BOJ@N
Штрумф Текнувало
- Член од
- 30 ноември 2008
- Мислења
- 884
- Поени од реакции
- 489
ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТтуку зне ли некој дека законов за забрана на фолии паднал т.е. го смениле? имаше закон со кој се ЗАБРАНУВА затемнување на стакла... ми кажаа дека не важи више... информиран е некој?
Цело Скопје вози со затемнети стакла
Според промените, затемнувањето може да биде делумно, односно на задните странични стакла, како и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило, но предните бочни стакла и ветробранското стакло може да се затемнети најмногу до 70 отсто
Скоп је врие од автомобили со затемнети стакла. Ако пред една година беше вистинска реткост да се видат возила со затемнети стакла, и тоа беше привилегија на службените возила, сега тие, практично, се секојдневна глетка.
До пред два месеца, законската регулатива предвидуваше единствено минимално фабричко затемнување на стаклата. Само така автомобилите можеа да поминат на технички преглед и да се регистрираат, а притоа сопствениците да бидат казнети за затемнувањето.
"Ко га пред три години отидов на редовен технички преглед за регистрација на автомобилот, ме вратија бидејќи сум имал заштитни фолии. И покрај дозволата, издадена од МВР, за затемнување, сепак, ми беше наложено да ги извадам бидејќи немаше да ме пуштат на технички. Не се сеќавам колкави беа тогаш казните, но сепак не беа мали. Сега, пак, нема никаков проблем. Комотно можеш да си возиш со затемнети стакла. Се разбира дека тоа нема да биде целосно затемнување, но сепак до висок степен", вели жител на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се направени измени во Законот за безбедност и оти повторно е дозволен одреден степен на затемнување на стаклата. Затемнувањето е делумно, затоа што целосното затемнување на стаклата сe уште е е забрането. Степенот на затемнетост на стаклата се одредува со А-тест од Машинскиот факултет во Скопје.
"А-тестирањето се прави кај нас на Машинскиот факултет. Со помош на апарат, се одредува степенот на затемнетост на стаклата на возилата. На задните бочни и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило во Законот за безбедност. Но за предните бочни стакла и за ветробранското стакло е одредена затемнетост до 70 отсто" ,објаснуваат од Машински факултет.
Тие додадоа дека затемнувањето е најчесто со фолии кои фабрички се лепат уште во производството на автомобилите. Од Машинскиот факултет објаснуваат дека по А-тестот надлежното Министерство ја издава дозволата за степен на затемнување. (Љ.С.)
ВЕСТ (мислам од 17.09.2010)