- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.433
- Поени од реакции
- 68.569
Дефинитивно Жуниор недостасува премногу во составов. Ако не се врати со Работнички, ќе биде многу тешко да се победи. Некако најопасни се кога се долу на табелата со серија порази. Ме плашат дека ќе ни скинат бодови.
Денес имавме среќа што брзо го отворивме резултатот и го оставивме противникот да напаѓа. Имаме добра дефанзива и уште на средина ги сечеме противничките акции. Затоа ми се допаѓа Адем, знае да спречува противнички напади, но фер е да се признае дека нема некоја значајна техника, а и шутот му е очобол. Имаше уште една ситуација каде што можеше да даде гол, а он шутна преслабо. Дури и за голот немаше сјаен шут, но за среќа му помина на голманот низ раце.
Многу зависиме и од Најдовски, како и од Новак во одбраната.
Попзлатанов и Цветановски на иста страна е дефинитивно канцерогена комбинација. Прелошо се снаоѓаат заедно. Кај Матеј има напредок, дриблингот му е подобрен, но одново некако нема завршница, го нема ни оној крајниот пас. Јовче е очаен, особено како офанзивен бек.
Аврамовски без сомнение ни е најопасен во нападот во моментов, штета што денес не му фатија неколку шутеви од добра ситуација.
Борец едно време ја презема иницијативата и можеа да израмнат, но по вторниот погодок од контра која мораше многу подобро да се изведе, можевме да им дадеме уште неколку голови.
Недостасува напаѓач и тоа е повеќе од очигледно. Имавме една ситуација каде што некој повлече напад (мислам Аврамовски), Јовче втрчува на крило, Цветановски место да вкрсти и да тргне во средина на шеснаесетник, со што единствениот дефанзивец ќе мораше да остави празен простор или за нашето крило или за напаѓачот, тој трча на крила во линија со Попзлатанов. Се дуплираа и пропадна акцијата.