Го земав birra bianca пред 2-3 недели. Пивото е добро, со тоа што високата цена е заради тоа што е импорт и е произведено во Италија, а не Романија или Бугарија. 119 денари за 0,5 веќе иде у рамки на луксузирање, посебно за имиња што не се у некоја врвна лига. Мислам дека кога оригиналните пива би доаѓале од матичните места на производство, би ги имале тие цени. Тоа се случува со Erdinger, Paulaner, Urqell и малку други, додека Beck's, Tuborg, Carlsberg и слични - мислам дека во Скопје пиеме бледи копии од истите, направени по приступачни цени во локални пивари, на кои им е ебан брендот. Комерцијалата како и у секоја друга уметност - еба мајката.
Малку ја загледав Берта на Телма вчера и бев изненаден од нејзината репортажа за Корча, Албанија...прво као град, една супер-скоцкана чаршија (реконструирана со пари од ЕУ бтв, исчистена од кинеска роба, реклами, папучи, а полна со цвеќиња, вкусно одреден мебел за кафаните) и пиварата Корча. Не сум го пробал пивото додуша, меѓутоа по приказнава, чешки технолози (може маркетиншки ајде) ја прават рецептата. Си викам, еден Прилеп наш, што пука од историја, да не бевме ајвани као што сме, би бил на најмалку исто ниво, ако не и подобро....ама тоа се веќе теми у политика и психопатологија, а тука збориме за убави работи. Погледајте ја ако можете на youtube исл.