Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе се заврши бербата на лозје. - Ај со здравје да се пијет. И до година појќе.

Кога ќе се оди на визита/именден/куќна слава/селска слава. Ај честито име и догодина порадосни повесели. Ај догодина со неста. А кај тебе догодина со едно мало...

Кај баба ми во село има еден неженет, и секоја година на Водици му викаат "Ај догодина Ѓокота со жена да го видиме" "Аминннн"
И сите маваат по 2-3 ракии за Ѓокота.
Дваес години го знам Ѓоко, неоженет е.
 
Како е ? Викај ура !
Има и едно слично на тоа:
Kако е? Како шо другите сакаат.

Тој чоек многу е добар. Абе добар е само шо немат кој да го оперит..

Шо викаат старчишта од 70 и кусур години кога ќе видат некој колата шо ја паркирал на сред пат и шо ги отворил вратите: Види го овај како се паркирал го тој градов да го имат ослободено...
 
Што е мое ќе си дојде.
Оваа ми е одвратна клише реченица,ккао да слушам некој затуцан селанец кој се симнува од тракторо(цел ден орал на нива и сега глуми филозоф) а нема прошетан оникаде,ниту на море бил,ниту отишол подалеку од селото цел живот
 
Што е мое ќе си дојде.
Aха сигурно е така. Ќе дојдат ли нивните заробени пари од 90-тите oд Љубљанска и од ТАТ Банка? На 30 февруар или во недела наспроти вторник...
 
Апсолутно омразен фаворит ми е: И што ќе се пофалиш?

Фацата што ја правам како одговор е нешто вака:

24-times-the-spongebob-pajama-boy-summed-up-your--2-8144-1460397178-6_dblbig.jpg

На второ место: Сè се може, ако се сака.

Тоа е една така голема глупост што им се кажува и на малите деца, така ги растеме. Не, не се може. Одењето во апсолутистички размери е човечка будалаштина и е неточно.
 
Апсолутно омразен фаворит ми е: И што ќе се пофалиш?

Фацата што ја правам како одговор е нешто вака:

Прегледај го приврзокот 221814

На второ место: Сè се може, ако се сака.

Тоа е една така голема глупост што им се кажува и на малите деца, така ги растеме. Не, не се може. Одењето во апсолутистички размери е човечка будалаштина и е неточно.
Кога ќе ме праша некој Што ќе се пофалиш јас му викам абе кај мене за жалење немат ништо, а не пак за фалење. И им викав да имаше нешто за фалење сам ќе се пофалев без да ме прашаш ти!
 
Кога ќе ме праша некој Што ќе се пофалиш јас му викам абе кај мене за жалење немат ништо, а не пак за фалење. И им викав да имаше нешто за фалење сам ќе се пофалев без да ме прашаш ти!

Јас пак секогаш велам: Не знам како да ти одговорам на тоа прашање :)

Не за да бидам дрска, туку бидејќо е ради реда реченица, добива ради реда фидбек.
 
„Стигна ли?“ - кога веќе си влезен и е повеќе од очигледно дека си стигнат.

„Спиеш ли?“ - како е можно да одговорам ако стварно спијам?

„Живеј го секој ден како последен“ - не фала, нејќам да ме уапсат и да заглавам по затвори...
 
Нека трчаат! .... А уплатил ливче од 500-1.000 денари и плачат кога ги бутнало ситно нешто :ROFLMAO:
 
Двајца старци кога ќе прават муабет за некој трет колку години има?

Колку години имат Фидан чоек? 77... Абе не е можно 77 да имат појќе имат рачунај јас 74 ги имам.

Пример јас имам 34 години и за некој шо имат 37 години да речам, не е можно да имат 37 рачунај јас ги имам 34...
 
Sto ima novo? Majkoooo sto da kazam.I sleduva isto glupava fraza sto ja upotrebuvam ,Nisto posebno,a miljon stvari se ispodesavale ama sto poprvo da kazez a i da go otkacis sogovornikot na najbrz mozen nacin.
 
Koга ќе те види некој во двор со друштво каде што правиш скара и си пивкаш винце пивце: „Ееее вака до сто и една и назад“ Или пак „Само вие живејте му ја“.

Некој кога ќе даде пиење „Кој дават пак да дават да не му се познават“...

Кога ќе му ја турат последната чаша кај некого „Аааа кај тебе била крчмата“...
 
"Кај си бе брат сто години те немам видено" а јас и тој заедно кога ќе се соберат годините немаме сто години
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom