Не е баш дека немаа шанса, барем во првото полувреме неколку пати убаво комбинираа и имаа прилики, поготово преку Ансу Фати, ама завршницата најчесто беше лоша и неколку пати се заврши и без удар на гол. Далеку е ова од најдоброто од Барса, ама глупава е споредбата со Валверде дека овие утакмици лагано ги добивале со 5-1, меѓудругото и лани со Гранада заврши со истиот резултат на Камп Ноу. На Барса и беше потребна промена, свежина, нова енергија, бидејки со Валверде немаше никаков напредок и тапкаа во место, има новини во играта и се врати малку препознатливиот стил кој го имаа и кој се изгуби последниве неколку години, ама рано е да оценуваме. Не сум најубеден дека Сетиен е правиот човек за Барса, ама има позитивни промени во играта и во најмала рака ќе гледаме позабавни натпревари
Инаку, баш ме интересира статистика за претрчани километри, пред се од Бускетс и Меси, и споредба со просекот од досегашниот дел од сезоната, па и прошлите сезона-две. И да, овој среден ред не може да се носи со денешниот модерен фудбал, Ракитиќ и Бускетс се прееееспорти и тромави, ме интересира како би изгледала Барса со Де Јонг и Артур во средината, и Дембеле на местото на Фати