Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Што се однесува до негирањето на фактите, јас сум единствениот во конверзацијава кој што дава бројки и извори за своите тврдења вие другите мавате рекла казала муабети и искривени сеќавања.

Други биле потребите и други биле трошоците. Реално, во споредба со 60ти и да ги тргнеме сите работи што се продукт на технолошкиот напредок пак се луксузираме. Колите во Југославија беа реткост, не во капиталистичка Европа исто и со телевизорите и телефоните. Југославија секогаш била неколку чекори зад западот како и тогаш така и денес.

А за куќа како се градело знам моите како граделе. Дедо ми како мал цела фамилија и циглите сами си ги правеа затоа што ги протераа од нивната куќа, не беа подобни во тој режим.Со месеци на отворено спиеле пред да изградат нешто што потсеќа на куќа, па после години дур да довршат тоа. Покасно дедо ми својата си ја градеше така што парите ги направи во Германија.

Другиот дедо крадеше дрва, цигли, па на крај мучки и 300 компензации правеше и сам си ја ѕидаше куќата без туѓа работна рака. Се тоа со уште една плата од баба ми дома. И денес ако сакаш можеш така да ја изградиш ако си спремен со години мака да мачиш.

Пак ќе кажам,во 19ти векбез ниту една плата се градело куќа и се гледало фамилија....
Ако ги одземеме
-повеќето коли
-поголемите станови
-повеќето избор на храна
-поголемата слобода на говор
-можноста да зборуваш против власта
-подоброто здравство
-компјутерите
-телефоните
-машините за перење миење итн
-телевизорите
-интернетот
-ефтините авиопатувања (ВИЗЗ АИР)
-можноста сам да заработуваш и да водиш бизнис
-можноста да учествуваш во бизнис (акции, обврзниции итн)
-повеќето продавници и избор од игла до локомотива
-опасноста да завршиш на Голи Оток или стрелан или тепан
-слобода на вероисповест, можеш да се молиш на кого сакаш
Во СФРЈ било подобро од денес...
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Значи според тебе тие 45 години биле виновни што сега фирмите и граѓаните должат само на даноци и придонеси околу 160 милиони евра. Што фирмите и граѓаните дополнително должат кон банките само по основ на ненаменски кредити околу 1.4 милијарди евра, а севкупно околу 4.5 милијарди евра. Навистина мислиш дека оваа задложеност е од тоа време?
Да, тие 45 години се криви затоа што го имаме овој накараден систем што го созадате елитата што го водеше претходниот. Само што го нема веќе Тиле да го покрие цехот со ефтини кредити од неговите покровители од странство.
Тие 45 години ги потрошивме дрпајќи (реално сите краделе во тоа време, работниците и директорите од фирмата, администрацијата и политичарите директ од државата) и градејќи систем и фабрики без никаква пазарна смисла, што 45 години го уништивме претприемачкиот дух на народот и што сега не знаеме да се снајдеме.
Инаку не знам дали си свесен, но загубите на претпијатијата во Југославија беа 15% од нејзиниот БДП, а покриеноста на увозот со извозот во 1979та е мизерни 48%. Толку од митот дека многу се произведувало и дека фабриките добро работеле.
Овие загуби во комбинација со екстремни нивоа на инфлација и невработеност доведоа до целосен крах на тој систем. Дури и предолго траеше тој систем живеејќи речиси исклучиво од странските кредити, гастарбајтерите и туристите од западот.

имаш некој податок? Знам дека не беше баш така. Башка најголем број беа нови возила, од салон. За разлика од сега кога 1/3 население нема свое возило ем најголемиот број се се на старо од пред 10-15-20 години и повеќе
Просечна старост на возила е 20 години
Во Југославија рекордната 1990та во првите 10 месеци биле продадени 182.000 возила (коли, камиони, комбиња, автобуси).
Во 2018та година само во Словенија биле продадени 85,544 возила.

Беа тоа нови коли од салон, но какви? Свесен сум за технолошкиот напред,но реалноста е дека колите кои што народот во Југославија ги има возено во својата ера биле едни од најлошите во светот. На крајот од краиштата сега имаме огромен избор на возила и за тие со поплитки џебови има добри, но постари коли. Не е веќе светско чудо комшијата да донесе Југо 45 како што би рекле Забрањено пушење.

Инаку еве за информација колку требало да работиш во Југославија со просечна плата за да купиш една кола. https://www.nezavisne.com/automobili/recenzije/Koliko-je-u-Jugoslaviji-moralo-da-se-radi-za-kupovinu-automobila/539082

За најефтината кола си требало да работиш 19 месеци, а за најефтината странска кола (Шкода) - 31.
Водејќи се по овие бројки, 19 месеци со статистички просечната плата од 410 евра доаѓаме до околу 8000 евра.
Ако денес работиш 31 месец со просечната плата тоа се 12.710 евра што доаѓаме веќе до цифрата за поефтините нови коли денес. За најефтината западна кола си морало да дадеш 35 месечни плати што во денешен износ во Македонија би било 14.350 евра.
Значи стандардот кога станува збор за коли биле горе-доле ист само што сега имаш поголема слобода и голем избор на половни возила во добра состојба.

edti. Лажам....за нов Голф си требало да работиш 96 месеци. 96 месечни плати денес ти купуваат ново БМВ/Мерцедес и што се не.

Еве уште нешто Од вкупно 697529 станови во 2002ра, 578789 (83%) се изградени 1945-1990та. Само 17% за 22 години. Или просечно 45-90та 12000 станови годишно, 90-2002 по 9900 станови годишно. Последната деценија динамиката е уште помала, по 5-6000 станови годишно. Притоа тогашни станови далеку поефтини и прифатливи (често и општествени, подоцна многу ниска цена) за граѓаните, најчесто работници и службеници отколку периодот 1990-2019, посебно последните 2 децении со цени од 800-1300 и повеќе евра м2.
Споредуваш баби и жаби. Реков, има рапидна модернизација во тоа време и масовната урбанизација е дел од тоа. За кого би се граделе денес по 12.000 станови годишно? Нема веќе толку народ што може да го спикаш по градовите затоа што веќе процесот на урбанизација е завршен. Пред 1945та најголем дел од народот има живеено на село. Сосема е нормално да се градат повеќе станови.
Автоматски споено мислење:

Уште ако почнам како некогаш во Белград и Загреб можев слободно да преспијам во парк, а сега морам да се чувам и дома... Кражби и убивства на секој чекор. За тебе тоа е подобро?

Мислам дека се разбравме. За мене беше подобро во Југославија, за тебе (мислиш дека) е подобро сега.
Повеќе немам (има ама залудно нема потреба да пишувам) што да кажам.
Ете ја носталгијата и искривената перцепција на дело. Ти си можел да преспиеш во парк во Белград и Загреб затоа што си бил млад и осилен. Сега си постар и знаеш подобро од тоа.
Дали си свесен дека стапката на убиства е преполовена во однос на таа од последната деценија во Југославија и 1/4 од таа што била во нејзините почетоци? Во 2017та на простор на бишва Југославија си имал 267 убиства, а 1950-1954та просечно си имал по 825 убиства.
Ние младите денес сме од мочка правени што би рекле вие постарите. Ни да се степаме и утепаме како треба не знаеме веќе.... :D

Инаку јас 2009та спиев во парк во Белград чекајќи автобус и 2013та во Прилеп на автобуската. Ништо не ми се случи и на двете места. Сега малце постар не би се нафатил на такво нешто да се глупирам во парк да отспијам. Не дека нешто е сменето во тие места на полошо него јас сум сменет.

Јас не тврдам дека сега е подобро. Сметам дека во многу аспекти е исто, само што сега имаме повеќе модерна технологија и што можеме многу погласно да зборуваме за проблемите па ни се чинат дека ги има повеќе.
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Ако ги одземеме
-повеќето коли
-поголемите станови
-повеќето избор на храна
-поголемата слобода на говор
-можноста да зборуваш против власта
-подоброто здравство
-компјутерите
-телефоните
-машините за перење миење итн
-телевизорите
-интернетот
-ефтините авиопатувања (ВИЗЗ АИР)
-можноста сам да заработуваш и да водиш бизнис
-можноста да учествуваш во бизнис (акции, обврзниции итн)
-повеќето продавници и избор од игла до локомотива
-опасноста да завршиш на Голи Оток или стрелан или тепан
-слобода на вероисповест, можеш да се молиш на кого сакаш
Во СФРЈ било подобро од денес...
1. Повеќето коли се со просек од 19 години...Повеќето коли од 365 дена во годината 35-40 дена престојуваат во автомеханичарски сервис...На Повеќето коли се ангажираат одвреме-навреме едно 3-4 случајни минувачи за да ти запали колата на туркање... Повеќето коли се половни и тоа од Бугарија возени по патишта со калдрма и со дупки и со најнеквалитетно гориво и со најнеквалитетно масло... Зошто некој Турчин од Истанбул или Анкара не се забери да оди по Бугарија и да извади бугарски пасош за една скапана кола??? Затоа што Турчинот може да си дозволи за нова кола, и половна да купи ќе си купи од неговата Турција, а не од Бугарија...
2. поголемите станови - Ја продаваш куќата па потоа купуваш стан. - Пример куќата ја продаваш 80.000 евра па купуваш стан од 45.000 евра, за да имаш останати 35.000 евра за живот...
3. Избор на Храна - Повеќето храна ни е ГМО. Богата со пестициди и хербициди. А во СФРЈ чувавме добиток крупен и ситен и имавме фрижидери за замрзнување од 450л полни со телешко и со свинско месо. А сега имаме фрижидери за замрзнување од максимум 200л.
4. Слобода на говор - Од таа слобода на говор како завршија брат му на Метета Јовановски глумецон, Богдан Илиевски (Бетмен Велит), музичарот Дурловски, Внук му на Методија Андонов Ченто (Јане Ченто), Ќосињата и Лидерот на Христијанско братство Жарко Гроздановски???
5. Што ако зборуваш против власта барањата ќе ти бидат реализирани???
6. -подоброто здравство - Од што е добро здравството затоа еден куп луѓе гледаме по бандерите Почина на 35 годишна возраст, почина на 40 годишна возраст...
7. Компјутерите денешниве се добри за своето време. И компјутерите во 80-тите беа добри за тоа време.
8. Исто така и телефоните
9. Интернетот го има насекаде во планетава земја во сите 209 држави. Па тоа не значи дека сите држави живеат среќно..
10. Ефтини авиопатувања ти се со месеци унапред да резервираш карта.
11. можноста сам да заработуваш и да водиш бизнис - И во СФРЈ можеше сам да си водиш бизнис (автомеханичар, терзија, кондураџија, пекара, бурекџилница, маалска продавница...
12. можноста да учествуваш во бизнис (акции, обврзниции итн - Истото го имаше и во СФРЈ Сите фабрики што беа АД работниците доброволно си купуваа акции кој колку што сака...
13. -повеќето продавници и избор од игла до локомотива - Во цел свет во тоа време имаше слаб избор во продавниците и имаше помалку продавници бидејќи од се имаше помалку брендој...
14. -опасноста да завршиш на Голи Оток или стрелан или тепан - денеска ти е опасноста да завршиш во Шутка или Идризово. А на Голи Оток луѓето умирале најчесто од тешка болест, од природна смрт, од старост, од самоубиство, од обид за префрлување преку жицата под напон, од ронење на некоја карпа, или од некој несреќен случај...САД во периодот од меѓу двете светски војни па се до крајот на 70-тите имаше 16 голи отоци. Свои голи отоци во тоа време имаа и Британија, Франција, Западна Немачка, Јужна Кореја (НАЈДЕМОКРАТСКИТЕ ДРЖАВИ ВО СВЕТОВ)...
15. Тогаш имаше слобода на вероисповест сите си оделе во цркви, манастири, се венчавале, децата си го крштавале...Велигден и Божик секој си го празнувал...
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
579
Поени од реакции
831
Ако ги одземеме
-повеќето коли
-поголемите станови
-повеќето избор на храна
-поголемата слобода на говор
-можноста да зборуваш против власта
-подоброто здравство
-компјутерите
-телефоните
-машините за перење миење итн
-телевизорите
-интернетот
-ефтините авиопатувања (ВИЗЗ АИР)
-можноста сам да заработуваш и да водиш бизнис
-можноста да учествуваш во бизнис (акции, обврзниции итн)
-повеќето продавници и избор од игла до локомотива
-опасноста да завршиш на Голи Оток или стрелан или тепан
-слобода на вероисповест, можеш да се молиш на кого сакаш
Во СФРЈ било подобро од денес...
Се ова што си одземал ќе го имаше и ако не се распаднеше само што во толку голема држава бенифициите ќе беа доста доста поголеми за обичниот граѓанин.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Абе секогаш ќе се најде влакно во јајцето. Ај нека се и 3-4 влакна. Само што сега има повеќе влакна неголи белка и жолчка заедно.
Како ларви од муви (кои сетиле тазе месо, независна држава со оставено огромен капитал, изградени институции, економија и инфраструктура) на месо кое ќе го претворат во смрдлива недефинирана мрша која смрди, на сметка на која тие ларви се трансформираат повторно во муви....30 години овие муви го вртат нивниот животен циклус, претворајќи во смрдеа се она на што ќе се закачат.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Се ова што си одземал ќе го имаше и ако не се распаднеше само што во толку голема држава бенифициите ќе беа доста доста поголеми за обичниот граѓанин.
Нормално да немаше војни и да се збогува со комунизмот (последново и се случи)...Ама и Австроунгарија да не се распаднеше ќе беше различно...ама што би било кога би било.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Има една фина разлика: во тоа време имало лидери и политичари со харизма. Имале почит и доверба од народот. Авторитет кои тие го имале денес тешко... Најголемата разлика е што луѓето работеле и не се замарале со политика, имало кој да го прави тоа.
Денес сите сме master level за политички науки и надворешна политика.
 
Има неколку фактори за тоа
-Многу извори на податоци и вести
-Емотивно информирање целта на информирањето е да подигне емоции
-Граѓански активизам (за нешто треба да се бориш...пасивноста е „опасна“...како може да не си заинтересиран(не ти е грижа, лош си себичен)
-Имаме право на глас (значи бираме) што не прави активни чинители
-Негативни кампањи од власта и опозицијата наметнати и фокусирани на личност со ад хоминем аргументи и оцрнување на реалноста неаргументирано
-Премногу жалење и туфкање, ако некој не се жали значи или е богат многу или се со длабоки врски со власта или не му е гајле за иднината, децата бла бла...
Има и други овие ми текнаа сега.
Нормално легитимен и морален избор е да не се замараш со политика...дури и паметен.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Да, тие 45 години се криви затоа што го имаме овој накараден систем што го созадате елитата што го водеше претходниот. Само што го нема веќе Тиле да го покрие цехот со ефтини кредити од неговите покровители од странство.
Тие 45 години ги потрошивме дрпајќи (реално сите краделе во тоа време, работниците и директорите од фирмата, администрацијата и политичарите директ од државата) и градејќи систем и фабрики без никаква пазарна смисла, што 45 години го уништивме претприемачкиот дух на народот и што сега не знаеме да се снајдеме.
Инаку не знам дали си свесен, но загубите на претпијатијата во Југославија беа 15% од нејзиниот БДП, а покриеноста на увозот со извозот во 1979та е мизерни 48%. Толку од митот дека многу се произведувало и дека фабриките добро работеле.
Овие загуби во комбинација со екстремни нивоа на инфлација и невработеност доведоа до целосен крах на тој систем. Дури и предолго траеше тој систем живеејќи речиси исклучиво од странските кредити, гастарбајтерите и туристите од западот.

Во Југославија рекордната 1990та во првите 10 месеци биле продадени 182.000 возила (коли, камиони, комбиња, автобуси).
Во 2018та година само во Словенија биле продадени 85,544 возила.

Беа тоа нови коли од салон, но какви? Свесен сум за технолошкиот напред,но реалноста е дека колите кои што народот во Југославија ги има возено во својата ера биле едни од најлошите во светот. На крајот од краиштата сега имаме огромен избор на возила и за тие со поплитки џебови има добри, но постари коли. Не е веќе светско чудо комшијата да донесе Југо 45 како што би рекле Забрањено пушење.

Инаку еве за информација колку требало да работиш во Југославија со просечна плата за да купиш една кола. https://www.nezavisne.com/automobili/recenzije/Koliko-je-u-Jugoslaviji-moralo-da-se-radi-za-kupovinu-automobila/539082

За најефтината кола си требало да работиш 19 месеци, а за најефтината странска кола (Шкода) - 31.
Водејќи се по овие бројки, 19 месеци со статистички просечната плата од 410 евра доаѓаме до околу 8000 евра.
Ако денес работиш 31 месец со просечната плата тоа се 12.710 евра што доаѓаме веќе до цифрата за поефтините нови коли денес. За најефтината западна кола си морало да дадеш 35 месечни плати што во денешен износ во Македонија би било 14.350 евра.
Значи стандардот кога станува збор за коли биле горе-доле ист само што сега имаш поголема слобода и голем избор на половни возила во добра состојба.

edti. Лажам....за нов Голф си требало да работиш 96 месеци. 96 месечни плати денес ти купуваат ново БМВ/Мерцедес и што се не.

Споредуваш баби и жаби. Реков, има рапидна модернизација во тоа време и масовната урбанизација е дел од тоа. За кого би се граделе денес по 12.000 станови годишно? Нема веќе толку народ што може да го спикаш по градовите затоа што веќе процесот на урбанизација е завршен. Пред 1945та најголем дел од народот има живеено на село. Сосема е нормално да се градат повеќе станови.
Автоматски споено мислење:

Ете ја носталгијата и искривената перцепција на дело. Ти си можел да преспиеш во парк во Белград и Загреб затоа што си бил млад и осилен. Сега си постар и знаеш подобро од тоа.
Дали си свесен дека стапката на убиства е преполовена во однос на таа од последната деценија во Југославија и 1/4 од таа што била во нејзините почетоци? Во 2017та на простор на бишва Југославија си имал 267 убиства, а 1950-1954та просечно си имал по 825 убиства.
Ние младите денес сме од мочка правени што би рекле вие постарите. Ни да се степаме и утепаме како треба не знаеме веќе.... :D

Инаку јас 2009та спиев во парк во Белград чекајќи автобус и 2013та во Прилеп на автобуската. Ништо не ми се случи и на двете места. Сега малце постар не би се нафатил на такво нешто да се глупирам во парк да отспијам. Не дека нешто е сменето во тие места на полошо него јас сум сменет.

Јас не тврдам дека сега е подобро. Сметам дека во многу аспекти е исто, само што сега имаме повеќе модерна технологија и што можеме многу погласно да зборуваме за проблемите па ни се чинат дека ги има повеќе.
Просечната плата од 410 евра - За просечна плата од 410 евра можам да ти речам:
m..jpg
Реалната просечна плата е од 222 до 233 евра...
Автоматски споено мислење:

Има неколку фактори за тоа
-Многу извори на податоци и вести
-Емотивно информирање целта на информирањето е да подигне емоции
-Граѓански активизам (за нешто треба да се бориш...пасивноста е „опасна“...како може да не си заинтересиран(не ти е грижа, лош си себичен)
-Имаме право на глас (значи бираме) што не прави активни чинители
-Негативни кампањи од власта и опозицијата наметнати и фокусирани на личност со ад хоминем аргументи и оцрнување на реалноста неаргументирано
-Премногу жалење и туфкање, ако некој не се жали значи или е богат многу или се со длабоки врски со власта или не му е гајле за иднината, децата бла бла...
Има и други овие ми текнаа сега.
Нормално легитимен и морален избор е да не се замараш со политика...дури и паметен.
-Многу извори на податоци и вести - Повеќето извори на податоци и вести се секој си кажувА денес како што му одговара него... Пример секој неговиот сајт ќе ти го кажи дека е најрелевантен, најнепристрасен, најобјективен и најчитан медуим. Пример и јас утре да си направам мој портал ќе објавам статија дека мојот сајт е најобјективнот, најнепристрасниот и најчитаниот во државава. А тоа врска нема, тоа е да речиме најнечитаниот...
-Имаме право на глас - Аха имаме право на глас ти се јавуваат од штабот од ВМРО или од СДС во институцијата каде што си вработен оди на гласање за таа партија, ама и да ми донесиш уште едно 10 гласачи... Доколку немаш одено на гласање (Сатот е 18.30 ти ѕвонат на телефон и ти наредуваат оди на гласање)...
Премногу жалење и туфкање, ако некој не се жали значи или е богат - Ако некој не се жали тоа не значи дека е богат. Пример ако се жали 50 и кусур годишен чоек одма ќе си остане без работа. За било кој 50 и кусур годишен чоек доколку остане без работа кој ќе го земе на работа на тие години??? Па ни брат на тие години не те зема!!!
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Од различни агли му приоѓаме на прашањето. Јас гледам дали се живеело подобро гледано од аспект на тогашните услови. Некои споредуваат воопштено, немало телевизори, мобилни, компјутери... Такво било времето, таква била технологијата и нивото на технолошкиот развој. Ако така гледаме, сега подобро живееме и од било која држава во 1950 година.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Од различни агли му приоѓаме на прашањето. Јас гледам дали се живеело подобро гледано од аспект на тогашните услови. Некои споредуваат воопштено, немало телевизори, мобилни, компјутери... Такво било времето, таква била технологијата и нивото на технолошкиот развој. Ако така гледаме, сега подобро живееме и од било која држава во 1950 година.
И у Српско и Турско убаво се живеело ако го промениш тој стандард.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.278
Поени од реакции
792
И у Српско и Турско убаво се живеело ако го промениш тој стандард.
Незнам во отоманско време како било опшественото уредување ваљда поголема држава империја ,ама читам таткому на Гоце Делчев живееле добро поседувал дуќан, околу шест декари лозје, од кои сам правел вино и ракија, како и околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотина овци (околу 600-700). На сликата е со капа како ефендија ,Гоце студирал во Солун пиел кафе на пристаниште еде вид на аристократски живот . и преминал во револционер не од економски причини туку од патриотски идеолошки

Ама комунизмот е сосема друга прича побуна на пролетријатот аргатите работниците и сл.против аристократијата буржуазијата,и не е финтата да се живее раскошно да се има многу туку скромно и да не се екплотира работникот и да не му го користи друг трудот буржуазија и аристократија тајкуни.тоа нема цена
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
И у Српско и Турско убаво се живеело ако го промениш тој стандард.
А тебе дали сега ти недостасуваат работи кои ќе ги имаат младите и луѓето за едно 50-60 години? Замисли во 2070-2080 година ко ќе велат “а бе како живееа бе тогаш со тие примитивни коли, процесори, лаптопи и смартфони од камено доба ?!!? Кутри луѓе - ги жалам!“
 
D

Deleted member 12196

Гостин
И у Српско и Турско убаво се живеело ако го промениш тој стандард.
Па и не било толку лошо во Турско додека централната власт била јака (додека не се појавиле разни одметници и качаци). Се плаќал десеток (10%) на државата и секој си ја гледал работата. Сега се плаќа осумнаесеток (морам така да ги наречам 18% ДДВ), па уште и прогресивен данок се воведува...

А и во Српско не било лошо. Барем за земјоделците на мој терен. Плаќале одреден данок и државата не ја интересирало ништо друго.
Сега ќе платиш данок на имот, па ќе платиш данок на куќата, па данок на колата, па данок на телето што си го продал...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Не го превидувам, само пробувам да го разбијам митот дека нешто посебно добро се живеело во Југославија.Бројкиве кажуваат дека во најмала рака здравството било на исто ниво, само што сега технологијата напреднала.

Животниот век бил полош, помалку се заработувало, БДП бил понизок, слобода на говор и избор непостоечки, цензура, невработеноста на исто ниво, се крпело со пари од печалбари итн. итн..Кај нас никогаш не било добро, единствено носталгичарите биле млади.
Да и Јасеновац беше градинка за деца а во Блајбург правеа ражниќи од Усташи. Под никот ти стои "психијатриски случај", јас се согласувам со таквото поимање за самиот тебе бидејќи да веруваш дека денес животниот век е поголем од 1991 треба да си баш таков. Попис не е направен 17 години. Дали тоа светска банка има направено попис? Знаеш како сметаат дека се наголемило население и животен век? Употребувајќи го растот од пописите за време на СФРЈ кога навистина имало стабилен раст :) плус 94 и 02 и сметајќи дека према тоа постои раст и денес.
Не постои раст, тоа е проекција базирана на пописи од порано. Проекција.
Она што постои е збег, ко оној на усташките орди накај Блајбург.
Најјако е она млади биле па затоа имале носталгија за младоста.

Ќе видиме како ќе ја паметат Сев.РМ денешниве генерации во иднина, дали за 2010 да кажеме би кажале дека се живеело добро и дали ќе полемизираат на таа тема. Чисто се сомневам.

Дали знаеш дека во 2018 имало 50% првачиња споредено со 1990?
Автоматски споено мислење:

Ако ги одземеме
-повеќето коли
-поголемите станови
-повеќето избор на храна
-поголемата слобода на говор
-можноста да зборуваш против власта
-подоброто здравство
-компјутерите
-телефоните
-машините за перење миење итн
-телевизорите
-интернетот
-ефтините авиопатувања (ВИЗЗ АИР)
-можноста сам да заработуваш и да водиш бизнис
-можноста да учествуваш во бизнис (акции, обврзниции итн)
-повеќето продавници и избор од игла до локомотива
-опасноста да завршиш на Голи Оток или стрелан или тепан
-слобода на вероисповест, можеш да се молиш на кого сакаш
Во СФРЈ било подобро од денес...
Немаше ајфони во Јапан во 1989 денес сваки јапанац со ајфон значи Јапан капут бил :)
Дај бе слика од Мек Ларенот или беше Ферари, не биди себичен и ние сиротиња да се излигавиме малку :)
Да се родеше порано, ќе имаше црвен пасош па на 18 години фино ќе си одеше во Америка, правац Вол Стрит и денес ќе му маваше чврги на Џеф Безос, гледаш како те заебаа овие со независноста и визното гето овие капиталистиве?
Автоматски споено мислење:

Да, тие 45 години се криви затоа што го имаме овој накараден систем што го созадате елитата што го водеше претходниот. Само што го нема веќе Тиле да го покрие цехот со ефтини кредити од неговите покровители од странство.
Тие 45 години ги потрошивме дрпајќи (реално сите краделе во тоа време, работниците и директорите од фирмата, администрацијата и политичарите директ од државата) и градејќи систем и фабрики без никаква пазарна смисла, што 45 години го уништивме претприемачкиот дух на народот и што сега не знаеме да се снајдеме.
Инаку не знам дали си свесен, но загубите на претпијатијата во Југославија беа 15% од нејзиниот БДП, а покриеноста на увозот со извозот во 1979та е мизерни 48%. Толку од митот дека многу се произведувало и дека фабриките добро работеле.
Овие загуби во комбинација со екстремни нивоа на инфлација и невработеност доведоа до целосен крах на тој систем. Дури и предолго траеше тој систем живеејќи речиси исклучиво од странските кредити, гастарбајтерите и туристите од западот.

Во Југославија рекордната 1990та во првите 10 месеци биле продадени 182.000 возила (коли, камиони, комбиња, автобуси).
Во 2018та година само во Словенија биле продадени 85,544 возила.

Беа тоа нови коли од салон, но какви? Свесен сум за технолошкиот напред,но реалноста е дека колите кои што народот во Југославија ги има возено во својата ера биле едни од најлошите во светот. На крајот од краиштата сега имаме огромен избор на возила и за тие со поплитки џебови има добри, но постари коли. Не е веќе светско чудо комшијата да донесе Југо 45 како што би рекле Забрањено пушење.

Инаку еве за информација колку требало да работиш во Југославија со просечна плата за да купиш една кола. https://www.nezavisne.com/automobili/recenzije/Koliko-je-u-Jugoslaviji-moralo-da-se-radi-za-kupovinu-automobila/539082

За најефтината кола си требало да работиш 19 месеци, а за најефтината странска кола (Шкода) - 31.
Водејќи се по овие бројки, 19 месеци со статистички просечната плата од 410 евра доаѓаме до околу 8000 евра.
Ако денес работиш 31 месец со просечната плата тоа се 12.710 евра што доаѓаме веќе до цифрата за поефтините нови коли денес. За најефтината западна кола си морало да дадеш 35 месечни плати што во денешен износ во Македонија би било 14.350 евра.
Значи стандардот кога станува збор за коли биле горе-доле ист само што сега имаш поголема слобода и голем избор на половни возила во добра состојба.

edti. Лажам....за нов Голф си требало да работиш 96 месеци. 96 месечни плати денес ти купуваат ново БМВ/Мерцедес и што се не.

Споредуваш баби и жаби. Реков, има рапидна модернизација во тоа време и масовната урбанизација е дел од тоа. За кого би се граделе денес по 12.000 станови годишно? Нема веќе толку народ што може да го спикаш по градовите затоа што веќе процесот на урбанизација е завршен. Пред 1945та најголем дел од народот има живеено на село. Сосема е нормално да се градат повеќе станови.
Автоматски споено мислење:

Ете ја носталгијата и искривената перцепција на дело. Ти си можел да преспиеш во парк во Белград и Загреб затоа што си бил млад и осилен. Сега си постар и знаеш подобро од тоа.
Дали си свесен дека стапката на убиства е преполовена во однос на таа од последната деценија во Југославија и 1/4 од таа што била во нејзините почетоци? Во 2017та на простор на бишва Југославија си имал 267 убиства, а 1950-1954та просечно си имал по 825 убиства.
Ние младите денес сме од мочка правени што би рекле вие постарите. Ни да се степаме и утепаме како треба не знаеме веќе.... :D

Инаку јас 2009та спиев во парк во Белград чекајќи автобус и 2013та во Прилеп на автобуската. Ништо не ми се случи и на двете места. Сега малце постар не би се нафатил на такво нешто да се глупирам во парк да отспијам. Не дека нешто е сменето во тие места на полошо него јас сум сменет.

Јас не тврдам дека сега е подобро. Сметам дека во многу аспекти е исто, само што сега имаме повеќе модерна технологија и што можеме многу погласно да зборуваме за проблемите па ни се чинат дека ги има повеќе.
Поглавниче, во 1950-1954 сеуште не ги имаа дочистено твоите претци по шумите и тие убиваа по селата во потрага по храна. Овде качаци харале до 1953.
Во 1945 во Хрватска имало нула педофилски дејанија а во 2019 имало шо знам 5000. Тоа значи дека педофилијата експлодирала со прогласувањето на независноста на Хрватска.

Лажам....за нов Голф си требало да работиш 96 месеци. 96 месечни плати денес ти купуваат ново БМВ/Мерцедес и што се не.
Дали знаеш како се пресметува и како се доаѓа до тие 410 евра "просечна плата" кои одзвонуваат во твојот мозок како песничка од Томпсон? Значи си седи Трупер, слуша вести и таму кажуваат 410 евра просек. И Трупер си мисли дека Државен завод за статистика отишол во УЈП, ги собрале нето платите на сите вработени на територија на СЕВ.РМ и добиената сума ја поделиле со бројот на вработени и опа - 410 еура.

А тоа да ти сметале по сектори. Значи арбитрарно си направиле 15-16 сектори, меѓу кои и оној - авијација пази, значи сите пет пилоти кои земаат по 5000 евра и 45,000 во текстилна кои земаат по 180 евра имаат иста вредност во количникот кој се кажува како просек. Тој просек е толку неточен и кроен до танчина што е срамота за возрасно лице да верува во тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom