Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не станува збор за дупли стандарди туку едно е да имаш големи очекувања, професионалност итн од човек со реноме, искуство и успеси ко Мурињо, друго е да немаш никакви очекувања од тип што е анонимус во тренерските води.Сите немавме очекувања за Оле кога дојде.Е сега Оле не е напаѓан затоа што е идентификуван вистинскиот проблем а тоа не е тој туку Ед и управата.Оле буквално прави или се обидува да прави damage control и да ублажи ситуација откако е дојден.Рашфорд, Мата, Лингард, Матич и Јанг играат ради сплет на околности т.е. немање кој друг што исто не е кривица на Оле.Ни под разно не може да се спореди Оле со Мурињо во изјавите после фрлени +300милиони и неколку сезони да среди шут и отпад, да ти вика мурињо дека тоа што Севиља не избацува не е нешто ново за клубот е апсолутно неприфатливо и ред слични изјави.Да не сака на секоја уткамица различна проститука орално да го задоволува специјалниот за да не плаче? :toe:

Оле има маани повеќе, ама нема сврха да се куди по човекот затоа што проблемот е ист.Да ти направам аналогија, колку сакаш чорапи менувај, џабе ти е се кога ти смрдат нозете.И по курто, мурто(ова буквално е така).Се труди човекот, носи добри стратешки потези околу идниот тим и иднината на клубот, додека Мурињо почна по се живо и диво да напаѓа при крајот.Има разлика во тој дел огромна.

ПС: Дека бил мек чисто сумњам, збореше Рој Кин(после не знам која утакмица) да не не' залажува смирената фаца, типот врие во себе и сигурно ќе распали по телињата.

ППС: Како бе Мурињо никад јавно не искритикувал играл?Нели рече дека Шо знае да игра едно полувреме додека му сугерира менаџерот што да прави ко да е на плејстејшн?Или дека не е фит.За Марсијал исто јадеше трици.За Погба исто јадеше трици кога освои Франција светско и додатно се замерија двајцата тогаш.За Микитарјан имаше прокоментирано неколку пати.

Чекај малку сега. Секој што ќе биде на кормило перманентно во клуб како Јунајтед мора да има очекувања од играње убав и допадлив фудбал до резултатски успех. Кога дојде дури не го потпиша перманентниот договор точно дека никој немаше очекување кон него, но очекувањата од него започонаа по ставањето на неговиот потпис на договорот. Значи очекувањата од играње убав и допадлив фудбал и резултатски успеси од почеток на сезоната не се реализираат како прво. Да играме нешто што ќе ни влева надеж и да немаме резултатски успех поради немање среќа и немање искуство на младите и 99% овде ќе прифатиме како солидна основа за нареден период, но ние не играме воопшто добар и допадлив фудбал.

Како второ убеден сум дека доколку запнеше по напаѓач и играч за врска ќе му беа доведени. Знаеш зошто не му е доведен напаѓач? Затоа што тврдоглаво верува дека Рашфорд и Марсиал ќе му бидат носители во форот, а Гринвуд ќе биде одличен бекап (што е сеуште преголем залак за него и покрај тоа што е одличен). Првиот има вртоглав пад на формата, вториот одигра добро (рака на срце) - но повредата го одалечува веќе од 3 коло навака, за Гринвуд е прерано да очекуваме дека може од меч на меч константно да брилијира. Самиот даде таква изјава дека дозволувањето Лукаку и Санчез да заминат и неносење на нивна замена е од причина Гринвуд да избие и да добие шанса. Сите бевме тука спектици во ваквата одлука и ако би не прашале би посакувале да се носеше замена за Лукаку. Од сегашна гледна точка повеќе би преферирал Гринвуд во Чемпионшип да билдаше минути и од вгодина да ја добиеше оваа шанса, отколку вака да се сите очекувања вперени во него зошто Рашфорд не може да се носи со одговорноста. За играч за врска исто така сум сигурен дека доколку се одлучеше за некого ќе се доведеше. За Фернандес испадна дека не сме биле заинтересирани, се пропуштија играчи како Тилеманс, Парти имаше мала откупна клаузула...Од друга страна се насочи дека Переира (доби нов договор) ќе може да биде првотимец и се ослона на МекТоминеј (што е прав погодок). Ова се менаџерски одлуки според мене, не е вина на Ед. Управата и тоа како застана зад Оле со тоа што до крај одеше по Мегваер и испука 80м фунти, како и за АВБ. Вината кај Ед е што не дозволува да постави човек кој ќе го води фудбалскиот дел во клубот од аспект на долгорочна фудбалска страна за да има континиутет работењето. Ако е Оле неуспешен да се бара менаџер кој ќе биде во склад на традицијата и филозофијата на Јунајтед, а не некој катанаџо тип. Да се бараат играчи кои ќе одговараат на филозофијата на Јунајтед, а не ликови како Дармиан...Да доведе Ед саглам човек за фудбалски директор, ние нема да имаме мака со Ед.

Значи моменталната ситуација што не играме убав и допадлив фудбал до немањето резултатски успех од почеток на сезона ако бидеме објективни оди на сметка на Оле, а не да се бара алиби и оправдувања дека не е крив зошто не му донеле играчи и морал да ги игра Мата, Матиќ...Па на Мата можеше комотно да не му се продолжи договорот, но очигледно со одобрение на Оле му е продолжен истиот. Друго што го потенцирам доста пати на темава е тоа што Оле беше во предност пред сите негови претходници е тоа што 6 месеци веќе беше во клубот и добро беше запознат со квалитетот и карактерот на сите поединци. Доволен период да оцени и да процени, па можеше уште во Јуни да прецрта на кои играчи не може да се ослони и да смета и кои дупки е неопходно да се пополнат. Впрочем тоа го најави уште по мечот со Евертон. Ние овде имавме детектирано дека ни треба десен бек, стопер, играч за врска и десно крило. Со заминувањето на Лукаку би се сложиле и дека ни треба напаѓач. Пополнати се 2 од 4 позиции и во уште 1 позиција се создаде дупка. Дополнително се создадоа дупки со заминувањето на Ерера и Фелаини пред тоа како опции од клупа кои многу би ни се нашле.

Е сега дали бил мек или строг не можам да проценам, но од тоа што го гледаме нема некоја промена од мечот со Кристал Палас навака. Јас констатирав дека забележувам дека некои играчи се во т.н. комфорна зона и мува не ги лази. Не гледам никакво посебно залагање од Рашфорд и Лингард на терен. Дали тоа се должи на изјавите дека Оле е задоволен од играчите, дали во соблекувална не превзема ништо тие да се подобрат не знам...

За Мурињо пишав дека не ги споредувам, ниту го бранам. Го врзав во контекст дека доколку тој дадеше таква изјава цела фан база ќе го ногираше, а британските медиуми веќе трет ден ќе им беше главна вест. Жозе не беше нешто подобар во изјавите, но коментирав дека не ги коментирал играчите на начинот кој што ти го парафразираше. За индивидуално тие што ги наброја не беше тој начинот, ама не е поентата на дискусијата да се навлегува на тоа.

Јас гледам двојни стандарди од фан базата помеѓу изјавата на Оле и таа на Жозе, а според мене се во горе-долу иста линија - не смее менаџер на Јунајтед да си дозволи таква изјава. Колку да ни е Оле мил како фудбалска легенда, реално е да бидеме објективни за некои работи.
 
После дебаклот на Мурињо сакаш да кажеш дека имаше очекувања од Оле да направи нешто?Едино очекување лично ми беше да не завршиме во 2ра лига.А за летниот период после продавањето на Алексис и Лукаку, неносењето на замени за средина и напад од авион беше јасно дека нешто вакво ќе не снајде.Барем јас не се излажав со победата од 4-0 на Челзи, тимов знае да игра контра и толку.

Инаку заедно со Сити, Јунајтед има најдобра одбрана во сите натпреварувања споредено со топ6 екипите, по 8 гола сме примиле, додека Арсенал 11 мислам беа, Ливерпул 15, Челзи нешто повеќе, Тотенхем беа 20+.Ова е одлична статистика и е добра основа да се гради нешто врз ова.
Автоматски споено мислење:



Теренот магично поминал bounce test, имал 3пати полоши резултати од не ми текнува кој белгиски тим(тимов им го одбиле стадионот).Плус Оле рече уште од старт дека мизерија е теренот и дека во норвершка и скандинавија има 3 пати по асални терени и тој што играа не би прошол во Скандинавија.Допуни дека ќе е среќен ако не се повреди некој играч посериозно посочувајки на повреди на коленото.

Ругајте го АЗ, ама дефанзивно беа перфектни, мислам дека peak тимови на Мурињо би биле рамниште на таква дефанзивна организација.
Зборам за од кога дојде Оле, паметам тогаш се вртеа секакви муабети мене лично не ми се сфиѓаше во времето на Мурињо стилот на игра, дефанзивниот пристап ма ништо не ми се сфиќѓаше кај него. Изјавите и критиките ми беа капак.
А и од Оле очекував повеќе и добро почна мене лично ми ги крена очекувањата. За оваа сезона уште летото знаев дека не треба ништо да очекувам спектакуларно и дека не очекувам возбудлива сезона и го пишав тука.
Автоматски споено мислење:

Они кога гледаш, од шупло во празно.
Тоа е , сите исто мислиме различно интерпретираме, само Рик Јунајтед има дупка и розеви наочари.
 
Последно уредено:
Оваа сезона не знам зошто упорно води инает, игра 4 2 3 1 со Погба назад. Kога дојде Декември, Јануари на сите утакмици Погба игра 10ка и нормално тие утакмици се истураме секоја утакмица по 3-4 гола, а тој секоја утакмица асистира или погодува. Не разбирам шо не му е јасно, и сам беше сведок на то, 10 утакмици абер нема да промени да го пушти да оди офанзивно а назад со Мек Томинеј и Фред.
 
Оваа сезона не знам зошто упорно води инает, игра 4 2 3 1 со Погба назад. Kога дојде Декември, Јануари на сите утакмици Погба игра 10ка и нормално тие утакмици се истураме секоја утакмица по 3-4 гола, а тој секоја утакмица асистира или погодува. Не разбирам шо не му е јасно, и сам беше сведок на то, 10 утакмици абер нема да промени да го пушти да оди офанзивно а назад со Мек Томинеј и Фред.
Оти нема кој да игра средина. Матиќ е мртов, Фред како е мува без глава, а Херера си замина.
 
Оти нема кој да игра средина. Матиќ е мртов, Фред како е мува без глава, а Херера си замина.
Матич(Фред), Мектоминеј
И пред нив Погба

Сигурно нема да биде полошо од ова сега..
 
Загрижуваат неколку работи кај Оле сезонава.
  • Изјавиве на Оле во пост мечевите. Се некако сме немале среќа, нон стоп ги збори недосудените пенали, како тоа ке го сменело мечот бла бла, а уствари сме очобол невиден и не знам како може да се фаќа за ситни позитиви. Пак ја збориме таа изјава против АЗ, дека добро играле. Се што требаше да направи е да каже: - Теренот е вештачка трева, не ни одговараше за игра зашто е ризичен, се пазевме од повреди, и ке имаме подобар перформанс на Олд Трафорд. И никој немаше да му замери за истата.

  • Доцнење со измени. Против Лестер, не притиснаа 10 минути од некаде 58-68' минута, он направи измена некаде 72-ра а 10 минути ни висеше голот. Против Арсенал исто така не го почувствува моментот кога треба да ја забави играта.

  • Форсирање со иста формација. Запнат е со 4-2-3-1, а ниту има саглам 10-ка, јер Погба му игра во тој двоен заден пивот, ниту пак има десно крило. Дај смени нешто против послаби екипи, пробај против Рочдејл со 4-3-3 или 4-4-2. Многу WTF момент беше кога Гринвуд за кој што вика дека е најдобар финишер, го стави да игра крило против АЗ, а Рашфорд го остави како централен напаѓач.

  • Никаква промена во начинот на изведување на слободни прекини/корни. Од единствената остра топка што ја изведе Јанг против Арсенал, МекТоминеј имаше 100% шанса за гол. Оние балон топки кон Мегваер не можам да ги гледам, комично е дури. Уште 100 години нема да дадеме гол со глава на тој начин, дај јеботе смени нешто, што правите на тренинг.

    Земи му ги слободните од Рашфорд, дај му на Фред, Мата, Линделоф (Има изведувано слободни во Бенфика), Погба, барем дур не си ја врати самодовербата.
Јунајтед во моментов е екипа против која многу лесно може да се игра фудбал. Дај им нека играат по крила, затвори им го приодот по средина, и дај им посед. 100 години не може да дадат гол од крило, зашто нити имаат играч кој може да пробие по крило(десно), нити пак имаат играчи кој може да дадат добар центаршут. А и да набацат, во напад ги имаме Рашфорд, кој не знам кога последен пат дал гол со глава, ултра нискиот Џејмс и Лингард/Переира. Со персоналот кој го имаме во моментот, треба да се ослониме на брз проток на топка, што за нас е научна фантастика во моментов. Манџукиќ би ни дал нова димензија во нападот, зашто е корпулентен напаѓач и може да спушти топка.

Ко за крај, срамно е што играч кој целиот свој живот го поминал во најлутиот ривал на Јунајтед, отворено лупна по сопствениците, и како онака како што е, дека дур Јунајтед генерира пари, дека ги боли таквото за резултатите на терен, па се дозволени курташаците на Ед.

Од друга страна, легендата наша Гери Невил ќути ко пичка за Лингард, Рашфорд, начинот на кој се води делот со скаутингот. Мартинели кој игра сега во Арсенал лани бил на проба во Јунајтед. Би сакал да знам која будала му кажала дека не е доволно квалитетен за кај нас.

Не памтам дека некогаш вака индифирентно сум се чувствувал за утакмици, ова е очобол од невидени размери, и не можам да разберам како не беа нашиве поагресивни да пополнат барем уште 2 позиции, десно крило и уште еден играч за во средина или напаѓач.

Загрижува тоа што кај секој нов тренер се гледаат знаци на унапредување на во поголемиот дел на играта во исчекување на уште засилувања, како на пример кај Клоп, кога беа машинерија за голови, ама примаат дупло повеќе, па се знаеше каде и што треба да се купи. Исто и кај Пеп, кога во втора сезона ги купи играчите што му ги требаше. Кај нас некако работава иде од стагнација кон дегресија. Не знам дали само поголемиот дел од персоналот е лош, или има удел и кај тренерот. Да кажеме дека одбраната е подобрена во поглед на примени голови, ама нас и даље Јанг ни игра бек.

За мене, Оле има фора до Нова Година наредната година. Ако и тогаш го гледаме истиов очобол, по уште 2 трансфер периода, проблемот не е само кај управата, туку и кај самиот тренер.
 
Ne go tupite za Solskjer, ocigledno megju redovi na presovite si prizna za transfer pazarot, i za tri meseci kje se koregira. So vakvi slabi Totenhem, Celzi i Arsenal, i so dobar pazar vo Januari LS kje se plasirame.
Сеа да не те враќам месец уназад кога заклучивме дека и 5то ќе биде премија. Па и најслаби да се другите Јунајтед пак ништо нема да направи. Нели гледаш т.е. како издржуваш да го гледаш овој нефудбал што го играат, мене стварно не ми е јасно.
Или тролаш, трето нема.
 
Сеа да не те враќам месец уназад кога заклучивме дека и 5то ќе биде премија. Па и најслаби да се другите Јунајтед пак ништо нема да направи. Нели гледаш т.е. како издржуваш да го гледаш овој нефудбал што го играат, мене стварно не ми е јасно.
Или тролаш, трето нема.
Ne se dobri igrite, sto ne znaci deka kje ostane taka. Da se vratat van bisaka, so, marsi, pogba i kje gledame dr mancester od prvite dve kola koga site bea fit.
Ne moze Ras celo vreme vaka da igra, kje dojdat golovite.

Ole tocno znae sto pravi. Sprema onoj novinarot na Mancester news Solskjer redovno gi rendal vo soblekuvalnata. Kje dojdat i performanso i rezultatite, treba strpenie. Ne moze za pola godina da se popravat greskite od poslednite sedum godini. Ole e vistinskiot izbor. Veruvajte vo Ole.
 
Од тоа дај му време на Марсијал па на Погба па на Линделоф па на Ван Гал, Мурињо, Оле си пати клубов


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Од тоа дај му време на Марсијал па на Погба па на Линделоф па на Ван Гал, Мурињо, Оле си пати клубов


Sent from my iPhone using Tapatalk
Па не ни преостанува ништо друго освен да го поржуваме клубот, Оле не е толку среќен со составот само го крие тоа му го оставиа Матич и му го продолжиа договорот на Мата и уште мора да го користи Јанг во составот затоа што на газдите не ми се трошеше пари. Ed Woodward и понатаму не регрутира директор за фудбал кој ќе се грижи за трансферите како што поголемиот дел на успешни клубови во моментов.
Во јануари ако не успееме да регрутираме играчи од среден ред сезоната ќе ја завршиме под 10 место.
 
А ние тука пишуваме што може да е проблемот.Ние и да сакаме не можеме да ги решиме проблемите, ама кога веќе почна па и јас да прашам.
Заради кои причини на Оле не му беа донесени замени за Херера, десно крило, тогаш немаше да има потреба толку од напаѓач?
 
А ние тука пишуваме што може да е проблемот.Ние и да сакаме не можеме да ги решиме проблемите, ама кога веќе почна па и јас да прашам.
Заради кои причини на Оле не му беа донесени замени за Херера, десно крило, тогаш немаше да има потреба толку од напаѓач?
се согласувам ама не само замена за Херера ќе ни треба минимум 2 играчи во средниот ред како што ни требаше на почетокот на летото голема грешка е што останаа Мата и Матич.
 
И јас ги гледав 2та лоши беа, Мата никогаш не го сакав ама тука се полемизираше дека е добар и дека има добра техника и така е искусен е а и ни треба искусни. А Матич слаб беше уште летото, не знам што не го шитнаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom