Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Од воланот е клучот, т.е. оној за палење.
Тој што го имам стариот, изабен е, потрошен и ми е страв да не се скрши.
Затоа прашував, дали може кај обичен клучар... :)

Може затоа ти реков не е кодиран туку е најобичен
 
Некои искуства за Форд Галакси 1,9 тди (115кс)?
 
Me interesira kako stojat limariski VW buba. Kolku se skloni na skapuvanje?

Е не го видов овој пост извини.

Бубата скапува на следните места:

1) Каналите за парно (под вратата одма кога ќе отвориш од внатре) Покриено е најчесто со теписонче. Напипај го тоа, или сеа таман е топло повозија и види дали пушта топол воздух. Нема да дува се знае тоа ама ќе испарува топло. Потоа од надворшената страна меѓу вратата и задното тркало долу кај прагот. Ако има меури тоа значи е скапано и внатре.
Многу е заебано ова да го правиш и ако ја видиш таква бегај од неа.

2) Напред кај резервното тркало. Тргни го резервното тркало. Нема речиси Буба во Македонија што тука не е крпена (ако е возена) и е на паркинг.

3) Провери зад совозачкото седиште. Крени го задното седиште (се трга тоа) тука е акумулаторот. И тука често скапуваат а сопствениците ова го кријат со крпчиња, стапчиња и што ти не ѓубриња колку да не го видиш дека е скапано таму. Не дека не се грижеле, туку од испарувањето на акумулаторот тука најчесто пробива лимот.

И нормално стандрадно прегледување на целата кола за скапано, како и секоја друга. Подови, прагови од надвор, поткрила. Напред во багажникот кога ќе го отвориш меѓу киломтеражот (електриката) и внатрешното крило има празен простор и овде често скапуваат. Провери и таму.

Тоа е тоа. Ако скапат, тука најчесто скапуваат.

Нека не те лажат. Скапуваат како и секоја друга стара кола. Сепак најмладата е 34 години. Понова од тоа нема на наши простори.
 
Ok mene pred se mi e onaka deka devojka mi ima zapnato za vakvo autce sakali cvetovi gluposti :) pa gleam ima bubi za ok cena onaka za zanimacija da recam
 
Има има само малку со потрошња се зезнати.
1200 слаб мотор а трошат 10л/100км
1300 средно слаб :) а троши 11-12л
1600 супер мотор ама троши 14-15л :)
 
Znam deka im ubava potrosnja :), mada koa se prai nekoe auto povekje radi kejfot znaes i ti kako e...merak :)
 
Ех, тој ќеф што прави да знаеш :)) Ако де, има варијанта плинче. И така е на „диво“. Има места каде да се крие :))
 
На едната клема на акумулаторот често ми се прави едно како бигор и ради тоа губи струја цела кола,
а и често треба да го чистам (по еднаш неделно). Зашто се ствара тоа лајното? Акумулаторот ли ми е при крај?

Ми рекоа клемата да ја мачкам со некоја маст за да не фаќа бигор.... која маст? Каква е таа? Да не има проблеми
со контакт помеѓу клемата и акумулаторот?
 
убаво рече никола... исчисти ја убаво од бигорот. тоа ти се случува затоа што не ја исчистуваш до крај секогаш а и очигледно локацијата на акумулаторот ти е блиску до нешто што прска вода на него. значи исчисти ја убаво клемата и тоа прво убаво посипи ја со вода, (комотно сипај 2 шишња вода значи 2-3 литри минимум) после исуши ја убаво и клемата од кавелот и клемата на акумулаторот, после со ситна шмиргла истругај до голо и чисто железо се комплет и на крај кога убаво ке ја прицврстиш, премачкај ја со маст (графирна маст, маст за одмачкување на лагери или со вазелин) ама онака убаво да има слој еден од неколку милиметри. и така да си остане. со тоа ке му го запреш доводот на кислород и влага на клемата па нема да се прави тоа белото киселинско говно, кое знае и да штипе на раце...
 
Фала многу!

А што е тоа кабелот што ми е на клемата? Нели си имам две клеми, и на едната имам уште еден додатен кабел, што се прицврстува со мутер за штрафот од клемата,
а без него немам никаков контакт, маса да не е тоа? САМО ТОА ми фаќа бигор, кога ќе го исшмирглам како бакарно е и треба барем еднаш неделно да го чистам инаку многу брзо
се сјебува. Не сум дома сега, го сликав па да пратам слика да видите.
 
Тоа е реакција на бакарот на киселинските испарувања... најчесто се фаќа на + клемата. Наместо да чистиш и стругаш, натури ја клемата со топла вода. После третиот пат, бакарот ќе си направи заштитен слој и нема да се појавува.
 
Имам прашање.
Која е најмалата кубикатура на било каков мотор? Немора да е од кола или моторцикл.
 
Имам прашање.
Која е најмалата кубикатура на било каков мотор? Немора да е од кола или моторцикл.

Тоа е парен мотор со големина од 5микрони. Значи максимално да има кубикажа некаде околу 0,00000002 cm кубни. (влакно на човекот е дебело 100микрони)

nano-steam-engine.jpg
 
^ Ако станува збор за клипен мотор и ако немора да е од автомобил или моторцикл, мислам дека најмали се оние за играчките, RC автомобилчиња, авиони и хеликоптери.
yhst-62196343123315_2128_40388438
yhst-62196343123315_2128_40401378
yhst-62196343123315_2128_40423159
yhst-62196343123315_2128_40448319

Работна зафатнина:
Though powerful, nitro RC engines are extremely small, ranging from 0.12 to 0.30 cubic inches.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom