Се сложувам во тоа што подметнување пожари и јас го гледам како мање-више апсолутно зло.
Заклучок:
Стварно веќе државите треба да се замислат и да донесат ригорозни закони,да се стави крај на ова лудило!
Како замислуваш закони кои би ставиле крај на подметнување пожари?
Закони да има камери насекаде и све се мониторира во подрачјата каде може да се шират пожари ... како што се шуми? И високи треви, и грмушки?
човечката злоба и поквареност зеде веќе загрижувачки размери.
Пожари од големи размери можат да предизвикаат и малкумина.
Тие малкумина може да се мотивирани и од загриженост од ширење на човековата злоба и поквареност кое е евидентно. Затоа би им се јавила желба да на јавноста се подигне свеста за ранливоста на природната средина. Со цел да се донесат закони
кои би поставиле строга еколошка диктатура.
Како што кај нас редовно се донесуваат забрани за посета на природа, за да се намали веројатноста од подметнување пожари.
И како резултат на такви закони, а изгледа тие се единствените применливи и продуктивни против проблемот на пожари, секој човек ќе си чами меѓу четири ѕида или се шета по некои сиви улици.
И со тоа ќе се зголеми злобата.
Злобата во човек, суштество чии гени се едни исти, може да се зголемува само заради условите. т.е. околностите наши.
Тие се најмногу одредени од организациите човекови. Оние од кои очекуваме да најдат чаре. Не знам кое е тука решението, ама треба да вклучи тоа да се разгледаат нашите односи и ставови во детаљи, како што во физика се разгледуваат односи меѓу нуклеарни честички.
И сега морам да си признаам дека и самиот погоре згрешив, у ствари нон-стоп грешам, и тоа во некои од моите најсилни чувства. На пример, јас мразам пожари од дно на душа, а научниците пожари редовни
дури и нивно намерно поттикнување, препорачуваат, за да се избегнело натрупување на органска маса >> суперпожари.