Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Членството во ЕУ за нас и онака е далечна бајка, туку назад во реалноста она што реално треба да не засега се алтернативите кои што повторно се сведуваат на бескрајни изборни циклуси и политички кризи до избирање на нов поглавар по принципот змија да те апне или магаре да...

Медиумите и квази независните аналитичари можат до бескрај да релативизираат и да пуштаат снимки од европски бирократи како леат крокодилски солзи со потсмешливи изјави и испраќање мотивациски писма до нашите црпнати кретеноиди. Во реалноста исходот е квази држава со корумпирани институции, држава која што нема контрола врз 30% од сопствената територија, прикачена како слепо црево, владеена од олигархиски фамилии и амнестирани терористи, држава без перспектива...дури и самата терминологија на држава и државност е дискутабилна во моментов. Некогаш не ословуваа како вештачка творба, денес и де факто сме тоа. Територија каде што уставот е само декор, потчинета на срамни договори и уцени.
 
Ај Меркел и Макрон ќе ни се обратат во негово име.

...за да не‘ информисат дека Зоки поднесуел оставка која фрау Меркел и месје Макрон му ја сугерисале, ама Зоки као ја нејќел...
 
Ми ја разбра поентата. Ама самиот факт што Србите се во предност заради религијата, ја прави Европа не баш така либерална и отворена како што сака да се презентира.

Иако после последниве Вучиќ - Рама средби и планот за креирање некоја западнобалканска федерација од нецентрализиран тип, изгледа дека цел Западен Балкан е бар 30-40 години далеку од ЕУ.
Не е идеален избор интегрирањето во Европа, ама е најдобриот избор за сега. Најблиската алтернатива и повозможна ти е Турција, па ќе видиш ти што значи либералност.
А се повеќе добива влијание.

Мислам дека малце е рано за западнобалканска федерација.
 
Продадовме кучата што продадовме дај нека не посвојат Дојчланд и Фхранз. Не се лутам на тоа.
Автоматски споено мислење:

Не е идеален избор интегрирањето во Европа, ама е најдобриот избор за сега. Најблиската алтернатива и повозможна ти е Турција, па ќе видиш ти што значи либералност.
А се повеќе добива влијание.

Мислам дека малце е рано за западнобалканска федерација.
Многу овде залетуваат со Турција. Забораваат дека Султан Ердоган е по радикален од Сулејман величенствени.
 
Не е идеален избор интегрирањето во Европа, ама е најдобриот избор за сега. Најблиската алтернатива и повозможна ти е Турција, па ќе видиш ти што значи либералност.
А се повеќе добива влијание.

Мислам дека малце е рано за западнобалканска федерација.
Не реков дека не е најдобриот, ама очигледно е дека таа врата ќе остане затворена на подолго. И Србија и Црна Гора не изгледа како да ќе затвораат поглавја лесно. Турција не е алтернатива, туку 10 чекори назад, и затоа западнобалканска федерација колку и да изгледа далеку, ќе стане неопходност.
 
Па на мала врата и го имаме тоа, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора се оди со лична карта. А чив протекторат ќе биде таа федерација незнам ама ЕУ сигурно не. Тие со ова ни укажаа дека неќат.
 
Делумно си во право. Освен за една работа. Од сите опции што си ги понудил, апсолутно никогаш нема да се случи да биде дел од Блгарија.
Тоа на сите е јасно :)
Со задоволство ќе станете јужни Срби ,а Албанците порано или подоцна ќе ја преземат пола Македонија. Бугарите гниди гнасни да одат по ѓаволите.
 
Тоа на сите е јасно :)
Со задоволство ќе станете јужни Срби ,а Албанците порано или подоцна ќе ја преземат пола Македонија. Бугарите гниди гнасни да одат по ѓаволите.
Не бе. Единствената разлика помеѓу вас и Србите е што тие помалку се замараат со нас. Не се толку напорни. Ама ако веќе може да бираме, славофони Македонци во Грција најдобро, и онака стариот Мицотакис бил загреан за идејата.
 
Не реков дека не е најдобриот, ама очигледно е дека таа врата ќе остане затворена на подолго. И Србија и Црна Гора не изгледа како да ќе затвораат поглавја лесно. Турција не е алтернатива, туку 10 чекори назад, и затоа западнобалканска федерација колку и да изгледа далеку, ќе стане неопходност.
Ги преценуваш балканските народи, премногу фрагилни демократии имаме, еден меѓуетнички инцидент и ќе колапсира таа федерација.
Ама се сложувам дека е неопходност, само мислам дека побрзо ќе е прво во Европа, да се цивилизира малце народот, после да се формира таква федерација за да има економски просперитет, а ние имаме милиони други проблеми кои се поприоритетни од економските.
 
Не бе. Единствената разлика помеѓу вас и Србите е што тие помалку се замараат со нас. Не се толку напорни. Ама ако веќе може да бираме, славофони Македонци во Грција најдобро, и онака стариот Мицотакис бил загреан за идејата.
Колку што знам имало таква понуда за федерација со Грција во 90 тите.
 
Ги преценуваш балканските народи, премногу фрагилни демократии имаме, еден меѓуетнички инцидент и ќе колапсира таа федерација.
Ама се сложувам дека е неопходност, само мислам дека побрзо ќе е прво во Европа, да се цивилизира малце народот, после да се формира таква федерација за да има економски просперитет, а ние имаме милиони други проблеми кои се поприоритетни од економските.
Ок, федерација е пресилен збор. Не би имало ни заедничка полиција, ни заедничка армија, ни заеднички институции. Ама заеднички пазар и слободно движење на луѓе, ќе мора да има.
Колку што знам имало таква понуда за федерација со Грција во 90 тите.
Па не знам колку била понуда, веројатно повеќе било испитување на терен.
 
Колку што знам имало таква понуда за федерација со Грција во 90 тите.

Тоа федерацијата сос јужниот ни сосед беше идеја од Тупурко, кој сметаше дека сите проблеми кои Македонија ги има со Грција, особено со имотите од протераните Македонци од Егејска, ќе бидат решени неверојатно лесно...

Оп, стануваш провинција во Грција и оп, ете ти ги имотите у рука.
 
Па на мала врата и го имаме тоа, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора се оди со лична карта. А чив протекторат ќе биде таа федерација незнам ама ЕУ сигурно не. Тие со ова ни укажаа дека неќат.

Мал шенген дојде како идеа откако Вучиќ и Макрон имаа неколку пати средба последниве година дена, и баш вчера Вучиќ ја коментираше одлуката за МК каде што во меѓу другото кажа дека повторно ќе имал средба со Макрон за брзо време. Така да дело на Франција е ова, веројатно да не замараме за ЕУ а сепак под контрола
 
Каква луда држава сме, сите зборуваат за тој фамозен датум, мислиш утре ќе влезевме во ЕУ, а се работи за почнување на преговори коишто можат да траат и со децении.
ако почнеш преговори повеќе фондови ти се достапни
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom