- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.851
- Поени од реакции
- 9.763
Не станува збор за дупли стандарди туку едно е да имаш големи очекувања, професионалност итн од човек со реноме, искуство и успеси ко Мурињо, друго е да немаш никакви очекувања од тип што е анонимус во тренерските води.Сите немавме очекувања за Оле кога дојде.Е сега Оле не е напаѓан затоа што е идентификуван вистинскиот проблем а тоа не е тој туку Ед и управата.Оле буквално прави или се обидува да прави damage control и да ублажи ситуација откако е дојден.Рашфорд, Мата, Лингард, Матич и Јанг играат ради сплет на околности т.е. немање кој друг што исто не е кривица на Оле.Ни под разно не може да се спореди Оле со Мурињо во изјавите после фрлени +300милиони и неколку сезони да среди шут и отпад, да ти вика мурињо дека тоа што Севиља не избацува не е нешто ново за клубот е апсолутно неприфатливо и ред слични изјави.Да не сака на секоја уткамица различна проститука орално да го задоволува специјалниот за да не плаче?
Оле има маани повеќе, ама нема сврха да се куди по човекот затоа што проблемот е ист.Да ти направам аналогија, колку сакаш чорапи менувај, џабе ти е се кога ти смрдат нозете.И по курто, мурто(ова буквално е така).Се труди човекот, носи добри стратешки потези околу идниот тим и иднината на клубот, додека Мурињо почна по се живо и диво да напаѓа при крајот.Има разлика во тој дел огромна.
ПС: Дека бил мек чисто сумњам, збореше Рој Кин(после не знам која утакмица) да не не' залажува смирената фаца, типот врие во себе и сигурно ќе распали по телињата.
ППС: Како бе Мурињо никад јавно не искритикувал играл?Нели рече дека Шо знае да игра едно полувреме додека му сугерира менаџерот што да прави ко да е на плејстејшн?Или дека не е фит.За Марсијал исто јадеше трици.За Погба исто јадеше трици кога освои Франција светско и додатно се замерија двајцата тогаш.За Микитарјан имаше прокоментирано неколку пати.
Чекај малку сега. Секој што ќе биде на кормило перманентно во клуб како Јунајтед мора да има очекувања од играње убав и допадлив фудбал до резултатски успех. Кога дојде дури не го потпиша перманентниот договор точно дека никој немаше очекување кон него, но очекувањата од него започонаа по ставањето на неговиот потпис на договорот. Значи очекувањата од играње убав и допадлив фудбал и резултатски успеси од почеток на сезоната не се реализираат како прво. Да играме нешто што ќе ни влева надеж и да немаме резултатски успех поради немање среќа и немање искуство на младите и 99% овде ќе прифатиме како солидна основа за нареден период, но ние не играме воопшто добар и допадлив фудбал.
Како второ убеден сум дека доколку запнеше по напаѓач и играч за врска ќе му беа доведени. Знаеш зошто не му е доведен напаѓач? Затоа што тврдоглаво верува дека Рашфорд и Марсиал ќе му бидат носители во форот, а Гринвуд ќе биде одличен бекап (што е сеуште преголем залак за него и покрај тоа што е одличен). Првиот има вртоглав пад на формата, вториот одигра добро (рака на срце) - но повредата го одалечува веќе од 3 коло навака, за Гринвуд е прерано да очекуваме дека може од меч на меч константно да брилијира. Самиот даде таква изјава дека дозволувањето Лукаку и Санчез да заминат и неносење на нивна замена е од причина Гринвуд да избие и да добие шанса. Сите бевме тука спектици во ваквата одлука и ако би не прашале би посакувале да се носеше замена за Лукаку. Од сегашна гледна точка повеќе би преферирал Гринвуд во Чемпионшип да билдаше минути и од вгодина да ја добиеше оваа шанса, отколку вака да се сите очекувања вперени во него зошто Рашфорд не може да се носи со одговорноста. За играч за врска исто така сум сигурен дека доколку се одлучеше за некого ќе се доведеше. За Фернандес испадна дека не сме биле заинтересирани, се пропуштија играчи како Тилеманс, Парти имаше мала откупна клаузула...Од друга страна се насочи дека Переира (доби нов договор) ќе може да биде првотимец и се ослона на МекТоминеј (што е прав погодок). Ова се менаџерски одлуки според мене, не е вина на Ед. Управата и тоа како застана зад Оле со тоа што до крај одеше по Мегваер и испука 80м фунти, како и за АВБ. Вината кај Ед е што не дозволува да постави човек кој ќе го води фудбалскиот дел во клубот од аспект на долгорочна фудбалска страна за да има континиутет работењето. Ако е Оле неуспешен да се бара менаџер кој ќе биде во склад на традицијата и филозофијата на Јунајтед, а не некој катанаџо тип. Да се бараат играчи кои ќе одговараат на филозофијата на Јунајтед, а не ликови како Дармиан...Да доведе Ед саглам човек за фудбалски директор, ние нема да имаме мака со Ед.
Значи моменталната ситуација што не играме убав и допадлив фудбал до немањето резултатски успех од почеток на сезона ако бидеме објективни оди на сметка на Оле, а не да се бара алиби и оправдувања дека не е крив зошто не му донеле играчи и морал да ги игра Мата, Матиќ...Па на Мата можеше комотно да не му се продолжи договорот, но очигледно со одобрение на Оле му е продолжен истиот. Друго што го потенцирам доста пати на темава е тоа што Оле беше во предност пред сите негови претходници е тоа што 6 месеци веќе беше во клубот и добро беше запознат со квалитетот и карактерот на сите поединци. Доволен период да оцени и да процени, па можеше уште во Јуни да прецрта на кои играчи не може да се ослони и да смета и кои дупки е неопходно да се пополнат. Впрочем тоа го најави уште по мечот со Евертон. Ние овде имавме детектирано дека ни треба десен бек, стопер, играч за врска и десно крило. Со заминувањето на Лукаку би се сложиле и дека ни треба напаѓач. Пополнати се 2 од 4 позиции и во уште 1 позиција се создаде дупка. Дополнително се создадоа дупки со заминувањето на Ерера и Фелаини пред тоа како опции од клупа кои многу би ни се нашле.
Е сега дали бил мек или строг не можам да проценам, но од тоа што го гледаме нема некоја промена од мечот со Кристал Палас навака. Јас констатирав дека забележувам дека некои играчи се во т.н. комфорна зона и мува не ги лази. Не гледам никакво посебно залагање од Рашфорд и Лингард на терен. Дали тоа се должи на изјавите дека Оле е задоволен од играчите, дали во соблекувална не превзема ништо тие да се подобрат не знам...
За Мурињо пишав дека не ги споредувам, ниту го бранам. Го врзав во контекст дека доколку тој дадеше таква изјава цела фан база ќе го ногираше, а британските медиуми веќе трет ден ќе им беше главна вест. Жозе не беше нешто подобар во изјавите, но коментирав дека не ги коментирал играчите на начинот кој што ти го парафразираше. За индивидуално тие што ги наброја не беше тој начинот, ама не е поентата на дискусијата да се навлегува на тоа.
Јас гледам двојни стандарди од фан базата помеѓу изјавата на Оле и таа на Жозе, а според мене се во горе-долу иста линија - не смее менаџер на Јунајтед да си дозволи таква изјава. Колку да ни е Оле мил како фудбалска легенда, реално е да бидеме објективни за некои работи.