Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера прв пат стаив радио во колата и го укљичив она се си работеше а звук никаков не даваше колата има ISO прикључоци сигорно е добро поврзано. Си помислив да не нема звучки ама во упаството на колата пишува дека има радио предопрема шо може да биде?
Да нема антена...
 
Антената не е прикључена зошо не е таков пикључокот ГЛУПИ ФРАНЦУЗИ ама пробав со ЦД со Усб пак ништо
 
Како се Opel Kadett C кај нас со делови? Дали лесно се наоѓаат? Планирам на пролет да земам некој ако најдам посочуван...

Јас имам кадетт ц може да го погледнеш го има во темата за олдтајмери.
За делови има не се проблем толку многу пред се бидејќи и не треба нешто многу да се менува. Конкретно на мојот освен лагери и ауспух во последниве 10 години не е ништо сменето. Пред тоа му е променет менувачот некаде 98 година и тоа е се во последниве 20 години. А за лимарија незнам што подразбирате за тоа ако мислите на готови крила кај нас нема ама имаш во хрватска се за кадет оргинално изработено и ново за не толку големи суми. Двете крила се 150 евра може и помалку.
А за мотор имаш поголеми можности бидејќи кај кадетт ц под хауба имаш место колку сакаш и може да ставеш што сакаш ама за тоа треба и доста пари. Но и тој што си го има е сосема солиден бидејќи кадетот тежи едвај 800 килограми.

И зимај не му ја мисли заден погон имаш и доста е интересно да се управува со кадетот.
 
Да да ти го имам видено кадетот одличен е. Немам голем буџет за земање нешто којзнае што ама би требало да најдам некое кадетче за ~500 еу.
 
Вчера прв пат стаив радио во колата и го укљичив она се си работеше а звук никаков не даваше колата има ISO прикључоци сигорно е добро поврзано. Си помислив да не нема звучки ама во упаството на колата пишува дека има радио предопрема шо може да биде?

кога ке се каже дека има радио предопрема, тоа се подразбира дека има пуштено електрична инсталација, за напојување на радиото, и има спроведено кабли за звучници... но не и звучници... значи, ке треба да си купиш и монтираш и звучки... за секој случај, прво отвори ги пластиките кај што треба да стојат звучниците и види како е внатре изведено, џекови ово оно...
 
Антената не е прикључена зошо не е таков пикључокот ГЛУПИ ФРАНЦУЗИ ама пробав со ЦД со Усб пак ништо

Што кола ? а за антената имаш адаптер одприлика 100-150 ден чини
 
Што кола ? а за антената имаш адаптер одприлика 100-150 ден чини
Меган........ а каде може да се најде тој адаптер и ако може да ми препорачате звучки 13цм до 1500 ден.
 
ooo zasto be 13cm? samo tolkacki se? dobri 13cm tesko da izvadat ubav zvuk
Па ја колку што барав на интернет пишува 13цм и за у предни и за узадни врати барем ја колку шо видов ако има некој искуство со звучници за меган нека ме попраи ако грешам.
 
Некој да ми даде препорака за некој добар дреар во Скопје?
пс-треба една клипњача да ми обработи
 
Па ја колку што барав на интернет пишува 13цм и за у предни и за узадни врати барем ја колку шо видов ако има некој искуство со звучници за меган нека ме попраи ако грешам.

да не се 13 инчи?
 
да не се 13 инчи?
Не бе... 13 инчи е за назад, напред 5 до 8 инчи се монтира, (12-17 цм) ако нејќиш вратата да ти падни сосе звучник и тапацир.
 
2011-2.jpg


ми даде инспирација снегов да честитам на сите автомобилџии и членови на форумов
 
Не бе... 13 инчи е за назад, напред 5 до 8 инчи се монтира, (12-17 цм) ако нејќиш вратата да ти падни сосе звучник и тапацир.

А дали знаеш на ескортот напред на вратите, точно колку инчи беа фабричките звучници? Многу мали ми изгледаат некако и никаде досега не сум налетал на слични толкави, а се думам понатаки да земам некои подобри... исто и за назад кај тоа елипсите се мислам да нагодам некои што одговараат точно на дупката, да не сечам и упропастувам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom