Нема балкански менталитет кај хрватите, овие се играчишта со еден збор !
Секоја чест, капа до под, нема овде играње едно полувреме и второто да се покакаш на се, така играме сите овде на балканот освен хрватите, не само за ракомет, општо за сите спортови. Еве ќе земам за пример ние како репрезентација, да се играше пример едно полувреме, јас сум сигурен дека ќе имавме медал во некој спорт дали ракомет или кошарка. Играме половина од мечот, ги фаќа еуфорија, се креват во облаци, со мислите кузнај кај се и после второто полувреме доволни се само воведните 5 минути за се да замини во вода.
Е нема така кај Хрватска. Со Германија се вратија од мртвите, скоро поразени, константно губат цело време 3-4 разлика, прво водство во 59 минута и победват на крај !
Со Шпанија сличен тек, тука малку и среќа му требаше, испуштија победа.
Со Норвешка утакмица и пол !
Каков меч, незнам од кај да се почни и како да се заврши. Кој и да победеше немаше да е незаслужено, иако повеќе заслужена е победата на Хрватска, во глобала имаа предност во поголемиот дел од мечот, норвежаните беа тие кои бркаа резултат, а во меѓувреме нормално имаше пресврти и тие си имаа водство во делови од мечот.
Добар избор напрај Чиката со голманите од почеток Шего имаше 6/7 мислам и одлично бранеше првото, во второ не му одеше го смена со Ашанин овај се повамири, 2 пенали одбрани со ред на Сагосен и Јондал, и скина некој зицер во продолженијата.
Домагој Дувњак, еднаш пишав и пак ќе пишам -
БОГ И БАТИНА во репрезентацијата на Хрватска, ЧУДОВИШТЕ ! Каков играч, и за овој треба да му кренат таму споменик после пензија
Малце во продолженијата имаа налик како нашата репрезентација
Никој не сакаше да превземи одговорност, тешки нозе, игра на нерви, сите додавачи до Дувњак, како кај нас до Киро, ама капитенот - капитенски, кај ги изваде оние удари
и уште x 10
Имаат играчишта далеку од тоа, една од најдобрите бековски линии на првенството, ама некогаш и најискусниот превзема се во свој раце, капитен, а и му тргна шутот.
Кај Норвешка до сега забележав и тоа како им фали пикерот Мирхол, дупка на таа позиција со неговото отсуство, лесно пробивни на пикер, ептен лесни голој примаа и на други утакмици, кога го немаш Мирхол
Еден Марино Мариќ симултанка си изигра на пикер, ги избуши од другата страна.....
Карачиќ потфрли денес, добро што победија инаку ќе носеше вина за поразот, 4 контри со ред промаши, добро на крај помина таа асистанцијата до Муса за клучниот гол, нема збор играчиште е Кара, ама кога не оди не оди, со Шпанија сам на грб ја носеше цела репрезентација.
Ќе биди интересно во финалето, очекувам пак луд меч !