Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.194
Поени од реакции
16.093
Има Ивица, има само многу работа има, и се согласувам со последниот дел од неговиот расцепкан пост дека:
Нека има, коај на крајот на денот се исплати. Ама не се исплати. Земјоделецот и сточарот у државава на крај на година добијаат грбиње и нишо повеќе.
Океј ова не важи за тие ко братот на Миленко и нему сличните.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.041
Поени од реакции
18.065
Зошто на пример не му се јавиш да го прашаш зошто ги продава??

Единствена причина е зошто мајндсетот твој го делат повеќето граѓани тука кај нас. Си е задоволен со 30К, за лепче, паштета и ракија си има. Ќе си земе кредит да одат децата на одмор, неговото поминало, а има човекот 45 години и се осеќа како старец.... Што се 30К бе? Што ќе напраиш со 30К? Ќе имаш достоинствен живот?? Тоа ти е границата помеѓу беда и сиромаштија... Тоа состојба на духовно зомби.

Немаат овчари, затоа ги продаваат или пак децата им се покондуриле.... Ако си ги пасеш сам овците, можеш да ги чуваш и да имаш просперитет, па дури и да тераш бизнис ... Отиди на улица и викни ги питачите да одат да ти помогнат околу стоката или аргати викни ги да ти бидат, да видиш што ќе ти кажат....

Иначе колку за информација, во Македонија во 2018 година кај индивидуални земјоделски стопанства(тоа се поединци) се забележани 708.641 грла овци. Тоа што се продаваат 1000 овци не е показател дека не им иде бизнисот на луѓето, туку едноставно флуктуираат, тоа е нормална работа. Ако не е исплатливо сите 700К ќе ги продаваа.

Говедата застапени кај индивидуални земјоделски стопанства се околу 250К и ова секоја година бележи пораст.

Порастот би бил уште поголем, доколку полесно се наоѓаат овчари...
Автоматски споено мислење:

Не бе добро си е земјоделието и сточарството... Да не е немаштија по градојте, ќе биде уште подобро :)

Зошто ебано не се исплаќа ете затоа.Значи никој не е будала да си го продава стадото ако државата му нуди добри услови,напротив тој ќе продолжи да го развива,да развива некоја индустрија која ќе преработува сирење или кашкавал.

Земи ги за пример Албанците кои имаат многудетни семејства и нивните деца се далеку попечени и поработливи од нас.Буквално се живо продава или пак остава земја и аплицира за германска виза.Јас нив ги сметам за неуки и необразовани луѓе,и ми се најомразен народ но не ги сметам за будали луѓе кои работат и мислат без концепт.Увидоа дека и нивните ги лажат и дека се само во загуба и како никогаш досега во историјата удрија на бегање и покрај секој благодет кои го имаат денес за разлика од пред 20 години или пак 50 кога бегале од политички причини и немање на права.
Ме мрзи да пишувам сега за едно време пред неколку години години кога татко ми сакаше да направи повраток во село и побара помош од државата и општината,многу голема тема е а за џабе ќе ја пишувам,безброј пати сме докажале колку е трул системот за сите нас обичната раја.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.628
Поени од реакции
26.138
Зошто јас ? Јас не фалам дека имало пари таму, напротив викам дека само луд човек би работел сточарство во Македонија

Ако таксист работи просечно саати колку и рандом сточар (12-113 саати) верувај дека не 30к туку и повеќе ќе земе што воопшто не е лошо за наш стандард..

Супер што имало 700к овци, ај сега кажи ми по години колку се намалуваат ако знаеме дека во минатото имавме и над 2+ милиона. За говедата не сум сигурен ама баш би сакал да ми дадеш линк да проверам, од она што јас гледам од мојот крај порано имаше по 200-300 крави во село сега немаат ни себе млеко туку купуваат

Дури и огромните земјоделски стопанства како Пелагонија слушам не им одело баш добро со фармите..
Истиот линк за овците има и за кравите.... Претежно во Македонија се индивидуални стопанства... Исплатливо е ако се користи природата (паша). Во последните 10-15 години има нагорен тренд сточарството. Но последните 3-4 години има застој, бројките се исти (незначителен пораст).

Проблемот со сточарството во Македонија, не е исплатливоста. Проблемот е ниското ниво на организација и работната сила.
Автоматски споено мислење:

Зошто ебано не се исплаќа ете затоа.Значи никој не е будала да си го продава стадото ако државата му нуди добри услови,напротив тој ќе продолжи да го развива,да развива некоја индустрија која ќе преработува сирење или кашкавал.
1000 овци од 700.000 се продаваат.... тоа ли е индикатор дека не е исплатлив бизнис?
Зошто другите 700.000 не ги продаваат ако не е им се исплаќа ?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.843
Поени од реакции
15.782
, од она што јас гледам од мојот крај порано имаше и по 200 крави по село сега немаат ни себе млеко туку купуваат

Дури и огромните земјоделски стопанства како Пелагонија слушам не им одело баш добро со фармите..

Флаширана вода има поголема цена од литар млеко при откуп :rolleyes:
не ми е јасно како НИЕ увезуваме млеко и јогурт од Словенија и Хрватска а таму минималец 500 евра :eek:
воопшто не разбирам на чив ГРБ се, кој ги плаќ тие ЕУ субвенции, цел свет, кинезите , не ми е јасно
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Одложување на прогресивен данок, капитална добивка и штедни до 2023та. Кажаа на тв :aplauz:
Со неверојатна брзина актуелната власт се откажува од предизборните ударни најави и ветувања. Останува да ја намалат минималната плата.
Тотални „дунстери“. Ова не личи ни на месна заедница, вакви „преваранти“, вакни „незналици“, вакви „дибеци“... тешко дека може да се повторат.. иако... кај нас се' е можно.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974

Јас сум за намалување на минимална плата и ова што со даноците. Ми одговара.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
нека беше што сакаше, цела фамилија му зема наша документација. За оние што мува не ги лази, пак ќе ти нагласам, опозицијата треба да покрене процес. Како што сега тече овој процес за т.н. незаконско стекнати лични документи, според снимките, исклучиво за избори. Ако не е незаконски судот ќе си каже. Премногу емоции искажувате за ликови кои учествувале (според судските постапки и сведоците) во изборни незаконитости.
Снимките не се релевантен доказ, башка што се незаконски стекнати и како такви најмногу што можат да послужат како „допрен глас“, а и тоа е дискутабилно. Според нашите закони тие не (треба да) се доказен материјал.
Автоматски споено мислење:

Јас сум за намалување на минимална плата и ова што со даноците. Ми одговара.
„Качување“ само на минималната плата води до „урамниловка“ на платите, односно, изедначување или сериозно приближување на минималните плати кон платите на оние кои земаат поголема плата бидејќи имаат поплатено работно место. Заев е „дунстер“ кој нема поим од ништо, вакво дрво тешко да се роди, а со толкави амбиции за премиер.
Автоматски споено мислење:

И да ти кажам редно беше земјоделската работа да се исплати, затоа што ела работи во поле да те видам.
Апсолутно се согласувам. Дури и се залагам за (сериозно) помали даноци во руралните средини, да имаат луѓето причина да не се иселуваат, а некои дури и да се вратат назад... А некои области, како Мариово дури и да нема данок, или 1% колку за евиденција.
Автоматски споено мислење:

Ќе ти повторам..а ти ако несакаш да сватиш...друга работа е тоа.
Ако немаш адреса, или си жител на друг град/ држава...а имаш МКД пасош, за да станиш жител полицијата врши проверка и сочинува сл.белешка БЕЗ ДА ЗНАЕШ ТИ....дали ти навистина живееш на таа адреса. Затоа чекаш неколку недели до добивањето или не на Решение за промена на жителство
Можеби овде се меша добивање на лична карта со постоечко жителство, со стекнување на ново жителство (а си жител на друго место). Еве јас да објаснам од лично искуство:
Пред речиси 20 години се пријавив за „скопско“ жителство во семејниот стан кој беше купен претходно неколку години, во кој престојував дел од студентскиот период и веќе почнав да работам, а не бев жител на Скопје. По 10-15 дена (не знам со сигурност) поминала „инспекција“ во станот да проверат дали јас (а и сестра ми) навистина сме жители во тој стан, на таа адреса. Сестра ми беше дома, исто и моите родители кои беа на гости, јас не бев дома (мислам дека бев на работа, иако сабота), но телефонски ме комуницираа и констатираа дека не е „превара“, дека навистина тука живееме, имавме документи за купопродажба на станот, пријавени вработувања... и за кратко време отидов да извадам нова лична карта... „скопска“.
Автоматски споено мислење:

2. Кај ги најде овие бројки?
400 : 120 = 3,33%
11.000 : 1.200 = 9,16%
Не троши 25 пати повеќе, туку повеќе од 100 пати има поголема потрпшувачка!
3. Здравство! Ти си несериозен. Не само што тој со минималец нема пари за здравство туку се мисли дали му е поефтино да умре или да ги даде парите за лекови па да нема што да јаде, ама затоа има 3 пати демократија на трпезата. Кога не дај боже ќе му се разболи дете не знае кај да фати, дали да продава бубрег или...

Како тој со 120.000 дошол до таа плата?
Дали е тоа негов труд па е 25 пати попаметен од оној со минималец или е тоа резултат на политичко-економскиот систем кои му го овозможиле тоа?
Кој е твојот предлог решение за тие со минималец?
Не си го направил најважниот „количник“... 11,000 : 400 = 27,5
Односно, 27,5 пати поголем данок плаќа оној со 120,000 плата. Значи, рамниот данок не значи дека секој плаќа ист паричен износ за данок, туку ист процент. Овде испаѓа дека е срамота или грев некој да зема 120,000. Ајде да разберам да се постави тоа прашање за државно вработување, ама за приватно...? Тој со 120,000 до таа плата дошол најверојатно како збир од повеќе причини: квалитетно образование, капацитет на личноста, искуство, лична способност во професијата, моментална побарувачка на тој вид на кадар (како сега програмерството)...
И оној со 12,000, и оној со 120,000 денари имаат отприлика слични „поволности“ од државата, а овој вториов плаќа многу повеќе во буџетот и фондовите. Во (државна) болница ќе добијат слична услуга и третман, како и се' останато, се возат на исти патишта, добиваат исто парно, вода, струја.... Единствено вториов би зел повисока пензија.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
не ми е јасно како НИЕ увезуваме млеко и јогурт од Словенија и Хрватска а таму минималец 500 евра :eek:
воопшто не разбирам на чив ГРБ се, кој ги плаќ тие ЕУ субвенции, цел свет, кинезите , не ми е јасно
Европската унија дава голема помош за земјоделците и сточарите, имаат кредити со ниски камати и добри програми за модернизација и зголемување на продуктивноста на фармите како и за набавка на високомлечни крави во случајов. Затоа и се конкурентни имам гледано Српска емисија за земјоделство во посета на Данска и Австрија ако не се лажам, во Данска има фарми автоматизирани до максимум каде што 2ца татко и син опслужуваат фарма од 200+ грла и тоа за неколку саати на ден ангажираност а во Австрија државата му финансира на сточар фарма од 500к со тоа што огромен дел од сумата се неповратни средства додека останатиот кредит си минимална каматна стапка.

Истиот линк за овците има и за кравите.... Претежно во Македонија се индивидуални стопанства... Исплатливо е ако се користи природата (паша). Во последните 10-15 години има нагорен тренд сточарството. Но последните 3-4 години има застој, бројките се исти (незначителен пораст).

Проблемот со сточарството воМакедонија, не е исплатливоста. Проблемот е ниското ниво на организација и работната сила.

1000 овци од 700.000 се продаваат.... тоа ли е индикатор дека не е исплатлив бизнис?
Зошто другите 700.000 не ги продаваат ако не е им се исплаќа ?
Не продаваат луѓето од што е исплатливо, ако се спореди работни саати со приходи ќе видиш колку им е мизерна саатнината.
А падот ќе биде уште поизразен во наредните години, со стареењето на населението и зголемување на цената на работна сила

Преку 3000 објавени дека се продаваат само во една група, и откако ова вчера го пишавме има уште 1000 а пази правиме муабет дека овие се само она што го гледаме на интернет. Колку луѓе уште продаваат или се при крај со трпението можеме само да прогнозираме, јас викам дека до во наредните 3-4 години ќе оди испод 400к

1.png

2 мил во минатото, 1.25м во 2000 а во 2018 само 700к овци
Говедата и свињите држат бројка поради масовното фармско одгледување, да ја користат природната паша и тие ќе бидат во дебел пад..
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.482
Поени од реакции
20.394
Трагедија, џанаците се нафиксале и нашмркале и се пореметиле :D ...какви нестабилни ликови се вработени тоа е чудо невидено.

D

Deleted member 53418

Гостин
Другар само што извади дозвола за престој во Белгија
Residence permit националност северно македонец се побуни проверија и му потврдија дека така треба да биде а не македонец....
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.721
Поени од реакции
8.921
Другар само што извади дозвола за престој во Белгија
Residence permit националност северно македонец се побуни проверија и му потврдија дека така треба да биде а не македонец....
Лаже, се е тоа во главата на вмровците
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.628
Поени од реакции
26.138
Не продаваат луѓето од што е исплатливо, ако се спореди работни саати со приходи ќе видиш колку им е мизерна саатнината.
А падот ќе биде уште поизразен во наредните години, со стареењето на населението и зголемување на цената на работна сила

Преку 3000 објавени дека се продаваат само во една група, и откако ова вчера го пишавме има уште 1000 а пази правиме муабет дека овие се само она што го гледаме на интернет. Колку луѓе уште продаваат или се при крај со трпението можеме само да прогнозираме, јас викам дека до во наредните 3-4 години ќе оди испод 400к

Прегледај го приврзокот 221459

2 мил во минатото, 1.25м во 2000 а во 2018 само 700к овци
Говедата и свињите држат бројка поради масовното фармско одгледување, да ја користат природната паша и тие ќе бидат во дебел пад..
не бе ок ....секој си знае за себе кој вози такси и ужива..кој се мачи со говеда...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Трагедија, џанаците се нафиксале и нашмркале и се пореметиле :D ...какви нестабилни ликови се вработени тоа е чудо невидено.

ова ко во fear and loathing in las vegas
којзнае на каква дрога биле овие
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom