Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
каков фаул бајовци...дуел игра беше, и како што пиша некој погоре, Џонс летна така лесно оти го фатија на расчекор со една нога крената, и оти е теле невидено, не оти го бутнаа со сета сила..

можеше да ја гради топката, можеше да ја пуцне, да ја врати на голман, да направи бодичек, макар и фаул за Шефилд да досудија...и што направи телето? сите можни погрешни одлуки ги донесе..
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.763
Поени од реакции
9.548
Џонс во текот на цел дуел беше поблиску до топката од Мусет и таа беше под негова контрола. Мусет не ја одзеде прво топката, туку прво го исфрли од баланс (сликовитo ви објасни @vidooq за тие ситуации) и потоа ја освои топката. Значи дека имаше елементи да досуди фаул, имаше...Тоа што Џонс не смее во таква ситуација да си дозволи да испадни мало дете, не смее.

И играта со рака за последниот гол на Шефилд е дискутабилна. Рака во неприродна позција која влијаеше врз движењето топката да му легни на нога како што му легна. Минимален контакт е, но влијаеше врз движењето да му легни на нога за добар волеј.

Ние победата ја испуштивме со 70 минути никаква контрола врз играта. Среќа се случи колективен блесок на форот и психички пад на дефанзивата на Шефилд и дојдовме во игра.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Bla bla bla, faul e faul, raka e raka, ne e bitno kako sme igrale, sudiite ne ostetija so dva boda, po mene klucni za plasman ls.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.467
Поени од реакции
4.601
Играта со рака за последниот гол на Шефилд е дискутабилна. Рака во неприродна позција која влијаеше врз движењето топката да му легни на нога како што му легна. Минимален контакт е, но влијаеше врз движењето да му легни на нога за добар волеј.
Сериозно после 15 пати повторена снимка од различни кадри, тврдиш дека е рака? За фаулот не дискутирам, различно толкување и критериум на судијата. Џоунс падна премногу лесно, ама па и не значи дека е чист дуел, нити па дека е фаул у напад. Зависи од самата проценка на судијата :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.573
Поени од реакции
8.195

Истата рака во финале ЛШ беше пенал.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.763
Поени од реакции
9.548
Сериозно после 15 пати повторена снимка од различни кадри, тврдиш дека е рака? За фаулот не дискутирам, различно толкување и критериум на судијата. Џоунс падна премногу лесно, ама па и не значи дека е чист дуел, нити па дека е фаул у напад. Зависи од самата проценка на судијата :)
Дискутабилна ситуација е коментарот мој, со аргументи за. Зошто? Имаше минимален контакт со раката (топката е кај раката, а не на рамото) за да ја смири топката на начинот на кој ја смири и да му легни на нога. Значи аргументот ми е дека тој минимален контакт влијаел врз движењето и текот на топката, со оглед на тоа што раката му беше во неприродна позиција (не прилепена на телото). Исполнети се 2 критериуми за судење игра со рака во таква ситуација: раката е во неприродна позиција и контактот (без разлика дали е минимален или не) влијае врз текот на играта. Непристрасно го мислам ова...
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.467
Поени од реакции
4.601
Изгледа сум слеп, тоа што го видов јас беше чисто рамо, или ајде да кажам клучна коска...Не видов некаде да е под беџот од ПЛ, што значи дека отприлика таму натака е рака, таа висина. Не знам, поспорно е ситуацијата со Џоунс, него со таа рака. На прв поглед изглеаше ко да си ја смири со рака, но на снимката беше чисто рамо, според мене.
 
Замисли си да дадеше некој гол со тој дел од телото, сигурен си дека ќе до дозволеа?Ко за помош види ја сликата погоре.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.779
Поени од реакции
44.012
Апсолутно 300% различна ситуација
Прегледај го приврзокот 223317
Да ама у напад било каков допир на топката со рака се свири автоматски.

Како и да е, небитно. За мене искрено не вреди да се поништи гол, дури и 15 милиметри да била топката подолу од рамото. Џабе се дискутира за судиските одлуки на мечов, кога Јунајтед едноставно не беше на ниво. И со таква мизерија од игра во најоглемиот дел од мечот некако стигнаа до водство и пак не успејаа да го издржат, што само покажува дека тактички сме далеку од зрела екипа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Да ама у напад било каков допир на топката со рака се свири автоматски.
Баш дискутиравме пред некоја недела на темава. Е сеа, оваа слика што ликот ја има стаено не ја отсликува реалната ситуација, затоа што кога ја свртеа камерата од амфас, се виде дека го допира само во рамо а не на рака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom