Скоро секој од нашите татковци, дедовци на млади години во СФРЈ биле во едно 10-15 држави. Градежниците, електроинсталатерите, монтерите, плочкарите, водоводџиите биле до Ирак, Иран, Либија, Кувајт, Тунис, Египет, СССР (Русија - црвениот плоштад во Москва, Санкт Петербург, Јакутск, Краснојарск) - Украина (Киев, Одеса и Харков) - Белорусија, Чехословачка и нормално во сите шест ЈУ републики. Граделе патишта, автопатишта, мостој, далеководи, хидроцентрали, термоцентрали... Исто така од овде од гигантските фабрики во Русија се праќале на обука Инженери, технолози, контролори, со платен превоз и смештај...
А ние младиве шо сме виделе појќе од Драч, Валона, Саранда, Будва, Уљцин, Лефкада, Полихроно и Халкидики... Кога ќе имаме ние шанса да одиме во тие земји каде што биле нашите во СФРЈ времето???