- Член од
- 11 мај 2008
- Мислења
- 3.358
- Поени од реакции
- 7.343
Вардар почна да го стига заморот и паузата доаѓа во право време. Онаа, мора да бидеме искрени, никаква игра во второто полувреме е резултат на истото. Особено кога недостасуваат битни првотимци како Мицевски и поготово Жуниор. Поп Златанов не е ни сенка од него. Се надевам дека после паузата ќе се вратиме екипирани и одморени, иако денеска добивме голем број на жолти картони (добар дел од нив сосем непотребни) и не сум во тек дали некој веќе акумилира за да одлежи еден меч суспензија. Треба да бидеме презадоволни од првиот круг, али има уште многу да се игра и нема потреба од правење некаква еуфорија зашто предноста ептен лесно се топи. Се уверивме и лани...