Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ако може мислење за фиат стило, слабо некако се спомнува по форуми. Цените одат 3000-4000 на старо а екстра дизајн има.

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Можам да ти кажам дека за делови е багатела... преефтин е за одржување моторот. Каиш ребрасти е 600 денари, затегачите комплет се 500 денари. Истиот таков за форд каишот е 1500 денари, а затегачи неам менувано до сега.

А за дизајн, надвор е топ. Внатре какво е од страна на квалитет и колку е просторно е прашањето.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Здраво дечки,знам дека има Форд сопственици на форумов :icon_lol: па да прашам... имам Форд Фиеста 1,3 ефи 1997 год. и имам проблеми со гаста, колава работи на над 1600 обртаи константно во место,значи на многу ама рамномерно,а кога е притиснат кумплугот тогаш работи скрос нерамномерно,како на бранови... Што да е работава? :toe: Мислев дека е тоа за лер гаста или електронски кумплуг како и да се вика,така покажа и на компјутерска дијагностика демек,ама и кога ставивме ново такво за проба пак исто работеше.... а ако го исклучам тоа тогаш ок е... ај мислење,совет... а да,смета ако ја возам ден два со исклучено?
друже, ти си сменил електронски саух или клапна за воздух или клип за воздух, сеедно како и да го кажеш едно те исто е. тој уред има улога со протокот на воздухот да ги регулира обртаите на работење во место т.е. во лер. кога ке дадеш гас, таа автоматски се затвора и не работи. кога ке пуштиш гас, тогаш отвара за да ги одржува обртаите на оптимумот околу 800. значи, ако си ја сменил и пак е исто, тогаш ти имаш проблем со компјутерот. освен ако клапната што си ја сменил, не си ја купил половна па и таа да е сјебана... ако е половна шансите да е сејебана се добри, чак што више би рекол е дека се поголеми одколку да е добра. иначе, исклучи ја слободно, можеш да возиш и без нејзе само на сабајле ке имаш мака малку додека да загрее. ке треба да држиш на гас малку (не онака стиснат до крај или до пола туку малку само) додека подзагрее малку, иначе може да ти гаси додека е ладен моторот.
 
Член од
2 декември 2009
Мислења
151
Поени од реакции
4

Фала ти Онак... приметив ова што кажуваш додека не загрее...:toe: Нов беше делот (или барем така рекоа) ама исто малце е чудно зошто истото ова го сменив пред најмногу 2 години...не би требало да е толку брзо расипливо :kesa: Го имав и стариот дел што го сменив,со него па работи на уште повеќе вртежи... во секој случај фала ти :smir:
 
TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
5
дали некој знае каде може да се набават овие сијалички за во магленки,во ПП-ов секаде побарав,нема :toe:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
имам проблем со парното,не ми работи ? помош :nesvest:
Расипано ти е.

Какво прашање, таков одговор.

А сега сериозно. Прво шо кола возиш, второ шо е проблемот подетално објасни... никој не си гледа на графчиња па да ти претпостави шо можи да му е.
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
Расипано ти е.

Какво прашање, таков одговор.

А сега сериозно. Прво шо кола возиш, второ шо е проблемот подетално објасни... никој не си гледа на графчиња па да ти претпостави шо можи да му е.
имам Golf 3,уопште не реагира не топли.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
имам Golf 3,уопште не реагира не топли.
Ај сега вака... прво шо треба да напрајш. Голфот има клапна со коа се регулира дали воздухот што влегува во кабината ќе помини низ казанчето или не. Пробај заврти топло-ладно дватр пати набрзинка, треба да ја слушниш кај што тропка (под услов да е со сајла механичко). Ако тропка тогаш проблемот е некаде на друго место. Ако не тропка највероватно е откачена клапната.

Исто така треба да ги гибниш цревата шо влегуваат во кабината, дали низ нив циркулира вода и дали се загреани.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Во кој случај царината одзема возила и после ги продава ? прашањето ми е зошто имам видено неколку возила викаат земени се од царина од кај нас
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
Ај сега вака... прво шо треба да напрајш. Голфот има клапна со коа се регулира дали воздухот што влегува во кабината ќе помини низ казанчето или не. Пробај заврти топло-ладно дватр пати набрзинка, треба да ја слушниш кај што тропка (под услов да е со сајла механичко). Ако тропка тогаш проблемот е некаде на друго место. Ако не тропка највероватно е откачена клапната.
не тропка,а клапната каде се наоѓа ?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
не тропка,а клапната каде се наоѓа ?
А сигурен си дека е со сајла?

Инаку клапната се наоѓа некаде измеѓу моторот кој дува и казанчето... ако не ти тропка, можно е да е сајлата откачена па да ти стои на ладно. Или да е скршено тоа што го префрла...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom