Дизел мотори: предности и мани

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
...Уште нешто корисно што можам да кажам е дека нашата нафта е посна така да кај старите дизел машини со бош пумпа се појавува проблем при подмачкувањето, затоа пожелно е барем малце масло за подмачкување да се стави во нафтата за да биде помрсна со што ќе го зголемиш векот на бош пумпата која е срцето кај дизел моторите!

Покрај адитив, може слободно да се користи и двотактол, само треба мала количина :)
 
Пак не ми даваш доволно информации. :) Пат од каде до Скопје? Отворен автопат, комбиниран или селски пат? :smir:
 
Ти да не имаш кола на едра па на 300 КМ штедиш по 1.000 денари?
Па имав Даево Рејсер што трошеше 1800 денари на 300 км, сеа оваа троши околу 900/1000 денари, заокружени бројки, во зависност некогаш повеќе некогаш помалку.
 
Па имав Даево Рејсер што трошеше 1800 денари на 300 км, сеа оваа троши околу 900/1000 денари, заокружени бројки, во зависност некогаш повеќе некогаш помалку.
Еве ја мојата математика, јас од Струмица до Скопје и назад имам од 300-320 КМ, зависи колку ќе возам низ Скопје а трошам најмногу 20 литра нафта, нели е тоа 1.000 денари?
Можам да потрошам и повеќе ама ако наместо 100 KM/H возам 130-140 KM/H.
Горивото го троши возачот а не моторот :smir:
 
ај едно прашање можда некој знае да ми одговори
во врска со црвената нафта онаа за домаќинство
забранета е за употреба во моторни возила
е сега ИМА НЕКОЈА БОЈА СТО СЕ СТАВА ВО МНОГУ МАЛА КОЛИЧИНА ВО ЕДЕН ТОН ЦРВЕНА НАФТА И НАФТАТА ДОБИВА ИСТА БОЈА КАКО ШТО Е НОРМАЛНА ЗА МОТОРНИ ДИЗЕЛ ВОЗИЛА Е ГУБИ ЦРВЕНАТА БОЈА И ДОБИВА НОРМАЛНА
да не знае некој кај може да се набави таква боја изгледа е и многу скапа а таа боја е наменета за фарбање на моторно уље се користи во индустрија
 
''Од кај си толку сигурен?"
Ко прво имам видено дека чурат
Ко второ тие се нови коли и така да филтерот е нов значи не е до филтерот ако според тебе филтерот треба да се мења на пола година тоа е друга работа.
 
''Од кај си толку сигурен?"
Ко прво имам видено дека чурат
Ко второ тие се нови коли и така да филтерот е нов значи не е до филтерот ако според тебе филтерот треба да се мења на пола година тоа е друга работа.
Ме тераш сега да ти објаснувам на безобразен начин: Да ти стават тапа в газ ќе може ли да прднеш?
Така и автомобилите, ако им набиеш гас до даска како нема да димат кога не можат да го согорат целото гориво што влегло во моторот, тој црн дим е од зор а не од арно!
 
Дека димот се создава од несогорена нафта е точно. Најжесто поради голема количина не се распрснува во пополност и пред да согори доага до клипот каде поради тој што е жежок се создава хемиска реакција само не ми текнува каква беше ( за тие сто знаат имам присуствувано на правење CFD симулација мислам дека беше за мерцедес камион при различни услови на согорување)
Башка имам и BMW 525tds чим почне да дими ги "чистам" дизните и се намалува димот.
 
Се сложувам со тебе дека треба да се мења филтерот не викам не ама ај ти кажи која е причината шо чадат нови коли, а за чадење чадат
П.С-Извини за спориот одговор
 
Се сложувам со тебе дека треба да се мења филтерот не викам не ама ај ти кажи која е причината шо чадат нови коли, а за чадење чадат
П.С-Извини за спориот одговор
Види вака, има повеќе фактори за чадење на возилото. Најголем е квалитетот на горивото. Ако користиш неквалитетно гориво, што содржи вода дизните кородираат, и автоматски се нарушува системот за вбризгување на горивото. Згора на тоа, горивото не согорува 100% па чадот ете од каде доаѓа.

п.с. Дизелите најчесто чадат кога се оптеретени.

п.п.с. Шо се замарате со чадењето на моторот? Ако сака камења нека фрла низ ауспух, конкретно мене воопшто тоа не ми смета, битно ми е да оди и да има мала потрошувачка, посекако црниот чад го има на 90% од дизел возилата.
 
Е за чадење чадат поготово под јако оптеретување мене не ми смета дури и некако дава ефекат, кај што има чад има и оган :) :vozbud:, но од друга страна тендеција за почисти издувни гасови тука е целата поента за да се одбегне чадењето (непотполно согорување).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom