- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.440
- Поени од реакции
- 26.732
Ти и да читаш не знаеш...Те „донесов до ѕид“ и на ова сега немаш друг коментар???
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ти и да читаш не знаеш...Те „донесов до ѕид“ и на ова сега немаш друг коментар???
Па не знам, ама само конкретно кон тебе, иначе за другите не ми е проблем...Ти и да читаш не знаеш...
Е да, стравот дека ќе нема доволно храна беше поголем
Инаку ова се должи на поголемата снабденост и понуда во денешно време и фактот дека семејствата се со помалку членови!
Порано јас купував цело свињче од 100-120 кила и морав да имам голем замрзнувач. Сега само двајца сме и си купуваме по 2-3 кила месо месечно, доволно!
Сега нашето куче има поголем замрзнувач отколку ние![]()
Во СФРЈ најпроизведувани беа замрзнувачите од Gorenje од 400 - 450l. Сега тие се произведуваат во многу мал број. За неколку години скроз ќе престанат да се произведуваат... Бидејќи од многу стандард сега што имаат сите бивши ЈУ - републики. Или шо е работава можеби немаат место во домот бидејќи поседуваат ептен многу скапи работи со цени десетици пати поскапи од замрзнувачот???
Во право си, не дека не си. Сега на секој агол има маркет или продавнничка. Ама тоа замрзнато месо што го купуваш којзнае колку пати е замрзнувано и размрзнувано додека да пристигне од Кина или Америка. Пилешки батаци за 60 денари килограм. Каде го има тоа? И зошто сите се леви (или десни, не се сеќавам)? Сите сувомесни производи сега немаат никаков квалитет ниту контрола. Целиот отпад е таму. Затоа е добар замрзнувач, купуваш половина теле и знаеш што јадеш. Затоа јас не можам да се согласам дека квалитетот на животот сега е подобар (уште ако почнеме за загаденоста на воздухот...).Големи замрзнувачи се произведуваат во многу мал број заради слабата побарувачка за такви уреди. Во денешно време во секоја урбана средина има доволно супермаркети и локални продавници што се далеку поснабдени од тие во СФРЈ, па луѓето немаат потреба од чување толку храна по дома.
Пример, во Скопје во радиус од 1000 метри (10 минути пешки) имам: Тинекс, Стокомак, Веро, Рамстор, Кам, Гранап, Зур, КитГо, неколку помали продавници, плус две пазарчиња.
Охрид е 3.3км од крај до крај, супермаркет има на максимум 5 минути од кај и да си (Тамаро, СтопШоп, Кам, Тинекс, Рамстор), плус неколку продавници што работат 24/7.
Велес има Жито и Кам. Ресен има Кам. Валандово има Жито и Кам. Македонска Каменица има Жито и КитГо.
Има супермаркети низ цела држава (овие што ги набројав, плус Жито, Кипер, Дон, Миса и уште еден куп други ....) како и локални продавници.
И голем дел луѓето што живеат во околните села скоро секој ден се во градовите, (вработени, по обврски, на пазар или онака), па и тие пазарат така.
Купувачи на тие замрзнувачи претежно се луѓе кои имаат што и зошто да замрзнат (производи од сопствено производство, купување поголема количина месо, живеење подалеку од поголемо населено место).
Зошто јас да чувам замрзнати работи кога маркетот го прави тоа место мене.
Истиот муабет е и со зимницата. Порано се ставала зимница за да се зачуваат производите што немале долг век на траење за да може да се помине зимата. Сега имаме скоро се што е потребно во било кое годишно време.
Во некои маркети дури и теглата вреди повеќе од нето производот.
Квалитетот на живот во однос на исхраната и начинот на чување е многу подобрен во однос на тоа што беше во СФРЈ.
Порано зимниците имале кратко време на траење бидејќи немале воопшто хемии. Денес производите траат подолго време бидејќи имаат еден куп хемии (адитиви, конзерванси, емулгатори, згуснувачи, засладувачи, подобрувачи, аскорбински киселини). Значи да знаеш: Нештото ако трае кратко во него нема никакви хемии, а нештото ако трае долго време во него има еден куп хемии...Истиот муабет е и со зимницата. Порано се ставала зимница за да се зачуваат производите што немале долг век на траење за да може да се помине зимата. Сега имаме скоро се што е потребно во било кое годишно време.
Во некои маркети дури и теглата вреди повеќе од нето производот.
Квалитетот на живот во однос на исхраната и начинот на чување е многу подобрен во однос на тоа што беше во СФРЈ.
Не викам дека замрзнувач е лоша работа, само дека потребата за таков уред драстично опадна.Во право си, не дека не си. Сега на секој агол има маркет или продавнничка. Ама тоа замрзнато месо што го купуваш којзнае колку пати е замрзнувано и размрзнувано додека да пристигне од Кина или Америка. Пилешки батаци за 60 денари килограм. Каде го има тоа? И зошто сите се леви (или десни, не се сеќавам)? Сите сувомесни производи сега немаат никаков квалитет ниту контрола. Целиот отпад е таму. Затоа е добар замрзнувач, купуваш половина теле и знаеш што јадеш. Затоа јас не можам да се согласам дека квалитетот на животот сега е подобар (уште ако почнеме за загаденоста на воздухот...).
Квалитетот на живот во однос на исхраната и начинот на чување е многу подобрен во однос на тоа што беше во СФРЈ.
Зимницата без хемија воопшто нема кратко време на траење.Порано зимниците имале кратко време на траење бидејќи немале воопшто хемии. Денес производите траат подолго време бидејќи имаат еден куп хемии (адитиви, конзерванси, емулгатори, згуснувачи, засладувачи, подобрувачи, аскорбински киселини). Значи да знаеш: Нештото ако трае кратко во него нема никакви хемии, а нештото ако трае долго време во него има еден куп хемии...
Квалитетот на храната некогаш и сега:
Порано овошјето, зеленчукот, беа 100% природни домашно произведени како за своја душа. Прскана 2 - 3 пати годишно со природни средства.
А сега прскани едно 15-16 пати со разни хербициди, фунгициди...
Добитокот порано беше ранет со природна храна.
А сега земаме месо од супермаркетите, месарниците месо од Аргентина, Бразил, Перу, Чиле настегано со хормони за брз раст од теле цицалче за 3 месеци се претвора во бик...
Која е потребата од 400 литри замрзнувач? Што ќе складираш внатре? Ист е вкусот на нештото кога е свежо и кога 6 месеци било замрзнато заедно со триста други работи во тие фамозните југословенски замрзнувачи?Во СФРЈ најпроизведувани беа замрзнувачите од Gorenje од 400 - 450l. Сега тие се произведуваат во многу мал број. За неколку години скроз ќе престанат да се произведуваат... Бидејќи од многу стандард сега што имаат сите бивши ЈУ - републики. Или шо е работава можеби немаат место во домот бидејќи поседуваат ептен многу скапи работи со цени десетици пати поскапи од замрзнувачот???
А ова се случува оти се распадна Југославија а не оти цел свет функционира така со глобализацијата.Во право си, не дека не си. Сега на секој агол има маркет или продавнничка. Ама тоа замрзнато месо што го купуваш којзнае колку пати е замрзнувано и размрзнувано додека да пристигне од Кина или Америка. Пилешки батаци за 60 денари килограм. Каде го има тоа? И зошто сите се леви (или десни, не се сеќавам)? Сите сувомесни производи сега немаат никаков квалитет ниту контрола. Целиот отпад е таму. Затоа е добар замрзнувач, купуваш половина теле и знаеш што јадеш. Затоа јас не можам да се согласам дека квалитетот на животот сега е подобар (уште ако почнеме за загаденоста на воздухот...).
Те молам престани постојано да ја свртуваш темата во погрешен правец. Насловот е дали подобро се живееше (за тебе треба да биде дали подобро се ЖИВЕЕЛО бидејќи ти не знаеш како се живееше тогаш) и овде не дискутираме дали и зошто се распадна Југославија.А ова се случува оти се распадна Југославија а не оти цел свет функционира така со глобализацијата.
Уште малку и ќе прочитам дека воздухот сега е загаден оти Тито умрел.