата програма воопшто? Кои се тие негови издржани идеи? Блумберг е архетипичен олигарх, кој ја поткупи ДНЦ да влезе во дебатите, сменија одредени правила поради него и потроши милиони за реклами да створи препознатливост на овие избори. Ако некој сериозно се надева дека нешто ќе промени билионер ко него за обичниот човек треба малце да се разбуди во вистинскиот свет. Харизма... сериозно овој ти има харизма???
Овој како да го тренирале ама пак не му успева да се однесува како нормален човек. Имаше и реклами во кои кучињата биле за него и видео кај што се поздравува со муцката на едно куче како да му е рака :facepalm: Том

Трамп ќе ги избрише подот со сите на дебатиите освен со Берни. А богами тој е единствен кандидат со реални шанси што има интегритет, се знае дека е непоткуплив и искрено ќе се бори да смени нешто во корист на обичниот човек, колку и да не се согласуваш со одредени мерки или начини на кој ќе го стори тоа. М4А не е нова идеја, децении наназад е, тоа што приватното здравствено осигурување кое во моментов е норма а функционира ко озаконето рекетерство, тука е забеганоста. Тука прикаската за компетитивноста која ќе ја намалува цената нема никаква логика. Моментално трошат 2х повеќе од Канада, а има безброј случаи на банкрот, имаат голема слобода да те одбијат ако имаш постоечка состојба и сл, Трамп мислам дека за 1 глас не им даде уште поголема слобода, се трошат преголеми средства на административни работи. Ама муабетов е „леле па како ќе го укинеме сечењето глави на плоштад, па што ќе работат џелатите?“. Ги преценуваш последиците од трансформацијата, а инаку има игра ако се остави простор за бирање приватно/државно, поентата е Single Payer да биде државата, инаку губи смисла тој концепт да не одам во детали. Во секој случај можеш и да гледаш на некои од неговите програми како стартни позиции, ако од сега излезеш со „компромисна позиција“, што на крај ќе испадне кога всушност треба да направиш компромис? Секако моменталната политичка клима е многу надесно, голем дел од демократите се центристи у најдобар случај.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.525
Поени од реакции
1.963

После импичментот, Трамп ги поздрави со видеото од неговиот ФБ и Твитер...

БУШИИИИ ГИ БЕЕЕЕ........
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.036
Поени од реакции
34.446

После импичментот, Трамп ги поздрави со видеото од неговиот ФБ и Твитер...

БУШИИИИ ГИ БЕЕЕЕ........
Немој не се чепкај, ќе ти кажуваат по колку пати твитал на ден.
Класичен левичарски мелтдаун во најава. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom