- Член од
- 20 јули 2016
- Мислења
- 7.663
- Поени од реакции
- 4.974
Јас се сеќавам како помал многу ми сметаа неправидите и нерегуларностите но, сега речиси и да не ги забележувам. Најмногу се разбудив на факултет дека не вреди да се бунтуваш. Имаше дестина случаи кога професорите правеа проблеми например не тераа да купуваме нивни книги за висока цена и проверуваа кој купил, ни поставуваа прашања надвор од учебник и надвор од испитни прашања...се бунев и пробав да организирам група. Наидов на отпор од колегите, се плашеа, не сакаа да зборуваат, ми викаа ќе си „настрадаш“ (нешто што се случи неколку пати). Имав проблеми од страна на некои професори неколку пати и префрлања и забелешки (нешто страшно но може 2-3 пати поради мојата активност да си поминам полош на испит). Кога видов какви се студентите (колегите) се откажав и си реков нема никакво организирање против авторитети, сега не се бунам јавно за ништо и организирано и по ок ми е и подобро си поминувам и помалку се нервирам.Луѓе, од ден во ден државата се повеќе ни тоне. Не сум многу возрасен, имам само 17 години и криво ми е што сме во ваква состојба. Од власта буквално никој не е задоволен, а сепак молчиме. Пред нашите очи се случуваат илјада неправди, гинат невини луѓе поради слабите медицински услови, обичните граѓани се отепуваат од работа, за на крајот на месецот да земат ниска плата и пак едвај да крпат крај со крај. Сеуште учам историја, еден од омилените предмети ми е, учам за тоа како порано луѓето кога не биле задоволни имале срце да се дигнат во востание, револуција против власта, која тогаш можеби била и многу посурова. Зошто сега никако не можеме да се организираме и да кажеме доста е на теророт кој се врше врз нас обичните граѓани? Освен тоа што живееме во никакви услови, на сета таа ја губиме и државата, политичарите, ако можам така да ги наречам, ја продаваат македонската историја, а ние молчиме. Мислите ли дека може да го освестиме овој народ да се крене против власта? Да ја пробудиме барем малце националната свест?
Мислам дека една од основните работи на станување возрасен човек е да се помириш со естаблишменот и да го разбереш системот и да го искористиш за своја лична корист. Така функционирам веќе деценија и кусур и супер ми е...во МК сум имам доволно пари, нема стрес на работа и си терам ќеиф. Треба да се научи системот и да се работи во рамките на него формално и неформално за лична корист.