Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Што е ова гледам Форд Фокус за 11,100 евра со бајаги опрема +500 евра за алуминиумски бандажи и зонска клима и уште нешто имаше?

Ако некој скоро бил во МИДА салонот да ми ја потврди оваа информација, ако е точна одма одам старо за ново.

Точно е, 12 000 ќе те фати. 500 евра чини пакетот со кој добиваш 16" алуминиумски бандажи, двозонска автоматска клима, електрохроматски затемнуван ретровизор, follow me home светла и сензор за дожд. Додај 300 евра на тоа за избор на металик бои, затоа што неметалик бои имаш... две само, ако добро памтам. И уште 150 евра за arm rest ако сакаш :) Само биди спремен да се изначекаш, прочитај го мојот пост малце погоре. Препорачливо е прво да отидеш на тест возење, да видиш дали моторот одговара на твоите потреби, ако Ми-Да воопшто имаат тест возило достапно. Што ќе менуваш btw?
 
Само да додадам дека за тие пари Фокусот си вреди стварно... Пријател мој зема пред 2-3 месеца таков, со сите играчки внатре, најфул опрема :) 1.6 мотор, абе закон. Е сега ги нема на лагер, па се чека долго...
 
Се јавувам кај Ми-Да да ги прашам како стои ситуацијата со колата, која според нив најдоцна до 15ти септември ќе беше испорачана и добив одговор дека рокот го продолжуваат за 1 месец најмалку, т.е. најрано ќе стигне на 15ти октомври. Веќе чекам 2 месеци и сам веќе не знам што чекам... Боинг 747 по custom порачка? Што да правам сега? Ни на крај памет не очекував дека иако плаќам во кеш и не им се ценкав ниту денар помалку од тоа што ми побараа дека ќе треба минимум 3 месеци да чекам за да ја добијам колата. Да не ми прирасна Фокусот за срце, нека ми пропадне капарот у пм, ќе купев друга кола.
Нели има пенали ако каснат?

Иначе да ви казам падна одлуката меѓу хонда и инсигниа на инсигниа.

ауто македонија ни рекоа за минимум 15 дена, а дојде за 5. Многу брзо.
http://fotografija.com.mk/images/opelinsignia18.jpg
еве и со слика.
Фала на сите кои помогнаа во изборот :)

П,с, Страшно ме нервира грдата таблица напред.
Ако знае некој као ги ставаат таблиците без пластика? Само таблица, колку толку полично изгледа.
 
Страшно ме нервира грдата таблица напред.
Ако знае некој као ги ставаат таблиците без пластика? Само таблица, колку толку полично изгледа.
Види кај мене во албум, на ескордот имам ставено метални рамки за таблиците (хромирани) мада хромот почна да рѓосува (јебига за 500 денари две толку е) а ги имам 2 години.

Па сега ке видам, размислувам да ги фарбам во бојата на шасијата или црни.
 
Нели има пенали ако каснат?

Иначе да ви казам падна одлуката меѓу хонда и инсигниа на инсигниа.

ауто македонија ни рекоа за минимум 15 дена, а дојде за 5. Многу брзо.
http://fotografija.com.mk/images/opelinsignia18.jpg
еве и со слика.
Фала на сите кои помогнаа во изборот :)

П,с, Страшно ме нервира грдата таблица напред.
Ако знае некој као ги ставаат таблиците без пластика? Само таблица, колку толку полично изгледа.

Прв пат слушам за такви пенали. Може мало објаснување? Честито нова кола. :smir:
 
E како да нема пенали? Како има затезна камата ако не платиш сметка за струја од 6000 денари? Истото е и овде. Бараат да ја платиш колата, ти ги држат парите 1 месец (да речиме) а ти немаш кола. Тоа ти е исто како да ти стоеле 15.000 евра (пример земам во случајов) во комерцијална банка и за тоа имаш 1 до 2 % камата, или на 10.000 евра 1% ти се 100 евра... па и не е баш мала пара, да има 10 луѓе вака што ке ги закаснат по 100 евра некој ке инкасира 1.000 евра од камата.... или во превод ке заработи на твоето чекање.
 
Само мал капар имаме оставено кај нив, не сакам да испаднам идиот како нив па да им барам камата, ме сфаќаш? Иако не би ми дошло лошо да дадат некоја ситна опрема гратис.
 
Добро тоа е твое право, мада јас би сум бил исфрустриран и би им рекол дека не ми треба кола за по 2 месеци, туку за сега или недела дена максимум. Па ако треба да чекаш 1-2 месеци нека ти кажат, а не да те мотаат натаму наваму дојди денес, дојди утре...

Имаш еден тон производители што имаат возила на лагер.
 
Да не ми се свиѓаше зделката што ја добивам за фокусот, тогаш кога ме известија дека нема да си го почитуваат првичниот рок веднаш ќе ги баталев. На 20ти септември ќе го кажат конкретниот датум кога ќе ја добијам колата, ако и тогаш го пробијат рокот што си го продолжија за 1 месец, ако не ништо друго... ќе им одам во салон за да ја истресам нервозата од мене, а не на форумов. Тешко е човек како мене или татко ми да извадиш од такт, ама ова веќе на ништо не личи.
Сега едно прашање, плинот во Македонија сите го добиваат од ОКТА, па после го препродаваат? Т.е. дали плинот од една бензинска станица се разликува по квалитет од некоја станица на друга компанија?
 
Плинот го купуваат (мислам не сум сигурен 100%) од ГаМа (Гас Македонија) компанијата за која се тужеа Мак петрол и владата кој е доминантен сопственик (и ке го има монополот нели).

Е сега кој каков гас продава е прашање, мада колку што имам правено муабет со таксистите во гасот што го дистрибуираат како погонско гориво за автомобилите (LPG) ставаат и прегорено масло. Па така на 200-300 изминати километри таксистите испуштаат по 150-200 грама моторно масло од расплињачата. Колку е ова точно и го има по градовите незнам, го кажувам од искуството на неколку битолски таксисти.
 
Јас прв пат слушам дека се испуштало моторно масло од расплињачата.Еден мој другар има LPG има поминато едно 50 000 км на плин па до сега никогаш нема испуштено масло од расплињачата.Можеби кај вас во Битола не ви е квалитетен плинот.Јас таква работа немам слушнато во Струмица.
:salut:

Дали може некој да ми каже од каде може да купам фолија за затемнување на прозорци на автомобил ама не од онаа шо беше на автопазар од 100 ден. па при лепење на прозорците целата се гребеше.Значи ми треба од онаа поквалитетната.

Е за плинот можи незнам, ама за фолијата 200 евра е казна. И ке те репнат без размислување да знаеш. Инаку ја има по авто делови барај.
 
А шо мислиш дека сите шо им се затемнети стаклата им се легални.:pos2: Па и јас ке бидам така а 300 евра не давам за легално затемнување.

А по авто делови немаат таква фолија ја имаат само онаа евтината од 100 ден. барем така е во Струмица.Ако знае некој да ми каже од каде може да се најде од поквалитетната од некој друг град.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom