Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Zdravo. Imam edno prashanje. Sakam da stavam VDSL internet od Neotel potochno paketot Neotrio 50/10 . Jas gi prashav da mi poobjasnat malce za brzinata dali kje bide priblizno ali ne objasnija neshto ubavo. Dali ima nekoj shto mozhe da mi dade informacija ?

Dali navistina kje bide barem priblizno 50 download i 10mbps upload ?

So pochit
Janko
Чим ти ќе ставаш VDSL интернет, ќе треба да ги прашаш првин за можност. А после тоа дали ќе можат да ти достават 50/10.
Најлош случај ако не ти ја достават посакуваната брзина ќе можеш да им се буниш ама мислам делка у глобала сите што отишле со VDSL ги добиле посакуваните брзини.
За поопширно за ова ќе прашаш експерти на форумот како @Dexter26 , или ќе им пишеш на Neotel на Messenger.
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
550
Поени од реакции
738
Kolku sto znam jas samo telekom nudi VDSL ili ima nesto novo i kaj Neotel!?

Neka me koregira nekoj ako gresam.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
Zdravo. Imam edno prashanje. Sakam da stavam VDSL internet od Neotel potochno paketot Neotrio 50/10 . Jas gi prashav da mi poobjasnat malce za brzinata dali kje bide priblizno ali ne objasnija neshto ubavo. Dali ima nekoj shto mozhe da mi dade informacija ?

Dali navistina kje bide barem priblizno 50 download i 10mbps upload ?

So pochit
Janko
Kolku sto znam jas samo telekom nudi VDSL ili ima nesto novo i kaj Neotel!?

Neka me koregira nekoj ako gresam.
Неотел нуди VDSL Интернет преку сопствената бакарна телекомуникациска мрежа, која е многу малку распространета и најверојатно нема повеќе да се проширува бидејќи активно работат на проширување на нивната оптичка телекомуникациска мрежа, па затоа таму каде што бакарната телекомуникациска мрежа на Неотел не е достапна, Неотел нуди VDSL Интернет преку бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Но основен предуслов за VDSL Интернет е адресата на корисникот да не е оддалечена на повеќе од 1.6 километри (1.600 метри) од локалната телекомуникациска централа на Неотел/Македонски Телеком, бидејќи после 1.6 километри (1.600 метри) оддалеченост DSL сигналот слабее и Интернет брзината се намалува на исто ниво како кај ADSL2+ Интернетот.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Заборавив да пишам, но минатата недела мислам четврток беше, накај 7:30 - 8:00 вечерта, Неотел имаа глобален проблем. Нормално јас од кога приметив веднаш исконтактирав.
Support бројот не им работеше, па им се јавив во салон, и ми рекоа дека за саат време ќе седеле, а можда и порано, дека пуштиле екипа на терен и дека веќе го средуваат проблемот. За неполни 20 минути после повикот интернетот се среди.

Исто така, у меѓувреме го прочепкав NeoTV за сурфање, гледање видеа и симнување апликации, и можам да кажам дека за таков уред со тиња спецификации не беше толку лошо.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Неотел се прошируваат:
Епаа минатата недела, Неотел го отворија својот прв салон. Ако не се грешам сега наместо преку пошта ќе се оди директно во салон за плаќање на сметки(за тие кој што живеат блиску до некој нивен салон), освен за тие што не живеат блиску до нивен салон, што значи дека ќе мораат само преку пошта.
Неколу дена подоцна, ги видов влечеа црева од страната позади пошта, кај нивната зграда, што значи дека веќе убаво имаат испланирано дека следнава година ќе одат со полна пареа.
 
Кои допирни точки ги имаат цревата со локацијата и методата на плаќање на сметките ?

Дали некогаш воопшто си плаќал сметки во банка или преку Интернет, односно преку електронско банкарство ?

Кој ти рекол дека сметките можат да се плаќаат само во салон или во пошта ?

И колку си запознаен со инфраструктурата за Неотел за да имаат било каква релевантност тие црева кај нивната зграда ?

Неотел веќе со години ги покрива Аеродром и Ново Лисиче со сопствената оптичка телекомуникациска мрежа и прашање на време е кога ќе ја покријат и твојата зграда, но тоа нема апсолутно никакви допирни точки со плаќањето на сметките, кои секогаш можат да се плаќаат во било која банка, без разлика дали корисникот има трансакциска сметка во таа банка и без разлика дали Неотел воопшто има трансакциска сметка во истата таа банка.

Точно, банката наплаќа провизија, особено ако и корисникот и Неотел воопшто немаат трансакциски сметки во таа банка, но сепак тоа не го менува фактот дека сметките секогаш можат да се плаќаат во било која банка, исто како и преку Интернет, односно преку електронско банкарство.
 
1:
Мислев на тоа дека поставуваат повеќе црвева во различни локации. Веќе кај што не ги сонуваш, ќе ги видиш дека копаат и местат (на места каде што нема нивна оптичка мрежа)
2:
Не, поради моите дома. Секако дека тоа е најдобар начин. Не е до мене проблемот.
3:
Кога правев договор ми беше кажано за сметки дека ќе треба само во пошта да ги плаќам јас, а не во салон. Но сега кога Неотел отворија лично нивен салон, ќе треба пак да прашам може ќе треба таму да се плаќа. Па така да како и за мене, така и за другите. Тие што живеат блиску до управната зграда на Неотел/Неоком, каде што и впрочем им е нивниот новоотворен салон (до сега за правење на договори се одеше во Неоком продажниот салон) најверојатно ќе треба таму да плаќаат сметки. Не ме фаќајте за збор, ќе прашам и ќе ви кажам.
Освен тоа секако најпрво ме прашаа дали сметките ќе ги плаќам електронски или не.
4:
Неверувам дека некој друг оператор ќе копа црева за да се проширува, или да се врзува кон други црева освен Неотел и тоа веднаш до нивната управна зграда. И тоа не е се. Ако прочиташ погоре ќе видиш слика од другата страна на нивната управна зграда, каде што се гледа исто така зацементирано земјиште, што значи или ја подновувале нивната веќепостоечка опрема, или се проширувале
5:
Да, Неотел уште од одамна, не само Аеродром туку и на други места имаат покриеност од нивната мрежа.
Сакаш верувај или не, има места и каде што нема. Ако не прочита погоре што сум пишувал од поодамна, еве ќе ти кажам.
2015 - та, Неотел имаа оптика во тц. Скопјанка (зградите), и Телеком исто така, но карши скопјанка кај мене немаа ни Телеком, ни Неотел. Сега ќе речеш можеле преку булевар ама не се нафатиле од нивни причини. Јас мислам бидејки ова е доста прометен булевар, и не само тоа, туку има и подземен премин кој што е полн со дуќани, а и верувам дека на секого би му сметало да бушат и да врзуваат кабли среде премин полн со дуќани.
Неотел дури во 2018 - та не поврзаа со оптика, сакаш верувај сакаш не, зграда на 500 метри оддалеченост од нивната управна зграда, зграда во која што живеат вработен (а), и шеф во Неоком не беше поврзана со оптика од Неотел. Јас сум корисник на оптичкиот интернет на Неотел, и ќе остане тоа така. Причините ги кажав.
6:
Поентата не ми беше тоа дали има врска плаќањето со нивната мрежа што нема никаква врска. Сакав да кажам дека и во двата погледа Неотел се шират, и стануваат се подостапни. Грешка си ме разбрал за тоа.
7:
Никаде не спомнав плаќање преку банка, прочитај ги 2, и 3.

Иначе, за тие што незнаат, или за тие што ги мрзи да сврат погоре и да прочитаат, летово бев во Неоком на фериална пракса во нивниот салон за поправка. Одличен тим, и доста работи научив. И многу сум им благодарен.
Самите како компанија се врв, и навистина успеаја да ме изненадат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.028
Поени од реакции
12.541
...

Ама изгледа сепак не си научил многу, бидејќи во спротивно не ќе пишуваше аматерски коментари како претходниот.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Ама изгледа сепак не си научил многу, бидејќи во спротивно не ќе пишуваше аматерски коментари како претходниот.
Не ми е мене зацртано (за разлика како тебе) да пишувам аматерски коментари нон стоп. И еве ќе признаам пред сите, не сум некој што знае се, нит па ќе бидам, а и немам никаква цел да пишувам повеќе како тебе или исто како тебе. Едноставно кога имам повеќе информации, и кога не ме мрзи пишувам тоа што знам. А и плус на телефон малце е потешко да пишувам нонстоп без да ми се заморат рацете.

Нејќам да те увредам, или нешто слично за тоа што го реков, туку сакам само да кажам дека јас сум таков а ти си таков, и убаво тоа ти што пишуваш така ( и ти се восхитувам, не само јас туку сите други овде на форумот), ама јас неможам како тебе. Продужи си ти како што си знаеш, јас ќе продужам како што си знам.
 
Поентата не е во тоа јас да продолжам по мое, а ти да продолжиш по твое.

Поентата е во тоа да извлечеш поука од грешките кои ги објавуваш во твоите коментари и да не ги повторуваш.

И јас го правам истото, не се секирај, не ни можам да се сметам себеси за совршен бидејќи не верувам во совршеност. Но верувам во учење од сопствените грешки и извлекување на поука од истите.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Неколу дена подоцна, ги видов влечеа црева од страната позади пошта, кај нивната зграда, што значи дека веќе убаво имаат испланирано дека следнава година ќе одат со полна пареа.
Не пушташе Неотел нови инсталации, пушташе Телеком :)
Сите оператори постојано ја шират мрежата, тоа е нормален процес :)
Нема потреба да се расправате, тука сме да споделуваме различни ставови и мислења.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Денеска Неотелци пак Глобален Проблем и едно 4 часа интернет немаше, и еве уште 2 дур да се опраи, DNS и такви ствари.
Ова им е втор пат веќе, но се надевам дека ќе си ја потсредат мрежата и датабазата, па во иднина помалце проблеми да има.
Веднаш ги исконтактирав и проблемот беше потврден.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.769
Поени од реакции
4.191
N

Neotelci ...ne znam Sk.kako e ama.nadvor od sk,vistina telijna ne.pravat ...postojano problem so kablite/optika/dns/toa sekojdnevie stana....isto taka pola kabelski niz Mk.zemaat preku neotel internet pa site go imaat istiot problem...
Posle portirajneto moe od neotel.na A1 peoblemite od sekojdnevni na 2 godisno se simnaa fala , imalo spas.!!
Btw,na rabota sme seuste preku neotel pa problemite se standardni ..sekoj dnevni/nedelni/mesecni....
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Денес гледајки телевизија ми стигна нотификација за некој си CineStar паќет, па бидејќи обично јас не се замарам со филмови на IPTV не ни го отворив. Ама убаво им текнало, ова заради вирусот знам.
Сепак @ts01 пиша дека неможело да се отвори, но еве сега од NeoTV апликацијата проверив и може. Се оди во опции и се активира тоа, а после за логирање ви испраќа на мејл. Ај баш утре ќе ѕирнам па ќе видам дали има нешто посебно. Инаку еве кај се оди и што искача:
Screenshot_20200313-233737_NeoTV.jpg Screenshot_20200313-233827_NeoTV.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom