Не се сложувам.
Ок, има и хумор во коментаров, ама ај кога веќе се почна муабет за филмов па да кажам и ја нешто
Мислам дека филмов има најдобар ориџин стори за Бетмен што било кога и било каде се прикажал.
Само дете е Брус. Неговите родители се скапани. И тој наместо да оди по нивен пат и да не му е гајел за обичните луѓе, наместо да прифати да живее богат живот - решава да стане симбол на надеж.
Завршува филмот во хаос.
Улиците горат. Народот е несреќен. Спремни се сите за класна војна.
Но. Знаеме дека ќе се појави надеж за Готам. Ќе се појави симбол. Ќе се појави Бетмен.
И пази, на Артур Флек никој не му обрнува внимание.
Кога Артур Флек го викна Брус...детето си дојде и (како најголем идиот) седеше додека овој му правеше трикови.
Брус не го третираше Артур како сите други што го третираа. (да, малце беше глупо што детево кежуал доаѓа странец да му пика прсти во усти али јбг)
Артур Флек пораснал без родител и со мајка што не се грижела за него.
Општеството од него очекува да биде лузер и...тој станува токму тоа. Лузер што е огорчен од општеството.
Брус Вејн ќе порасне без родители. Двајцата се убиени пред него од страна на човек што ги мрази богаташите.
Општеството од него очекува да стане ист како татко му и да биде човек што не му е гајле за обичните луѓе.
Тој станува баш спротивното. Човек што се бори против неправдите.
Овој филм имаше најдобар ориџин стори за Бетмен.
Бетмен и Џокер се различни страни на иста паричка, но кога се соочени со неправдата двајцата реагираат на различен начин.