Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Имаме едно прашање, можеби малце е глупаво :)

Колкав е оптималниот притисок на кој треба да бидат напумпани гумите на Daweoo Tico?

Имал некој искуство со оваа мала количка :)
1.8 b назад, и 2.0 b напред е стандард за малите коли. Сега кој како милува, јас на Ескордот ги држам 2.3 напред и 2.0 назад, ама се тушат од време на време.
 
Член од
21 април 2009
Мислења
106
Поени од реакции
1
Имаме едно прашање, можеби малце е глупаво :)

Колкав е оптималниот притисок на кој треба да бидат напумпани гумите на Daweoo Tico?

Имал некој искуство со оваа мала количка :)
Зависи што марка на гуми возиш, кај димензиите на гуми на мојата кола има пропишано различен притисок од различен производител иако разликата е 0,2 бари инаку кај тикото некаде 2,0 напред со 1,9 назад е негде оптимален притисок според мене, и проверувај го притисокот на 2 недели пошто гумите знаат да губат притисок. Исто така можеш притисокот да го зголемиш за некој 0,2 бари и така помалку ке ти троши, иако ја не би препорачал такво нешто. И ако е товарено многу, треба да се намали притисокот малку... Моја препорака ти е да ги напумпаш гумите со АЗОТ нормално ако си во можност, бидејки азотните молекули се поголеми од кислородните молекули и поспоро пробиваат низ гумата, така да подолго време гумата го задржува саканиот притисок... Гумите се цела наука:helou:
 
Член од
28 февруари 2006
Мислења
63

1.8 napred i pozadi no pupaj si gi 2.0 od licno iskustvo vozev tikas 5 godini
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Зависи што марка на гуми возиш, кај димензиите на гуми на мојата кола има пропишано различен притисок од различен производител иако разликата е 0,2 бари инаку кај тикото некаде 2,0 напред со 1,9 назад е негде оптимален притисок според мене, и проверувај го притисокот на 2 недели пошто гумите знаат да губат притисок. Исто така можеш притисокот да го зголемиш за некој 0,2 бари и така помалку ке ти троши, иако ја не би препорачал такво нешто. И ако е товарено многу, треба да се намали притисокот малку... Моја препорака ти е да ги напумпаш гумите со АЗОТ нормално ако си во можност, бидејки азотните молекули се поголеми од кислородните молекули и поспоро пробиваат низ гумата, така да подолго време гумата го задржува саканиот притисок... Гумите се цела наука:helou:
Азот? Кај да го најдам?
 
Ептен

Џомба
Член од
30 јуни 2006
Мислења
97
Поени од реакции
15
Колкав е оптималниот притисок на кој треба да бидат напумпани гумите на Daweoo Tico?
Оптималниот притисок во гумите зависи од оптоварувањето (тежината) на возилото. Во упатството и/или од внатрешната страна на капакот за гориво би требало да имаш табела.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Оптималниот притисок во гумите зависи од оптоварувањето (тежината) на возилото. Во упатството и/или од внатрешната страна на капакот за гориво би требало да имаш табела.
Или на праговите од задните врати. На секакви места ги поставуваат тие податоци. Во упатството сигурно имаш.
 
Член од
23 септември 2008
Мислења
313
Поени од реакции
7
Дечки едно прашање. Колку е BMW series 1 дизел ама од тие кратките стандард опрема ако некој знае нека пише или пак нека остави линк кај што може да најдам информација?
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
сајт за користени коли од холандија?

пс најасални патишта имаат и најмалце ги возат колите
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
сајт за користени коли од холандија?

пс најасални патишта имаат и најмалце ги возат колите
Имаш на mobile.de... во detailed search одбираш земја Netherland...
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Пробувам да сменам радио на стара буба. На старото радио од позади од едно место искачаат 4 кабли, дали знае некој кои од овие се за звучници кои за напојување. Дали по боја се разликуваат или ??? На друго место влегуваат три кабелчиња кои мислам дека се од антената... две од нив имаат иста боја како кабелчињата што искачаат од антената.

Може некој да помогне околу ова ?
Ако е од некаква помош, ќе сликам и ке ставам слики...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Пробувам да сменам радио на стара буба. На старото радио од позади од едно место искачаат 4 кабли, дали знае некој кои од овие се за звучници кои за напојување. Дали по боја се разликуваат или ??? На друго место влегуваат три кабелчиња кои мислам дека се од антената... две од нив имаат иста боја како кабелчињата што искачаат од антената.

Може некој да помогне околу ова ?
Ако е од некаква помош, ќе сликам и ке ставам слики...
Стави слики....
По правило црвена доаѓа што носи струја + и црна што носи маса -.

4-те кабли треба да се за 2 завучници (секој има + и -) освен ако не се врзани во стерео врска (+ жицата е различна за секој, додека - е заеднички за двата). Тоа треба да се провери.

Патем, мора да имаш некаде шема на старото радио кој кабел за што е. Во најлош случај, влечи ги жиците да откриеш кој се од звучките.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom