Проблемот е што ако го испразниш до 0 ќе ти биде проблем да го наполниш, бидејќи алтернаторот дава 12 V на излез и некои 45-50W. Инаку освен проблемот со местото и тежината (ако го ставиш во Спарк, ќе стои навален на едната страна :helou
, нема да имаш никакви други потешкотии.
Кратко дополнување:
Ако акумулаторот се наоѓа во колата, нема теоретски шанси да се испразни до 0V! Доколку се испразни до 0V, тоа веќе е мртов акумулатор и нема шанси да го наполниш до 12V! т.е. може да се испразни од повеќе годишно лежење (стоење) без привремено надополнување т.е. возење на автомобилот!
Со долго верглање на колата акумулаторот може да се испразни до некој си 10,5V што е и долна граница на празнење на исправен акумулатор, ако падне под ова големи се шансите да има пробиено некоја ќелија(ги има 6).
Алтернатор дава на излез до некој си 14,6V при 5000-6000rpm!
Струјата и напонот на алтернаторот зависат од вртежите на алтернаторот и неговата работна температура!
Поважна карактеристика е колкава јачина на струја дава на излез алтернаторот бидејќи од нејзе зависи полнењето на акумулаторот!
Послабите алтернатори се од редот на неколку ампери претежно се среќаваат 35А-55А, но постојат и помоќни алтернатори од редот на неколку стотици ампери 100А-200А...
Моќноста на алтернатор се пресметува како струјата x напонот!
Пр. 12Vx55A=660W што значи алтернатор со излезна струја од 55А има излезна моќност од 660W, ваков алтернатор претежно се среќава кај заставините возила!
Логички да се уклучени само предните, средни светла значи 2x45W (што е просечен минимум што сеуште се користи) значи тоа се 90W, ако алтернаторот е 50W, му фалат уште 40W, ама свети
(логички не е 50w излезната моќност на алтернаторот!
За појак акумулатор нема воопшто потреба, предноста е во тоа што ќе верглаш подолго се додека не се испразни, исто така ќе слушаш музика (угасната кола) подолго се додека не се испразни за разлика од послаб аку.
Неодостатоци поголема тежина скоро дупло, поголема габаритност и скоро двојно повисока цена!