Дојдовме и до завршната фаза од првенството. Како што повеќето типувавме по завршувањето на првата фаза, Норвешка, Шпанија, Хрватска и Словенија се четирите екипи кои се најдоа во најдобрите 4. Норвежаните се единствената перфектна репрезентација досега, иако Шпанија и Хрватска исто така влегуваат непоразени во полуфинале, со единствен нерешен дуел во меѓусебната пресметка.
Од првата група, Шпанците фуриозно дојдоа до 6 победи во првите 6 дуели, но се можеше да падне во вода по катастрофалните последни 15 минути од денешниот дуел со Хрватска во кои едвај го спасија првото место. Шпанија имаше водство од 5-6 разлика и водеше 21-16 на 12-3 минути до крај. Но, Хрватите предводени од Карачиќ направија серија од 6-0 и го преземаа водството. Шпанија од пенал дојде до 22-22, резултат кој по промашувањето на Дувњак се покажа како конечен. Шпанија покажа дека е ранлива, иако некако се опуштија денеска и на 5-6 разлика ја сменија цела постава, по што откако тргна возот надолу, ниту првотимците не одиграа ништо откако беа вратени во игра. Хрватите можеа да останат и без полуфинале, ако немаа феноменално второ полувреме против Германците. Покажаа дека за нив нема загубен дуел и може да се вратат во игра по секаква разлика на противникот. Лино уште ја форсира тактиката ала Металург, силна одбрана, напад во кој предничат поединци од бековска позиција. Играат одлична одбрана и ако имаа малку поголема помош од голманите, ќе беа уште посилни. Играат натпревари со малку голови, класичен ракомет. Ги мачат повредите откако денес не играше Циндриќ, а Карачиќ кој имаше симултанка се повреди во последните минути. Не се знае дали ќе настапуваат во полуфинале, но веројатно ќе стегнат заби. Нивно отсутство од теренот би значело дека Норвешка би била огромен фаворит. Сепак, Хрватите имаат веројатно и најдобра бековска линија на првенството, би успеале да се снајдат и без нив.
На другата страна имаме фуриозна Норвешка репрезентација со 7 победи од 7 дуели, победувајќи ги силните Французи, Португалци, Исланѓани, Швеѓани, Унгарци и Словенци на патот кон финалето. Во некои од дуелите практично ги демолираа противниците, а разликата беше ниска откако се опуштаа во завршните моменти. Денес одиграа скоро ревијален дуел со Словенците, доволно колку да дојдат до првото место и да ја избегнат Шпанија.
Норвешка се чини дека е голем фаворит за првото место, но во полуфиналето никогаш не се знае што може да се случи.
Како најголемо изненадување во полуфиналето, веројатно е Словенија. Смената на Вујо се покажа одлична, бидејќи Врањеш извади максимум од овој тим. Онаа победа над Шведска во групна фаза се покажа како решавачка, а поразот од младата Унгарија ќе им ги искомплицираше работите, да не им се наредеа коцките за време на групната фаза од втората рунда (имаа среќа што Унгарија не успеа да добие барем еден од Исланд и Португалија). Не знам по кој пат се среќаваат со Шпанија на шампионативе, ама имам чувство дека цело време играат со нив последниве години
И на овој дуел не се знае ништо, секој може да победи.
Полуфинале (24.1.2020)
18:00 Шпанија - Словенија
20:30 Хрватска - Норвешка
Дополнително, Германија и Португалија ќе играат за петтата позиција. Каков само успех на Португалците...

И на овој дуел не се знае ништо, секој може да победи.Полуфинале (24.1.2020)
18:00 Шпанија - Словенија
20:30 Хрватска - Норвешка
Дополнително, Германија и Португалија ќе играат за петтата позиција. Каков само успех на Португалците...

. Неколку години им требаше и него и на Циндра да излезат од сенката на Дувњак и да станат лидери во офанзивата на Хрватска. Гледајќи ги како хараат и бриљираат во Вардар, хрватската ракометна јавност очекуваше исто ефект и ниво и во хрватска ама изминативе неколку првенства не го доби тоа. Се беше некако срамежливо, па се идеше со коментари дека играта во репката воопшто не им одговара како во Вардар, дека едноставно ја немаат таа слобода итн. И во тоа имаше вистина. Конечно клупските Циндра и Кара, станаа и репрезентативни, а тоа итекако се гледа и во репрезентацијата. Ако игра Кара, плус напаленоста на ракометарите и публиката која им е неверојатна поддршка ( на ова ЕП посебно), добра одбрана, и да не и дозволат на Норвешка рано да ги разбие. Тоа ќе бидат елементите кои ќе мора да ги исполнат ако сакаат да се пласираат во финале. Важно е да ја умртват играта, да не и дозволат ( колку е тоа возможно) на Норвешка да влезе у фаза на мелење на противнокот,пошо тогаш им нема спас. Против Норвежаните тешко ќе биде онакво враќање као со Германија и Шпанија. Ќе биде многу тешко за Хрватска, ама па ова е полуфинале и многу е важно како ќе почне натпреварот, нормално тука се и неизбежните судии во ракометот и ред други работи. За другото полуфинале типувам на Шпанија, иако и Словенија се покажа како цврст противник. Сепак мислам дека Шпанија е посилна репка и ќе помине у финале. Не очекуваат одлични 2 полуфиналиња. Јас лично навивам за Хрватска, као што кажав претходно заради Кара и Циндра, пред се за Кара. Многу би сакал да го крене пехарот, и по фантастичните 2 клупски европски да ја додаде и репрезентативната круна, што секако би било врв во неговата кариера. Дечкото го заслужува тоа.