Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
еве малку фотошоп како ке делуваат со знаме :) јас ги правев.

Џиш,делот над МК на плавото поле е резервирано за ЕУ логото "кога ќе влеземе во ЕУ".Истото го направија и Србите...многу сакам да се сменат таблиците во горниве,поубаво ќе изгледаат колите :)
-Иначе знамето од куклеш шо ти е ставено погоре ја мислам дека никогаш не ни било ставено...нели отпосле лепат некои патриоти,ама забрането било:tapp:-Поради грчкиот спор поранешното РМ на црвеното поле е заменето со 4 кирилични букви,постарите ги памтат таблиците со РМ сигурно:smir:
Edit:новите БГ таблици немаат знаме,туку им стои еу знакот,според еу стандардите...исто и во германија,италија....

-еве шо друго е во план кога сме кај таблиците...
E518376695F09549B4FBAA677FD78A6A.jpg

Интересно е тоа што за возилата постари од 35 години, МВР предвидува посебни регистарски таблички. Разликата во нив е бојата на подлогата и буквата С до која ќе стои бројот 35.
 
Џиш,делот над МК на плавото поле е резервирано за ЕУ логото "кога ќе влеземе во ЕУ".Истото го направија и Србите...многу сакам да се сменат таблиците во горниве,поубаво ќе изгледаат колите :)
Сакаш да кажиш дека на таблите нема да го има ЗНАМЕТО на државата туку ке стои ГРБОТ на општините????

Инаку ич нејќам да се сменат таблите, арни се и овие + кој ке плаќал 1500 денари (можи и повеќе сега се толку) за табли + сообраќајна...
 
^Не не,ќе нема знаме на тоа место,туку знамето на ЕУ...И за наша несреќа,според некои извори новите таблички би чинеле 4 000 денари!!!!:tapp:
-Ја сакам да се сменат,ама во разумна цена...овие ни се привремени,тоа треба да ни биде јасно,без заштита,без графика,поселски здравје!Ни знаме,ни држава на нив,имаме ли ние идентитет?:toe:
-ја колку шо ги одбирам D таблицине,на нив имаат грб на државата и грб на општината...
371611361_24062c267d.jpg
 
Toa e:) чим го има на скицата ќе го има и во иднина,е сеа на другото лого,меѓу 707 и LB шо е,тоа мислам дека треба да се смени со знаме,или грб на државата...
 
Офтопик: Ако евентуално ги менуваат табличките и нема што да му правите на старите, пратете ми ПП :icon_mrgr

И не би било лошо да има посебни таблички за олдтајмери, ама не баш за секој автомобил што е постар од 35 години. Да биде за зачувани (евентуално реставрирани) примероци. Знам по САД имаат Vintage, Classic или Historic vehicle таблички...
 
Офтопик: Ако евентуално ги менуваат табличките и нема што да му правите на старите, пратете ми ПП :icon_mrgr

Старата табла мора да ја вратиш кога ја менуваш.

Најдобро решение за олдтајмери би било да си ги задржат автентичните табли од осамостојувањето навака...Како што е решено во Италија (и многу други европски земји).

542813437_0347816a3a_o.jpg
 
Незнам дали е за овде прашањево , ама дали може некој да ми каже колку пари е сега за полагање на кола?
 
Незнам дали е за овде прашањево , ама дали може некој да ми каже колку пари е сега за полагање на кола?
Прва помош - 1200
Лекарско - 2 000
часевите - 10 000-9 000
Уплата за прв пат полагање(град,полигон,тестови) - 6 000 + 1 000 на инструкторот за амортизација на колата
Уплата за втор пат(ако си кутнат) 3 000 + 500 за инструкторот

-еве овие се давачките од прилика:smir:
 
Прва помош - 1200
Лекарско - 2 000
часевите - 10 000-9 000
Уплата за прв пат полагање(град,полигон,тестови) - 6 000 + 1 000 на инструкторот за амортизација на колата
Уплата за втор пат(ако си кутнат) 3 000 + 500 за инструкторот

-еве овие се давачките од прилика:smir:

Лекарско можеш и поевтино да најдеш, а за уплата за втор пат ако те турнат мислам дека е поевтино околу 2200ден.
Сепак ќе те фати околу 300-360е груба проценка, зависи од авто школата!
 
Да,лекарско се наоѓа и за 1200,ама по помалите градови е околу 2 000.Во Скопје е 1200-1300....
 
Дали некој знај да ми кажи колку пари отприлика ќе ме фати Пежо 106 да го надоградам како на сликите
14709_4707.jpg


Peugeot106-1.jpg


Значи само каросеријата(спољери напред назад странични, светлата напред и назад, бандашите и бојата)
 
Што мислите за Сеат Ибица од 1996 година, таа со 2 врати? Ќе ја купува татко ми, ептен ефтина му ја даваат. И за краток период на користење ќе биде.

Па ако имате да кажете нешто, повелете.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom