Србија и Косово ќе разменат територии ?

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Хипотетички Србија да нападни на косово ,Нато ќе реагира пак ,Русија ќе ги потпомогни Србија воено ама нема да се вклучи директно против војна со нато.и .пак Србија ќе изгуби .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Хипотетички Србија да нападни на косово ,Нато ќе реагира пак ,Русија ќе ги потпомогни Србија воено ама нема да се вклучи директно против војна со нато.и .пак Србија ќе изгуби .
Попрво нато не би ризикувал да помогне на косово и метохија. Ене ја базата кај е. Една ракета и отиде и приштина и се.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Jaко богами.

"Порталот Инсајдери објави дека девојката прв пат ја силувал нејзин професор во 2017 во Глоговац.

Инсајдери наведе дека професорот во 2017 почнал сексуални односи со девојката и ѝ ветувал брак. Кога открила дека е оженет и дека има деца, го пријавила во полиција.

Полицаецот на кој му го раскажала проблемот ѝ се заканил дека на нејзините родители ќе им каже за нејзината врска со професорот, ако не оди со него четири пати неделно во хотел, што се случувало во 2018 година.

Кога забременила, полицаецот во јанури 2019 ја однел во Приштина на абортус.

Адвокатот кој ѝ бил доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор."
И пази сега за ова испаѓаат само стотици жени на протести а да им дојде Клинтон ќе испадне цело Косово на улица,благодарни дека им дал некоја слобода,слобода во која луѓето се разболуваат од канцер и масовно се иселуваат.
Кој менталитет у пичку матер.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Исто како и 99 година, а истата агресија беше одложена на неколку месеци се додека нато не утврди дека Србија не поседува С-300, е замисли сега со С-400 дали би се случил таков напад на Србија кој пак повторувам чисто одбранбено оружје, а тоа демек Русија ке ја донеле во европа некој вас ке ве праша, исто како никој нас не не праша што гадните американци се донесоа во срцето на европа.
Аман бе, на НАТО им требало неколку месеци да дознаат дали Србија има С-300. Викаш толку слаби служби имало НАТО во тоа време? А што ќе им фалеше да пуштаат неколку ракети од море, па да пробаат дали имаат или не.

Србија нема С-400, нити е планирано да има, а и кога би имале, тоа не ги штити од копнен напад, а со 30.000 војници колку што има Србија, не може ни границата да ја чува, а не да се борат против било која малку поголема војска. Во 1999 на Косово се наоѓаа 40.000 српски војници, а денес во цела Србија немаш толку, во 1999 Србија сеуште имаше огромен воен арсенал, бидејќи нели Србија го собра арсеналот на ЈНА.

Моментално непријателот не се победува со војна, него со економија, едно Косово му постави на Србија такса од 100% на производите од Србија, и резултатите беа видливи, па замисли поголемите држави да го сторат тоа.

И Вучиќ по заканите од Сад се изјасни, немаме намера да влеземе во судир со Сад.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

99` Србија со млади деца кои служеа воен рок ја одбрани границата со Албанија, сигурно си запознаен со кошаре и паштрик како прошле твоите, а при тоа од воздух беа гранатирани, за на крај тоа злосторничко здружение названо нато да гаѓа по цивили се со цел да принуди капитулација на Србија, која што од истата капитулација извлече резолуција 1244, која што ке е основ за политички договори, како и за понатамошно идно војно дејствување.
Друго дека непријателот не се победувал со војна мало морген, што демек економијата денес ја измислиле па неможеле порано така да војуваат економски, инаку за пример имаш во денешно време Турска и Иран дека баш економските санкции не влијаат многу многу, а за доминацијата на САД ти е пример Сирија дека не е се исто како во 99`, како и тоа како поминаа нивните сојузници курди во тој регион.
Единствено си во право што Србија не поседува С-400, но го поседува Русија на територија на Србија до кога ке се задржи ке видиме тоа.
Додека колку е моќен С-400 говори фактот што кога соборија турците Руски авион во Сирија, Русите веднаш распоредија таков систем при што веднаш беше целата воена флота турска приземјена, додека останатите можеа да прелетуваат и дејствуваат само со амин на Русите, па ти види доколку овој систем се задржи во Србија каква ефект би имало и тоа не само во Србија и во Македонија, Бугарија, Романијаа, Босна и Хрватска.
 
Член од
5 ноември 2019
Мислења
117
Поени од реакции
61
Србиja ако оди ком размена, нема да се лиши от коридорот 10 и тоа предпоставувам е стратегическа цел за Србиja. Како цело тоа е опасен процес - размена на територии за државите на Балканот,заштото може да доjде утре република Србска, Македониja или некоja трета држава.
Много поедноставно и траjно ке биде размена на население, но е потежко како процес.
nema razmena teritorija,sigurno...kao sto kazete onda bise otvorile nove teme...republika srpska,makedonija......sve je to neizvesno i tesko,videcemo sta ce biti ali se bojim da ce nas amerika pritisnuti ako nisacim onda sankcijama...teska se vremena priblizavaju...pozzz
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Jaко богами.

"Порталот Инсајдери објави дека девојката прв пат ја силувал нејзин професор во 2017 во Глоговац.

Инсајдери наведе дека професорот во 2017 почнал сексуални односи со девојката и ѝ ветувал брак. Кога открила дека е оженет и дека има деца, го пријавила во полиција.

Полицаецот на кој му го раскажала проблемот ѝ се заканил дека на нејзините родители ќе им каже за нејзината врска со професорот, ако не оди со него четири пати неделно во хотел, што се случувало во 2018 година.

Кога забременила, полицаецот во јанури 2019 ја однел во Приштина на абортус.

Адвокатот кој ѝ бил доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор."
Добро бе Берик, што има врска ова со темава?
Автоматски споено мислење:

Да, да, ќе ви ја донеле.

Гледај мапа на извоз на Русија по држави, погледни кај се наоѓаат Германија, Холандија и Италија, а гледај каде е Србија.

Russia Exports By Country - Trading Economics

Koлку гас увезува Србија од Русија, а колку Германија?

Еве ти, читај:

Trump: How much of Germany's gas comes from Russia ...

Србија или Црна Гора или Бугарија ќе ви ја донеле Русија.
Во такви американски бајки може да верувате само вие и некои од Папуа Нова Гвинеја.
За тоа време, Западна Европа ќе си ги користи руските енергенси, а тебе ќе те убедат дека со пребарување преку Јандекс ја доведуваш Русија во Европа.
Има разлика економската врска помеѓу Германија и Русија со било каква руска врска во Балканот, да не се правиме наудрени, ниту една економска сила нема економски интерес во Балканот, освен за транзит, тлото им е потребно, не државите.
Автоматски споено мислење:

И пази сега за ова испаѓаат само стотици жени на протести а да им дојде Клинтон ќе испадне цело Косово на улица,благодарни дека им дал некоја слобода,слобода во која луѓето се разболуваат од канцер и масовно се иселуваат.
Кој менталитет у пичку матер.
Зошто да протестираат не ми е јасно? Барем за овој случај нема врска...
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Добро бе Берик, што има врска ова со темава?
Автоматски споено мислење:

Има разлика економската врска помеѓу Германија и Русија со било каква руска врска во Балканот, да не се правиме наудрени, ниту една економска сила нема економски интерес во Балканот, освен за транзит, тлото им е потребно, не државите.
Автоматски споено мислење:

Зошто да протестираат не ми е јасно? Барем за овој случај нема врска...
Како бе нема врска,што ти кажува овој случај на тебе?
Дека институциите во Косово ама баш ич не функционираат.Сите луѓе кои го силувале девојчето земаат плата од државата и наместо девојчето да добиело помош секој ја искористил.
Па кај нас да се случи ова мислам дека ќе одекне многу и ќе има некој протест а да не зборувам за останатите држави а ваму нема никаква реакција од населението.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Како бе нема врска,што ти кажува овој случај на тебе?
Дека институциите во Косово ама баш ич не функционираат.Сите луѓе кои го силувале девојчето земаат плата од државата и наместо девојчето да добиело помош секој ја искористил.
Па кај нас да се случи ова мислам дека ќе одекне многу и ќе има некој протест а да не зборувам за останатите држави а ваму нема никаква реакција од населението.
Вакви појави ќе има и совршени институции да имаат.
Колку што знам казнети се сите инволвирани.
 
Девојката била во врска со професорот, тој и ветувал дека ќе ја земе за жена, но кога чуствувала дека е измамена, отишла да го пријави за силување, па таму полицаецот кој ја испитувал, почнал да и се заканува дека ќе и каже на родителите ако не излегува со него, потоа забременува и абортира на црно кај гинеколог.
Осомничените беа во притвор, па потоа им се определи домашен притвор.
Имаше и протести и ракции од институциите и невладините.

https://www.youtube.com/watch?v=V_ZFgi-D0N4

Во Македонија немаш ни новинари кои истражуваат за нешто, во Косово а поготово во Албанија, за секоја црна хроника новинарите истражуваат и информираат детално. Во Македонија само пренесуваат кратки известувања од Мвр. Инаку биди сигурен дека вакви или слични настани има и кај нас.
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.154
Вакви појави ќе има и совршени институции да имаат.
Колку што знам казнети се сите инволвирани.
Не заебавај другар значи во сите институции кои се обратило девојчето било силувано а сите го направиле ова затоа што знаат дека нема да бидат строго казнети.Најверојатно се партиски луѓе кои се влезени на овие места преку ОВК(директно или индиректно) а девојчево е од некое сиромашно семејство кое не може да постигне ништо и да добие правда исто као и секое сиромашно семејство кај нас.
Автоматски споено мислење:

Девојката била во врска со професорот, тој и ветувал дека ќе ја земе за жена, но кога чуствувала дека е измамена, отишла да го пријави за силување, па таму полицаецот кој ја испитувал, почнал да и се заканува дека ќе и каже на родителите ако не излегува со него, потоа забременува и абортира на црно кај гинеколог.
Осомничените беа во притвор, па потоа им се определи домашен притвор.
Имаше и протести и ракции од институциите и невладините.

https://www.youtube.com/watch?v=V_ZFgi-D0N4

Во Македонија немаш ни новинари кои истражуваат за нешто, во Косово а поготово во Албанија, за секоја црна хроника новинарите истражуваат и информираат детално. Во Македонија само пренесуваат кратки известувања од Мвр. Инаку биди сигурен дека вакви или слични настани има и кај нас.
Секаде има само што ние не сме свесни.Во Хрватска пред некој месец беше силувано девојче на иста возраст од неколку деца на моќници.Јбг кога народот овде не размислува рационално и затоа се распаѓаме сите колективно ама не можеме тоа да го видиме.Децата на луѓето кои ги гласаме дишат чист воздух и јадат во рестораните на западните земји додека ние и нашите браќа или сме ефтина работна рака на странските инвеститори овде или пак сме најдолна класа на истите таму а во меѓувреме се расправаме кој кого колел,на кого е одреден град/териториј,притоа негледајќи дека минатото ќе не изеде а иднината ќе ја снемаме.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.280
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.280
Не ми е јасно уопште зашто Тачи не се приклучи на таканаречениот Мал Шенген. Вели - прво признавање, па после иницијативи - што е според мене скроз глупава постапка, во оваа ситуација во која се наоѓа Косово. Зарем тоа што го викнале Косово, да учествува во оваа иницијатива, меѓу признати држави не е во насока на легитимација на косовската држава?
Можда он сака да минира европски иницијативи, во контекст на американското влијание и во контекст на враќање мило-за-драго на Европа, поради неисполнувањето на нивните обврски околу визната либерализација. Кој ќе го знае.
Грешка во секој случај.

Патем,

(Дачиќ често сенешто зборува, па брзо ќе се види дали е вистина ова)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Можда он сака да минира европски иницијативи, во контекст на американското влијание и во контекст на враќање мило-за-драго на Европа, поради неисполнувањето на нивните обврски околу визната либерализација. Кој ќе го знае.
Грешка во секој случај.
Во моментов се преокупирани со екипирање и новата поделба на власта... Не е момент да се дефокусираат :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Не ми е јасно уопште зашто Тачи не се приклучи на таканаречениот Мал Шенген. Вели - прво признавање, па после иницијативи - што е според мене скроз глупава постапка, во оваа ситуација во која се наоѓа Косово. Зарем тоа што го викнале Косово, да учествува во оваа иницијатива, меѓу признати држави не е во насока на легитимација на косовската држава?
Можда он сака да минира европски иницијативи, во контекст на американското влијание и во контекст на враќање мило-за-драго на Европа, поради неисполнувањето на нивните обврски околу визната либерализација. Кој ќе го знае.
Грешка во секој случај.

Патем,

(Дачиќ често сенешто зборува, па брзо ќе се види дали е вистина ова)
Косово е вукојебина која ништо не произведува а се увезува. Имаат само бензиски пупми. Затоа немаат никаков интерес за слободна трговија и слободен проток на стоки, услуги, луѓе, соработка помеѓу полиција... ке треба да се откажат од приходи а немаат извоз да ја компензираат таа загуба. Тачи е смешен со изјавата дека не дошле оти не сакале алтернатива за ЕУ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom