2цм стиропор е идеално и често се става внатре на бетонски делови, столбови, греди и баџи. За да се намали губиток и оросување.
Ама кај тебе нели кровот беше проблем? Ако кровот ти дише, а верувам дише џабе. На кровот ти немаш опција за надворешна изолација, или имаш?
Низ ѕид тоооооолаку загуби да имаш е чудно. А и да имаш со 2цм стиропор се решава. И малку гипс. Ама јас се сомневам дека е тоа проблем. Кровот ти пушта од топлината и плус имаш некаде провев. По ивици ли, прозори ли, незнам. Дали кровот зеза.
Јас вака од тепка кај тебе само кровот би го средил со 10-15цм стиропор или тервол. Дали под ќерамида, дали сакаш над гипс под гипс небитно. Ама тука е проблемот. Тоа и едино некој прозор незадихтуван. А тоа не е скапо. И не е за цената конкретно туку за удобноста. Соба со загуби е многу неудобна. И да е со термо печка, е пак неудобна зошто се што е контра од печката ќе е ладничко.
Акрилен силикон НА СИТЕ МОЖНИ СПОЕВИ СЕКАДЕ, СЕКАДЕ, СЕКАДЕ. Значи од ивици, врати, меѓу плочи, прозори, ќошиња, се се се да сд помине. Тоа е прв и најважен чекор. Тек после тоа е изолација. После тоа ако мислиш дека е од ѕидот, стави 3цм стиропор ако е 12ка цигла. Или 2цм ако е 20ка. Најсигурно 3цм. Ако мислиш дека е од кровот 10цм на кровот. И ајт.