Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен си ја утнал работата ако мислиш дека документарната е за мед
Јас мислам дека се големи шансите Honeyland да земе Оскар. Не сум го гледал, али не гледам документарци освен ако не се на тема што ме интересира. Не дека не ме интересира мед, али повеќе би се информирал на друг начин него да гледам документарец за мед.

Мислам дека може да земе поради тоа што гледам има добар позитивен одзив од филмската индустрија кон Honeyland.
 
За Ханиленд, вчера уз пиво расправа со двајца уметници.
Му пожелувам да лапне оскар/и кога веќе е номиниран. Но имам еден проблем од практична природа.
Се бавам за среќа со професија каде клиентите се често од странство. На една скајп конференција, тројца колеги седиме на кауч камерата на ЛЦД-то ставена и почнуваме.
Првиот муабет на клиентите беше "оу ју хев софас?"
На тоа одговорив "ноу дис из онли а проп, дис волс ар нот ријл, итс онли а стејџ, ви хев ту гајс ранинг он бајсиклс ту генерејт електрисити."
Па станува и проблем кога ќе им каеш цена "вај ар ју соу експенсив, изнт јор кантри вери пур?"
Едвај чекам ние да направиме серија како Dark, филмскиот фонд да финансира нешто како Love death and robots.
Доедка си правиме суштински уметнички филмови, уметникот ко да не знае да игра шах, имиџот на земјава не го зема во обзир.
Па кога веќе Ханиленд го виде цел свет, за мене штетата веќе е направена, нека лапне и оскар.
Ако има меѓу вас филммејкери, ве молам почнете да играте и шах.

Ваљда си озбилен според другите коментари пошто малце надреален муабет ми е мене дека некој го гледал филмов и одма тоа го помислил за државата..

Ех, ок е тоа...ама...каков филм мислиш дека може да направиме што би добил номинација за Оскар, а притоа да се покаже некоја јака слика за Македонија?


Еве и да смислиш нешто...
Пак ни е тапа државата.

Да го направиш најјакото нешто од државата и да го склопиш во едно видео...пак луѓето ќе видат нешто што има на други места во подобри варијанти

Башка:

УМЕТНОСТА! НЕ! СМЕЕ! ДА! СЕ! СВЕДУВА! НА! ЈАВНА! СЛУЖБА!

Се сложувам со ова, фала богу нема сегае некој да мисли "Еј, ама што ќе кажат комшиите? Па што ќе помислат овие? Па овие??"

Јбг, филм е.

Не се нашиве криви што американците и светот е глуп и одма тоа така си го поврзува..

Ете, викам надреално..а имам прочитанао коментари од фанови дека "Немало руси во новиот Black Widow, пошто реално немало ептен руси што знаат англиски.."

така да...ако тоа го мислат за Русија...што и да направиш за државава луѓето пак ќе мислат дека сме отепани :D

И да направиш бејзик инстинкт филм луѓето ќе речат "Хеј мај френд, ар ју мерид? Јес? Уау, ај тот еври уоман ин Маседоунија уос крејзи?"

така да јбг, не е битно тоа, тие сами ќе си сфатат бидејќи веќе мислат дека Македонија е Иран и се наоѓа у Африка пошто..што има повеќе да знаат, доста е и ова :D Најверојатно перцепцијата им е дека Босна во моментов е буквално ко Афганистан и никад не се поправиле од војната :D

Ако ништо друго...баш плус поени се ова за нас бе.

Си мислат отепани сме...и после тоа се ќе им биде само плус.

Башка ако ти кажат дека сме сиромашна земја ко местото на Атиџе..

Кажи им дека е тоа вистина и ти си меѓу тројцата луѓе у цела држава штои имаат интернет, и ако сакаат да продлжат со тебе треба да сфатат со каков национален гениј си имаат работа и треба повеќе да те плаќаат! :D :D


Бреј, јако видео, вака кога го гледам оптимист сум за оскаров..не знам зашто ама така позитивна енергија ми има видеово <3
 
Имаше Синоличка Трпкова пишано мислење (парафразирано): се надевам дека вака размислувате и за филмовите од изминативе петнаесетина години кои добиваа милионски суми од фондот, а не успеаја да отидат подалеку од Табановце. Дечкиве имале идеја, имале визија и за многу малку пари од кои речиси ич од фондот (ОК де, знам дека добија, ама неспоредливо помалце со било кој долгометражен игран) успеаја да освојат купишта награди и да добијат 2 номинации за Оскар. Па уште има некој газ да рече дека не ја претставувале државата во вистинско светло. My ass! Во какво светло ја претставуваа Теоните, Столевците и Бојаџиевците од минатото, како арамиска држава? Зашто да добиеш толкава сума на пари од државата за производство на ГОМНО, не претставува ништо друго освен да прикажеш дека те бива за лажење, измама и крадење.

И, don't feed the trolls, please!
 
Јас сеуште неможам да замислам дека има луѓе кои не разликуваат документарен со игран филм... онаа што пишала, кај ја нашле Атиџе, можеле некоја друга да клават :LOL:


Инаку мислам дека филмов е сниман во Бекирлија, сега веќе пусто село кое порано било полно со турци.
 
Со Ханиленд влегуваме јако на филмската уметност, многу ретко ваѓаме филмови наши кои се квалитетни, а не па собирање награди на интернационално ниво. Сакам оскар да си добие екипата и да им се курчиме на шлајмот холивудски.

Него да си кажам мислење, Yesterday е богохулие и тешко срање некогаш направено во врска со Битлси. Кикс голем на Бојл.
 
Со Ханиленд влегуваме јако на филмската уметност, многу ретко ваѓаме филмови наши кои се квалитетни, а не па собирање награди на интернационално ниво. Сакам оскар да си добие екипата и да им се курчиме на шлајмот холивудски.

Него да си кажам мислење, Yesterday е богохулие и тешко срање некогаш направено во врска со Битлси. Кикс голем на Бојл.
Во холивуд ич не им влегуваш со ханиленд, но ти го разбирам хајпот.

Мислиш дека нешто им покажуваме?
Милчо после номинацијата не успеа да сними-доврши филм таму, а нели му дадоа....

Плус Милчо никогаш не направи нешто подобро од Пред Дождот...

Исто и сестрите Вачовски после Матрикс.

Тоа е проклетство на брзиот ран успех, истото се плашам дека и на овие автори кје им се случи.

Најпаметно исто ко Молчо фестивалските контакти да ги искористат веднаш да си обезбедат професорско место надвор од државата, а понатака филмови да прават од хоби.
Автоматски споено мислење:

@Zlatikevichius дали пратиш колку време помона?
 
Никаде не пишав дека им влегуваме во холивуд.
Со евентуално освојување на оскар можеби ќе трепкаме повеќе на мапата кога станува збор за филмската уметност.

А за тоа во каков правец ќе им оди кариерата на екипата од Ханиленд си зависи од нив. :)
 
овој филм го номинирале за оскар? рандом караница не некој пар да снимиш ќе испадне некоја боља прича него ова
 
овој филм го номинирале за оскар? рандом караница не некој пар да снимиш ќе испадне некоја боља прича него ова
Не знам како не си го разбрал. Многу едноставен е за разбирање.

:pos:
 
Не знам како не си го разбрал. Многу едноставен е за разбирање.

:pos:

Нема што да се разбере, ја гледав оваа сцена и ми беше доволно. Иначе уште чекам ти да пишеш за филмот, рече ќе пишеш нешто околу тоа.
 
Once upon a time:
Зар толку ли е тешко да се разбере филмов стварно не ми е јасно

Имаше нешто што треба да се разбере?



Marriage Story:
Не знам како не си го разбрал. Многу едноставен е за разбирање.

Нема што да се разбере

Ме мачи како не можеш да разбереш толку едноставна сцена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom