Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Macedon1um

Гостин
Затоа што беше лажен протест.

Еве на пример пелагонија, тие што работат пипер капија со сегашнава цена од 25 денари на поголема површина без некој 15.000 - 30.000 еур годишно не се.

А работат и тутун без некој 5 декари никој не е, иако најчесто работат и по 20 декари, и тие не се без 4.000 - 20.000 еур годишно.

Исто и лозарите.

И да ти кажам редно беше земјоделската работа да се исплати, затоа што ела работи во поле да те видам.
Абе ај не зафркавајте со математикиве од пред монитор, една година била капијата 25 денари и готово цвета земјоделието а секој ден се повеќе земјоделци се откажуваат. Знаеш ли колку луѓе ти требаат за 20 декари тутун или пак 30-40 тона капија да набереш и колку на крај ти остануваат

Овој па @jamajka со овци ќе заработувал а останаа во сточарство само луѓе 60+ и тоа претежно Албанци
Aј кажи ми кој млад човек би се нафатил на таква работа ? 365 дена во годината си зафатен, минимум 13-14 саати на ден зафатен и џабе ти се и 1000 евра на крај профит ако немаш никаков живот а смрдиш на овци и гомна. Едино тутунот кај нас одржува каков таков живот по селава за да извадат двајца фамилијарно по 30-40.000 илјади месечно во домаќинство мада они си знаат 4-5 месеци турбо работа во две смени и станување во 3-4 ноќеска, а и кај тутунарите се случува голем грабеж ако видиме колку се плаќа истиот ситнолисен тутун во Турција 7 евра и повеќе а тука едвај 3,3.5 евра и уште нешто од државата
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.641
Поени од реакции
26.164

точно е дека никој не се нафаќа... кое ќе се покондури чоек, тешко да го вратиш на село. Сум видел луѓе што им е полесно да питаат одколку да се вратат во село....

... каков живот имаш ако си таксист на пример.... со хемороиди, тромбоза и проширени вени .... до гуша во долгови и две деца кои секако не ги гледаш пошто си дома само на спиење и се на граница на проституција и криминал????

помалце си зафатен така??? или тоа што не смрдиш овчојна ти е утеха?
 
Лесно е да вратиш луѓе на село ако има добра егзистенција оти огромен дел од луѓето сакаат помирен живот , ама за жал кај нас ситуацијата е очајна и не се гледа некаков оптимизам од надлежните дека се спремни да направат реформи и да ја подобрат ситуацијата. Таксист ти е сто пати подобра опција, во помалите градови испод 20к не се а Скопје комотно и 30к се вадат за друг да возиш барем топло зимо лето ладно клима дува.

Ете конкретно во последниве 24 саати имаш 7-8 големи стада на продажба, од многу „убавина“ ги продаваат па зимај кредит и купувај ги
Нема што да да изгубиш, лапај пари :D
70501960_773960259692523_4261972292080238592_n.jpg 73322143_2393642527553000_8439338882390032384_n.jpg 74529526_851023488632919_5446445214854021120_n.jpg 74701625_2580787525361992_5044575016276983808_n.jpg 75220815_468194467124228_8434873117129572352_n.jpg 75233609_2402847343158561_8422448326498058240_n.jpg 75462263_423276201930312_7209472639243386880_n.jpg 76722785_565141677586000_7532241862489276416_n.jpg
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.351
Поени од реакции
3.477
Dobra si e angelovska ne zaebaajte zaradi toj glupav progresiven danok razmisluvav da otvoram smetka vo bugarija
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Dobra si e angelovska ne zaebaajte zaradi toj glupav progresiven danok razmisluvav da otvoram smetka vo bugarija
те нема нешто или избори се ближат, нов ангажман, не си будала овци да пасиш за 1000 евра ко можеш истите да ги заработиш ко "програмер".
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.244
Поени од реакции
18.058
Абе ај не зафркавајте со математикиве од пред монитор, една година била капијата 25 денари и готово цвета земјоделието а секој ден се повеќе земјоделци се откажуваат. Знаеш ли колку луѓе ти требаат за 20 декари тутун или пак 30-40 тона капија да набереш и колку на крај ти остануваат

Овој па @jamajka со овци ќе заработувал а останаа во сточарство само луѓе 60+ и тоа претежно Албанци
Aј кажи ми кој млад човек би се нафатил на таква работа ? 365 дена во годината си зафатен, минимум 13-14 саати на ден зафатен и џабе ти се и 1000 евра на крај профит ако немаш никаков живот а смрдиш на овци и гомна. Едино тутунот кај нас одржува каков таков живот по селава за да извадат двајца фамилијарно по 30-40.000 илјади месечно во домаќинство мада они си знаат 4-5 месеци турбо работа во две смени и станување во 3-4 ноќеска, а и кај тутунарите се случува голем грабеж ако видиме колку се плаќа истиот ситнолисен тутун во Турција 7 евра и повеќе а тука едвај 3,3.5 евра и уште нешто од државата
Тешко е земјоделието, за сточарството не знам, немам некој што познавам што се занимава со тоа.

Се зависи од годината, зависиш од времето, оваа година беше добра, цел октомври можеше да се бери пипер, ама има години кога ќе го попари слана во септември и ништо нема да видиш.

Со аргати ситуацијата е исто очајна, нема луѓе, дневниците секоја година се се поголеми.

И исто има многу кражби на родот.

Ама горе долу луѓе кој континуирано работат земјоделие на поголеми површини, не му паѓа напамет да престанат да се занимаваат со тоа.

Посебно едниот од фамилијата ако е вработен во државно, другиот си е слободен по цел ден да си се матка во поле со аргати. Ќе му се види малце опнато 2-3 месеци, ама 15.000+ еур годишно, тоа се многу пари :)

Оти овие што одат електричари во Словенија работат за 5еур сатница, ама бајги опнато му е, за на крај од месецо одвај 1000еур. Пак овие што се во Германија на аргатска работа со некој 10 еур сатница уште поопнато му е, отприлика 1500 - 1600 еру месечно ќе му остани. Ама здравјето го оставаат таму. Имам роднини што одеа аргати за гроздобер во Италија, пак сега на 40 години докториве не можат да ги состават. Еден куп пари потрошија на операции по државни, па потоа по приватни клиники.

Така да не е работава црно бела.

И на крај јас сум сведок како едно десетина земјоделци испразнија цел банкомат тогаш наполнет, сите вадеа макс колку што можат во еден ден :) Тоа беше некаде напролет кога ги плаќаат субвенциите.

И јас малце да бидам ко овие ко @Таксист да му ги бројам на други парите, ама да не му го гледам трудот :D
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
882
Во Струмца Зоки од Муртино , murtino.png

се е  јасно.jpg
Ако баклавата е изедена тепсијата стој, Се е јасно само њега нема рече почитуваниот З.З во Струмица
А за Мицковски кажа дека ладно се гушкал ,немал топла крф и немал душа уопште.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.351
Поени од реакции
3.477
те нема нешто или избори се ближат, нов ангажман, не си будала овци да пасиш за 1000 евра ко можеш истите да ги заработиш ко "програмер".
sea ke vidish nakaj nova godina kako ke se zaangaziram na temava... hahahaah
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.108
Поени од реакции
18.310
Лесно е да вратиш луѓе на село ако има добра егзистенција оти огромен дел од луѓето сакаат помирен живот , ама за жал кај нас ситуацијата е очајна и не се гледа некаков оптимизам од надлежните дека се спремни да направат реформи и да ја подобрат ситуацијата. Таксист ти е сто пати подобра опција, во помалите градови испод 20к не се а Скопје комотно и 30к се вадат за друг да возиш барем топло зимо лето ладно клима дува.

Ете конкретно во последниве 24 саати имаш 7-8 големи стада на продажба, од многу „убавина“ ги продаваат па зимај кредит и купувај ги
Нема што да да изгубиш, лапај пари :D
Прегледај го приврзокот 221382Прегледај го приврзокот 221383Прегледај го приврзокот 221384Прегледај го приврзокот 221385Прегледај го приврзокот 221386Прегледај го приврзокот 221387Прегледај го приврзокот 221388Прегледај го приврзокот 221389
Не бе остај луѓето не сакале да работат,сите сакале во град не овци да чуваат.

Нема врска тоа што државата ако чуваш стадо овци те смета за лудак а не пак да гледа да ти помогне нешто.Луѓето се препуштени сами на себе и да можат да продадат одма ќе се преселат во Скопје да возат такси иако знаат дека тоа е погрешно но далеку подобро според условите кои ќе ги имаат за живот и иднината на нивните деца.
 
M

Macedon1um

Гостин
Тешко е земјоделието, за сточарството не знам, немам некој што познавам што се занимава со тоа.
Земјоделството е тешко, сточарство уште потешко и според мене не вреди да се субвенционира кога нема иднина (млади не сакаат да го работат).
Се зависи од годината, зависиш од времето, оваа година беше добра, цел октомври можеше да се бери пипер, ама има години кога ќе го попари слана во септември и ништо нема да видиш.
Не е ова прв пат да гледаме, една во 5 години е добра наредната сите се залетуваат со капија и ќе има цена од 10 денари = пропаст
Со аргати ситуацијата е исто очајна, нема луѓе, дневниците секоја година се се поголеми.
Дневница човек испод 900-1000 не наоѓаш, за тутун од 150 до 200 од саат ;)

Ама горе долу луѓе кој континуирано работат земјоделие на поголеми површини, не му паѓа напамет да престанат да се занимаваат со тоа.
Ги спомна @k0k014 на предходната страна тие со големи површини, најчесто земени партиски под концесија оти од земјоделие некој нема шанси да купи толкави површини по 50-100 и повеќе хектари. Таквите немаат мака но што правиме со помалите кои се 90% од земјоделците ? Имаат и по 4-5и повеќе хектари а истите им се расцепкани на 15-20 парцели без никаков развоен потенцијал и логика да се инвестира во некаков насад кој носи профит, а државата на тоа поле тотално потфрла и не успева да реализира некој проект да направи голема консолидација (укрупнување) на земјиштето.
Посебно едниот од фамилијата ако е вработен во државно, другиот си е слободен по цел ден да си се матка во поле со аргати. Ќе му се види малце опнато 2-3 месеци, ама 15.000+ еур годишно, тоа се многу пари :)
Ама нема аргати тоа е проблемот, тие од град и за дневницата тешко дека ќе изработат а тие на село си работат за себе не за други

Оти овие што одат електричари во Словенија работат за 5еур сатница, ама бајги опнато му е, за на крај од месецо одвај 1000еур. Пак овие што се во Германија на аргатска работа со некој 10 еур сатница уште поопнато му е, отприлика 1500 - 1600 еру месечно ќе му остани. Ама здравјето го оставаат таму. Имам роднини што одеа аргати за гроздобер во Италија, пак сега на 40 години докториве не можат да ги состават. Еден куп пари потрошија на операции по државни, па потоа по приватни клиники.

Така да не е работава црно бела.
Барем се раат друг им бере гајле за плата, придонеси итн.
Тука ем сам плаќаш придонеси, пласман несигурен, цени уценувачки од откупувачите, бонус ти се временските непогоди (слана, мрзнење, суша, град итн).
И на крај јас сум сведок како едно десетина земјоделци испразнија цел банкомат тогаш наполнет, сите вадеа макс колку што можат во еден ден :) Тоа беше некаде напролет кога ги плаќаат субвенциите.

И јас малце да бидам ко овие ко @Таксист да му ги бројам на други парите, ама да не му го гледам трудот :D
Може не викам не, си ги начекал млекарите кога им пуштиле субвенции по година ипол закаснување

Не бе остај луѓето не сакале да работат,сите сакале во град не овци да чуваат.

Нема врска тоа што државата ако чуваш стадо овци те смета за лудак а не пак да гледа да ти помогне нешто.Луѓето се препуштени сами на себе и да можат да продадат одма ќе се преселат во Скопје да возат такси иако знаат дека тоа е погрешно но далеку подобро според условите кои ќе ги имаат за живот и иднината на нивните деца.
Реално и ја би укинал субвенции за сточарсво (да се откажат со време) освен ако некој има 50+ години и навистина сака да се занимава со тоа, оти греота е да гледаш млади луѓе како се мачат да работат такви работи а никој не им го цени трудот.. ем не ранат со здрава храна ем ги заебаваме.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.205
Поени од реакции
16.151
Тешко е земјоделието, за сточарството не знам, немам некој што познавам што се занимава со тоа.

Се зависи од годината, зависиш од времето, оваа година беше добра, цел октомври можеше да се бери пипер, ама има години кога ќе го попари слана во септември и ништо нема да видиш.

Со аргати ситуацијата е исто очајна, нема луѓе, дневниците секоја година се се поголеми.

И исто има многу кражби на родот.

Ама горе долу луѓе кој континуирано работат земјоделие на поголеми површини, не му паѓа напамет да престанат да се занимаваат со тоа.

Посебно едниот од фамилијата ако е вработен во државно, другиот си е слободен по цел ден да си се матка во поле со аргати. Ќе му се види малце опнато 2-3 месеци, ама 15.000+ еур годишно, тоа се многу пари :)

Оти овие што одат електричари во Словенија работат за 5еур сатница, ама бајги опнато му е, за на крај од месецо одвај 1000еур. Пак овие што се во Германија на аргатска работа со некој 10 еур сатница уште поопнато му е, отприлика 1500 - 1600 еру месечно ќе му остани. Ама здравјето го оставаат таму. Имам роднини што одеа аргати за гроздобер во Италија, пак сега на 40 години докториве не можат да ги состават. Еден куп пари потрошија на операции по државни, па потоа по приватни клиники.

Така да не е работава црно бела.

И на крај јас сум сведок како едно десетина земјоделци испразнија цел банкомат тогаш наполнет, сите вадеа макс колку што можат во еден ден :) Тоа беше некаде напролет кога ги плаќаат субвенциите.

И јас малце да бидам ко овие ко @Таксист да му ги бројам на други парите, ама да не му го гледам трудот :D
Kaj ima 15.000 evra zhiti se, odma u prolet pochinjam toa da rabotam
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.641
Поени од реакции
26.164
Лесно е да вратиш луѓе на село ако има добра егзистенција оти огромен дел од луѓето сакаат помирен живот , ама за жал кај нас ситуацијата е очајна и не се гледа некаков оптимизам од надлежните дека се спремни да направат реформи и да ја подобрат ситуацијата. Таксист ти е сто пати подобра опција, во помалите градови испод 20к не се а Скопје комотно и 30к се вадат за друг да возиш барем топло зимо лето ладно клима дува.

Ете конкретно во последниве 24 саати имаш 7-8 големи стада на продажба, од многу „убавина“ ги продаваат па зимај кредит и купувај ги
Нема што да да изгубиш, лапај пари :D
Прегледај го приврзокот 221382Прегледај го приврзокот 221383Прегледај го приврзокот 221384Прегледај го приврзокот 221385Прегледај го приврзокот 221386Прегледај го приврзокот 221387Прегледај го приврзокот 221388Прегледај го приврзокот 221389
Зошто на пример не му се јавиш да го прашаш зошто ги продава??

Единствена причина е зошто мајндсетот твој го делат повеќето граѓани тука кај нас. Си е задоволен со 30К, за лепче, паштета и ракија си има. Ќе си земе кредит да одат децата на одмор, неговото поминало, а има човекот 45 години и се осеќа како старец.... Што се 30К бе? Што ќе напраиш со 30К? Ќе имаш достоинствен живот?? Тоа ти е границата помеѓу беда и сиромаштија... Тоа состојба на духовно зомби.

Немаат овчари, затоа ги продаваат или пак децата им се покондуриле.... Ако си ги пасеш сам овците, можеш да ги чуваш и да имаш просперитет, па дури и да тераш бизнис ... Отиди на улица и викни ги питачите да одат да ти помогнат околу стоката или аргати викни ги да ти бидат, да видиш што ќе ти кажат....

Иначе колку за информација, во Македонија во 2018 година кај индивидуални земјоделски стопанства(тоа се поединци) се забележани 708.641 грла овци. Тоа што се продаваат 1000 овци не е показател дека не им иде бизнисот на луѓето, туку едноставно флуктуираат, тоа е нормална работа. Ако не е исплатливо сите 700К ќе ги продаваа.

Говедата застапени кај индивидуални земјоделски стопанства се околу 250К и ова секоја година бележи пораст.

Порастот би бил уште поголем, доколку полесно се наоѓаат овчари...
Автоматски споено мислење:

Abe vas da ne vi e dosadno pa zedovte zemjodelieto i stocarstvoto da go opravate?
Не бе добро си е земјоделието и сточарството... Да не е немаштија по градојте, ќе биде уште подобро :)
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.244
Поени од реакции
18.058
Kaj ima 15.000 evra zhiti se, odma u prolet pochinjam toa da rabotam
Има Ивица, има само многу работа има, и се согласувам со @Macedon1um со последниот дел од неговиот расцепкан пост дека:
Реално и ја би укинал субвенции за сточарсво (да се откажат со време) освен ако некој има 50+ години и навистина сака да се занимава со тоа, оти греота е да гледаш млади луѓе како се мачат да работат такви работи а никој не им го цени трудот.. ем не ранат со здрава храна ем ги заебаваме.
Еден пријател имаше крави и се откажа, вика ни плаќаат 15 денари за литар млеко, една чашка јогурт, ете толку не плаќаат.
 
M

Macedon1um

Гостин
Kaj ima 15.000 evra zhiti se, odma u prolet pochinjam toa da rabotam
Сега последно читав хит била малината 20.000+ евра приход годишно, а не кажуваат дека тие 20 и кусур тона се во најдобра година а не просек.
И дека за тие 20 тона дека ти требаат барем 500 дневници (ако успееш да најдеш толку луѓе што би дошле да берат) што по сегашниве цени на работна рака би ти „изеле“ најмалку пола од парите, а кај се другите трошоци додека дојдеш до род како зелени операции, одржување механизација, ѓубре, препарати итн

Зошто на пример не му се јавиш да го прашаш зошто ги продава??

Единствена причина е зошто мајндсетот твој го делат повеќето граѓани тука кај нас. Си е задоволен со 30К, за лепче, паштета и ракија си има. Ќе си земе кредит да одат децата на одмор, неговото поминало, а има човекот 45 години и се осеќа како старец.... Што се 30К бе? Што ќе напраиш со 30К? Ќе имаш достоинствен живот?? Тоа ти е границата помеѓу беда и сиромаштија... Тоа состојба на духовно зомби.

Немаат овчари, затоа ги продаваат или пак децата им се покондуриле.... Ако си ги пасеш сам овците, можеш да ги чуваш и да имаш просперитет, па дури и да тераш бизнис ... Отиди на улица и викни ги питачите да одат да ти помогнат околу стоката или аргати викни ги да ти бидат, да видиш што ќе ти кажат....

Иначе колку за информација, во Македонија во 2018 година кај индивидуални земјоделски стопанства(тоа се поединци) се забележани 708.641 грла овци. Тоа што се продаваат 1000 овци не е показател дека не им иде бизнисот на луѓето, туку едноставно флуктуираат, тоа е нормална работа. Ако не е исплатливо сите 700К ќе ги продаваа.

Говедата застапени кај индивидуални земјоделски стопанства се околу 250К и ова секоја година бележи пораст.

Порастот би бил уште поголем, доколку полесно се наоѓаат овчари...
Зошто јас ? Јас не фалам дека имало пари таму, напротив викам дека само луд човек би работел сточарство во Македонија

Ако таксист работи просечно саати колку и рандом сточар (12-13 часа) верувај дека не 30к туку и повеќе ќе земе што воопшто не е лошо за наш стандард..

Супер што имало 700к овци, ај сега кажи ми по години колку се намалуваат ако знаеме дека во минатото имавме и над 2+ милиона. За говедата не сум сигурен ама баш би сакал да ми дадеш линк да проверам, од она што јас гледам од мојот крај порано имаше и по 200 крави по село сега немаат ни себе млеко туку купуваат

Дури и огромните земјоделски стопанства како Пелагонија слушам не им одело баш добро со фармите..

Има Ивица, има само многу работа има, и се согласувам со @Macedon1um со последниот дел од неговиот расцепкан пост дека:

Еден пријател имаше крави и се откажа, вика ни плаќаат 15 денари за литар млеко, една чашка јогурт, ете толку не плаќаат.
Флаширана вода има поголема цена од литар млеко при откуп :rolleyes:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom