Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Што мислите за Сеат Ибица од 1996 година, таа со 2 врати? Ќе ја купува татко ми, ептен ефтина му ја даваат. И за краток период на користење ќе биде.

Па ако имате да кажете нешто, повелете.
Колку пари му ја продаваат? Интересна кола, мада маленка е. Ама ќе може да се драјва низ Грција :smir:
И да, каков мотор има...
 
Незнам дали е за овде прашањево , ама дали може некој да ми каже колку пари е сега за полагање на кола?

Lekarsko - bez odreduvanje na krvna grupa ti e 1200 a so odreduvanje 1500
Prva pomos - 1350
Avtoskola - 10000 - 12000 zavisi vo koja avtoskola
Polaganje testovi, poligon i gradska(zaedno so kolata za vreme za polaganjeto) - 7100
Uplata za vtoro polaganje - 2200
 
Имам кинеска веспа од 150 кубика. Ако знае некој да ми каже зашто ми тече бензин од еден штраф доле кај штендерот, самиот се одвртува и тече при вожња и морам да го стегам
Ако знае некој нека пише. Фала однапред.
 
Дечки може ли некој да ми каже каде би можел да најдам повеќе околу застава 101 ( поточно Ѕуго скала 55 ). Ме интересира лимарскиот дел односно шасискиот... потребни ми се мерки за лимаријата како на прилика колку се долги роговите колкаво растојание е меѓу амортизерите на предницата шитрина на цела кола должина ширина на шините за седишта и слишно. Ако може некој да ме упати каде да побарам или пак да ми прати некоја книга за застава би бил многу благодарен. П.С го прашав чичко гугл и се некои глупи форуми ми дава што си праеле луѓе импровизации...
 
http://yugofanclub.com/forum/
 
Имам кинеска веспа од 150 кубика. Ако знае некој да ми каже зашто ми тече бензин од еден штраф доле кај штендерот, самиот се одвртува и тече при вожња и морам да го стегам
Ако знае некој нека пише. Фала однапред.

Ај сликај убаво да видиме кој штраф? Некаде под карбураторот, тие црева ти течат? Зошто не можеш убаво убаво да го стегнеш?
 
Друштво, ај ако има некој(од искуство или) подобро упатен од мене да ми објасни нешто!!! У план сум да земам Корса од овие над 2001 година шо се од увоз.. е сеа ми нудат нешто 1.0 12 вентилска, ама разбрав дека на таа кубикажа на Корси со 3 клипа ако почнеле со кварови клиповите им немало спас т.е имале хронични кварови. Муабетот ми е, дали да ризикувам со таква Корса од 1.0 кубици или да барам 1.2 16 вентилска па и на крај Спорт верзија од 1.4 :)
 
Ми кажа еден човек дека од таму се исврлал оној бензин кој неможел да го прими моторот, а штрафот сам се оштрафувал кога цревото ке биде пуно...
 
Ако е цревото за вишок на гориво тогаш тоа нема штраф барем ја неам сретнато.
 
Друштво, ај ако има некој(од искуство или) подобро упатен од мене да ми објасни нешто!!! У план сум да земам Корса од овие над 2001 година шо се од увоз.. е сеа ми нудат нешто 1.0 12 вентилска, ама разбрав дека на таа кубикажа на Корси со 3 клипа ако почнеле со кварови клиповите им немало спас т.е имале хронични кварови. Муабетот ми е, дали да ризикувам со таква Корса од 1.0 кубици или да барам 1.2 16 вентилска па и на крај Спорт верзија од 1.4 :)

Ако веке финансиски си способен да земеш појака Корса незнам зашто би ризикувал.Со појак мотор ако земеш и волкот сит и јагнињата на број.
 
Не дека сум нешто баш финансисни најспособен - сакав да поминам со помалку кеш.... затоа сакав да знам дали овој муабетов што го зачув со кваровите е вистина.... ако е, да барам друго чаре.... иначе знам што е поубаво - појако и поскапо нормално
 
Друштво, ај ако има некој(од искуство или) подобро упатен од мене да ми објасни нешто!!! У план сум да земам Корса од овие над 2001 година шо се од увоз.. е сеа ми нудат нешто 1.0 12 вентилска, ама разбрав дека на таа кубикажа на Корси со 3 клипа ако почнеле со кварови клиповите им немало спас т.е имале хронични кварови. Муабетот ми е, дали да ризикувам со таква Корса од 1.0 кубици или да барам 1.2 16 вентилска па и на крај Спорт верзија од 1.4 :)

Јас не би ти ја препорачал таа со 1.0 мотор. Не се нешто најпогодени, да речам мизерни. Подобро е да почекаш (ако не ти е итно) и да набавиш 1.2 или евентуално 1.4
 
И јас мислам така дека е најдобро :nesum:

1.2 Корсите се поретки и држат цена

1.0 од 2002 година со фул опрема и со 5 врати е некаде од 4000 - 4500Е , а 1.2 или 1.4 со 3 врати се од 5000 - 6000Е во зависност од опремата... изгледа во тие 1000Е + лежи квалитетот :toe:

како и да е, фала момци :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom