Да не зборуваме на памет.
На пазарот на ваков тип на рентање коли, цените се од 500 до 1000 денари за возило.
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/413264?searchID=1276691&Idx=3
400-500 би биле Тико, Матиз, некое постаро количе. 1000 денари Mercedes E, BMW 5 ...
Вектра би била некаде 500-600 денари дневно.
Клиентот ја поправа колата ако ја чукни, гребни и недај Боже ја слупа.
Сепак амортизери, јабучици, кочници, серивиси, регистрации...ти паше плаќаш. А овие работи ите како откажуваат кај било кое возило.
Мој совет, не ја давај колата на било кого. Нека вози некој што имаш доверба во него. Сум слушал приказни за крадење, видно оштетутвање на колите ...
15-18000 денари месечно од кола не е мала работа. А ако имаш 3 коли...околу 750-900 евра ти се собираат.
Пола од тие пари да ги даваш за сервис месечно (што не е голема веројатност) 360-450 евра ти остануваат. Проблемот е да најдеш доволно возачи кои добро ќе ти ја чуваат колата.
Ако имаш кеш 10000 евра се исплаќа...ако плаќаш кредит...не знам колку многу....
Порано знам колите се даваа во такси компаниите и тие плаќаа „кирија“. Е сега, дали сеуште е така или е ствар на договор меѓу тебе и возачот ...не знам...