Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Е да, стравот дека ќе нема доволно храна беше поголем ;)
Инаку ова се должи на поголемата снабденост и понуда во денешно време и фактот дека семејствата се со помалку членови!
Порано јас купував цело свињче од 100-120 кила и морав да имам голем замрзнувач. Сега само двајца сме и си купуваме по 2-3 кила месо месечно, доволно!
Сега нашето куче има поголем замрзнувач отколку ние :)

Во СФРЈ најпроизведувани беа замрзнувачите од Gorenje од 400 - 450l. Сега тие се произведуваат во многу мал број. За неколку години скроз ќе престанат да се произведуваат... Бидејќи од многу стандард сега што имаат сите бивши ЈУ - републики. Или шо е работава можеби немаат место во домот бидејќи поседуваат ептен многу скапи работи со цени десетици пати поскапи од замрзнувачот???

Големи замрзнувачи се произведуваат во многу мал број заради слабата побарувачка за такви уреди. Во денешно време во секоја урбана средина има доволно супермаркети и локални продавници што се далеку поснабдени од тие во СФРЈ, па луѓето немаат потреба од чување толку храна по дома.

Пример, во Скопје во радиус од 1000 метри (10 минути пешки) имам: Тинекс, Стокомак, Веро, Рамстор, Кам, Гранап, Зур, КитГо, неколку помали продавници, плус две пазарчиња.
Охрид е 3.3км од крај до крај, супермаркет има на максимум 5 минути од кај и да си (Тамаро, СтопШоп, Кам, Тинекс, Рамстор), плус неколку продавници што работат 24/7.
Велес има Жито и Кам. Ресен има Кам. Валандово има Жито и Кам. Македонска Каменица има Жито и КитГо.
Има супермаркети низ цела држава (овие што ги набројав, плус Жито, Кипер, Дон, Миса и уште еден куп други ....) како и локални продавници.

И голем дел луѓето што живеат во околните села скоро секој ден се во градовите, (вработени, по обврски, на пазар или онака), па и тие пазарат така.

Купувачи на тие замрзнувачи претежно се луѓе кои имаат што и зошто да замрзнат (производи од сопствено производство, купување поголема количина месо, живеење подалеку од поголемо населено место).
Зошто јас да чувам замрзнати работи кога маркетот го прави тоа место мене.

Истиот муабет е и со зимницата. Порано се ставала зимница за да се зачуваат производите што немале долг век на траење за да може да се помине зимата. Сега имаме скоро се што е потребно во било кое годишно време.
Во некои маркети дури и теглата вреди повеќе од нето производот.

Квалитетот на живот во однос на исхраната и начинот на чување е многу подобрен во однос на тоа што беше во СФРЈ.
 
Во право си, не дека не си. Сега на секој агол има маркет или продавнничка. Ама тоа замрзнато месо што го купуваш којзнае колку пати е замрзнувано и размрзнувано додека да пристигне од Кина или Америка. Пилешки батаци за 60 денари килограм. Каде го има тоа? И зошто сите се леви (или десни, не се сеќавам)? Сите сувомесни производи сега немаат никаков квалитет ниту контрола. Целиот отпад е таму. Затоа е добар замрзнувач, купуваш половина теле и знаеш што јадеш. Затоа јас не можам да се согласам дека квалитетот на животот сега е подобар (уште ако почнеме за загаденоста на воздухот...).
 
Порано зимниците имале кратко време на траење бидејќи немале воопшто хемии. Денес производите траат подолго време бидејќи имаат еден куп хемии (адитиви, конзерванси, емулгатори, згуснувачи, засладувачи, подобрувачи, аскорбински киселини). Значи да знаеш: Нештото ако трае кратко во него нема никакви хемии, а нештото ако трае долго време во него има еден куп хемии...

Квалитетот на храната некогаш и сега:

Порано овошјето, зеленчукот, беа 100% природни домашно произведени како за своја душа. Прскана 2 - 3 пати годишно со природни средства.
А сега прскани едно 15-16 пати со разни хербициди, фунгициди...

Добитокот порано беше ранет со природна храна.

А сега земаме месо од супермаркетите, месарниците месо од Аргентина, Бразил, Перу, Чиле настегано со хормони за брз раст од теле цицалче за 3 месеци се претвора во бик...
 
Не викам дека замрзнувач е лоша работа, само дека потребата за таков уред драстично опадна.

Секогаш важи правилото колку пари толку музика, односно кај храната односот цена/квалитет.
Но сега имаш многу поголем избор па некои работи може да бидат и со послаб квалитет.
Затоа имаш пилешко од 60 до 350 денари за килограм со избор во однос на цена, земја на потекло, свежо или замрзнато ...
Во однос на контрола на производите, поскапите и поквалитетни производи од поголемиот дел на западниот свет се подложни на многу построги контроли и стандарди отколку порано.

Но пак ќе кажам, добрата работа сега е во тоа што се има избор: ако сакаш пола теле, слободно купи и теле и замрзнувач, а ако немаш толкава потреба супермаркетот врши работа. Во Југославија воопшто немаше таква дилема.

Ако земеш пола теле, цело време ќе јадеш замрзнато месо, што не е лошо, но понекогаш има и потреба од свежо месо, па тука е супермаркетот или локалната месара.

А муабетот за квалитетот на живот ми беше во однос на храната:
Квалитетот на живот во однос на исхраната и начинот на чување е многу подобрен во однос на тоа што беше во СФРЈ.

Порано зимниците имале кратко време на траење бидејќи немале воопшто хемии. Денес производите траат подолго време бидејќи имаат еден куп хемии (адитиви, конзерванси, емулгатори, згуснувачи, засладувачи, подобрувачи, аскорбински киселини). Значи да знаеш: Нештото ако трае кратко во него нема никакви хемии, а нештото ако трае долго време во него има еден куп хемии...
Квалитетот на храната некогаш и сега:
Порано овошјето, зеленчукот, беа 100% природни домашно произведени како за своја душа. Прскана 2 - 3 пати годишно со природни средства.
А сега прскани едно 15-16 пати со разни хербициди, фунгициди...
Добитокот порано беше ранет со природна храна.
А сега земаме месо од супермаркетите, месарниците месо од Аргентина, Бразил, Перу, Чиле настегано со хормони за брз раст од теле цицалче за 3 месеци се претвора во бик...
Зимницата без хемија воопшто нема кратко време на траење.
Природни конзерванси се сол (пример кисела зелка), шеќер (слатко, мармалад), киселина/оцет, или воопшто ништо, само зовриени тегли да се створи ваакум (компоти).
Најраспространетиот конзерванс, аскорбинската киселина е најобичен Витамин Ц, што го има во секој зеленчук или овошје, а како неиозолиран и природен намногу се користи во облик на лимонов сок.

Нема врска дека ако нештото трае кратко време значи дека во него нема хемии, ниту дека ако трае долго време има еден куп хемии.
Слободно можам да ти отворам тегла домашно слатко варено само со шеќер од пред 10 години и да не му фали ништо.

Порано овошјето и зеленчукот исто така беа прскани со хемија (вар, син камен, чист сулфур ...).
Добитокот беше ранет во зависност од развиеноста на сточарството во регионот. Имало и реони каде овците се носеле на долг период во планина, и реони на затворени фарми за свињи и говеда.

Пак ќе кажам, добрата работа и разликата меѓу порано и сега е изборот. Ако сакаш природно, може да најдеш. Ако сакаш поефтино, исто така. Квалитетно, исто.
Свежо, замрзнато, пилешко, свинско, телешко, говедско, јагнешко, мисиркино, паткино... во секое време на секое место.
 
Во СФРЈ најпроизведувани беа замрзнувачите од Gorenje од 400 - 450l. Сега тие се произведуваат во многу мал број. За неколку години скроз ќе престанат да се произведуваат... Бидејќи од многу стандард сега што имаат сите бивши ЈУ - републики. Или шо е работава можеби немаат место во домот бидејќи поседуваат ептен многу скапи работи со цени десетици пати поскапи од замрзнувачот???
Која е потребата од 400 литри замрзнувач? Што ќе складираш внатре? Ист е вкусот на нештото кога е свежо и кога 6 месеци било замрзнато заедно со триста други работи во тие фамозните југословенски замрзнувачи?
 
Потребата е да се складира прасето тазе заклано, рането со регуларна храна без одмрзни замрзни од Бразил и без хормони и помии. Или полутката од синдикат.
Затоа сега чварки у продавница се двојно поскапи од чисто месо, негде и тројно. Као кавијар испаднаа. И купувањето месо е како лутрија. Не знаеш што купуваш. Во еден ланец продавници сами вработени кажуваа дека ги потопувале во нитратни некои раствори за месото да изгледа тазе и светло црвено. Е јбг.
 
A koj sega ve sprecuva da si kupite prase i da si go izgledate , da si go hranite so najprirodna hrana, da si go zakolite i da si go skladirate vo friziderot od 400L osven toa sto treba da se vratite na selo posto malce e nezgodno da se cuva prase vo gradot. Frizider od 400L veruvam moze da se najde i da se kupi ako vekje nemate.
 
Kakva bre SFRJ šo zborite togaš živeevme u kolibi i šatori i epten mi beše slab internetot na lap-topot, a na smartfonot edvaj fakav wifi signal. Komunistite ni pravea restrikcii, ne restrikcii na struja ili voda, tuku ni gi gasea namerno internetot, kablovskata i mobilnata telefonija jbg ednoumie komunističko. Strašni i loši vreminja bea toa, se sekavam u celo maalo site vozea stokecovci, jugovci, fićovci, pezetki, polonezi... a samo jas lamborghini i site me gledaa ko da sum nekoj izguben stranec zapadnjak kapitalist na sred socijalistički Balkan, samo jas imav laptop, smartphone i moderen smart tv jbg a drugite edvaj imaa radivce i od onie stari ogromni televizori od E.I. Niš ... eh vreminja !
 
Во право си, не дека не си. Сега на секој агол има маркет или продавнничка. Ама тоа замрзнато месо што го купуваш којзнае колку пати е замрзнувано и размрзнувано додека да пристигне од Кина или Америка. Пилешки батаци за 60 денари килограм. Каде го има тоа? И зошто сите се леви (или десни, не се сеќавам)? Сите сувомесни производи сега немаат никаков квалитет ниту контрола. Целиот отпад е таму. Затоа е добар замрзнувач, купуваш половина теле и знаеш што јадеш. Затоа јас не можам да се согласам дека квалитетот на животот сега е подобар (уште ако почнеме за загаденоста на воздухот...).
А ова се случува оти се распадна Југославија а не оти цел свет функционира така со глобализацијата.

Уште малку и ќе прочитам дека воздухот сега е загаден оти Тито умрел.
 
Епа за полнење замрзнувач, освен тоа што треба да се вратиме, не во село него во куќите во градот, па да купиме ниви, па да ги побиеме митовите за здрава храна па да собереме доволно пари за да купиме свињи...Други се околностите, друг е начин на живот, други се плати и синдикати. Пред зграда да дерам свиња и да пржам крезли и чварки, некако не иде.
 
А ова се случува оти се распадна Југославија а не оти цел свет функционира така со глобализацијата.

Уште малку и ќе прочитам дека воздухот сега е загаден оти Тито умрел.
Те молам престани постојано да ја свртуваш темата во погрешен правец. Насловот е дали подобро се живееше (за тебе треба да биде дали подобро се ЖИВЕЕЛО бидејќи ти не знаеш како се живееше тогаш) и овде не дискутираме дали и зошто се распадна Југославија.
А зошто сега толку е загаден воздухот, самиот најди си одговор. Факт е дека сега Скопје е многу позагадено од осумдесетите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom