Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.203
- Поени од реакции
- 18.311
@Syn
Рицоли ќе потврди дека сите одлуки се правилни, ич да не се секираш
Озбилно, иако знам дека после меч најтешко се прифаќаат објаснувања, во глобала технички многу малку да му се приговори на судијата. Да почнеме од крајот.
Пеналот над Роналдо сосема регуларна одлука, го удрија по нога, овде нема дилеми. Голот - офсајд исто така нема дилема. Според мене вториот жолт на Рабио чист како солза, заслужено исклучување. Вториот жолт на Касата, може да филозофираме дека е престрог, но според правилата судијата си е чист. Од зад грб го завлече Дибала, тоа секој играч што има жолт и што има малку мозок во главата не го прави.
Стартот на Ругани не е директен црвен, затоа што не беше последен играч и не спречи чиста шанса за гол (Бонучи беше позади него, тоа што беше лево од настанот не игра улога при интерпретацијата). Не го мешај критериумот на судијата, со техничка одлука, каква што е ова. Ова ти гарантирам дека ќе го потврдат повеќе релевантни сајтови, а сигурно и Рицоли или Ники ако излезат со анализа.
Според мене единствена работа што може да му се земе како грешка на судијата е старотот на Бентанкур, одма после исклучувањето на Рабио. Тоа комотно можеше да биде втор жолт и за уругваецот, без око да му трепне. Пак, според правилата има секое право да не покаже втор жолт, но овде влегува неговиот критериум каде што даде до знаење дека ќе казнува такви стартови.
Е сега знаеме колку тешко било кој судија се одлучува да исклучи, поради два жолти, два играчи од ист тим во рок од 3 минути. Никакво оправдување не е тоа, но знаеме каков психолошки притисок имаат судиите во таков момент. Инаку, ако влеземе во филозофирање (како што одите вие дека исклучувањето на играчот на Џенова беше "престрого"), исто може да филозофираме дека два дупли жолти за еден тим, во распон од 3 минути е престрого