Делови има и за двата модела.И Фиат и опел секаде ги има, и по достапни цени.
На пример, денес јас сменив 3 каиши, ребраст 850ден, каиш за пумпа 300ден и каиш за алтернатор 300ден на Бравото, тоа е вкупно 1450 ден, а си ги наместив сам, со помош на пријател мајстор.
Уљето е околу 1700 денари Селениа 4 литри, и со него според упатството можеш да возиш 20000км. Со обично масло од 150 денари 1 литро, можеш да возиш околу 5-6000км.Фиат го препорачува Селениа уљето, најдобро го подмачкува моторот и помалку троши и уље и бензин.
Филтер за уље е 250 денари.
Филтер за воздух ти е 250-300 денари.
Филтер за полен 300-350ден.
Сијалички за светла 20-30 денари.
Тие ти се цените стандард за Фиат, и за Опелот се слични цените.
Деловите за дизел моторите се малку поскапи, општо за сите дизели.
--- надополнето ---
Од пред месец дена и јас сум сопственик на Фиат Браво од 98 година, 1.6 16v. Од колата сум презадоволен, има доста опрема ( клима, електрика, серво... ). Направив голем сервис со најквалитетни ( знам дека оваа изјава некој од вас ќе ја земе како релативна ) резервни делови и масло и сето тоа ме чинеше околу 11 000 денари денари сосе работната рака. За потрошувачката неможам да се пофалам, троши околу 11 литри, но има 105 коња кои даваат малку поинакво чувство и задоволство од мотор со 65 -70 коња. Земено предвид дека одлуката да го купам Браво-то не ми беше избрзана туку напротив темелно изанализирана, нормално базирано на моите потреби, би те советувал да земеш Браво. Слободно доколку те интересира нешто подетално пиши ми порака или прашај на форумот. Поздрав.
@cmx1000 : Не би се согласил дека Браво-то е мала градска кола. Ниту пак дека е 2 или 3 класи испод Вектра-та. Не ме сфаќај дека контрирам поради фактот што сум сопственик на Браво, туку едноставно верувај ми Браво-то има што да понуди повеќе од мала градска кола. Поздрав.
Се согласувам со тебе, за тоа дека бравото има што да понуди бидејки јас кога ке застанам на семафор, од што не се слуша моторот, не знам дали колата воопшто работи, исто така и во вожња, многу е мирен моторот и многу мека гастаа, а кога ке ја стиснеш до крај , верувај колку стискаш толку иде, без разлика што јас имам 1.2 мотор, и тој е брз има 81 коњ а тежи 1000кг што е за 200-300 кила полесен од Голфот, но секако не побрз од 1.6 ката. 1.2ката е истиот мотор што се вградува во Пунто спортинг така да исти ти се деловите од моторот во двете коли. Има многу добра вожња не замара во кривини.Многу е комфортна, јас сум висок 190cm и кога ке седнам позади со нормално наместени седишта, од моите коленици до предното седиште има слободен простор од околу 6-7 cm што ретко ми се случило тоа во други коли, освен во Мерцедес е-класа, Пасат и Фиат Добло.
Иначе Бравото спаѓа во класата на Голфот додека Пунтото во класата на Полото кога би споредиле со класите на VW.
Остај го ти CMX1000 што се перчи со Вектрата, јас се кладам дека он со неговиот мотор 1.8 да се трка со 1.6 Бравото, ке изгуби, затоа што е тежок и е потром, ама ај нека се теши пошто тоа ламјата му љока 13 литри во просек, и регистрацијата му е 100 евра поскапа од на бравото,

Ако си одбереш вектра земи си дизелче некое со исузу мотор, бидејки тие најмалку трошат а нели на тебе ти е битна економијата.
Ако си одбереш браво земи си 1.2ка како најекономично од тој модел или 1.6ка ако сакаш поспортска вожња. 1.4ките избегнувај ги.
Еве неколку слики од моето Браво.