Стварно не знам што да ти кажам/...
Додека народот се сити со СДСМ или ВМРО, има спрат погоре во пирамидата кој преку тој партиски штит ја работат Македонија со полна пареа.
Не е лошо да пишуваш на форум и да дадеш мислење, па и некој да го гледа како дневен политички вентил, но проблем во нашето општество е што ние како народ не сме превзеле ништо за да направиме промена, туку гледаме само од сопствената корист, лево или десно.
Не повикувам на револуции нити пак на нешто екстремно, туку треба да се излезе масовно и да се даде порака на светот дека вака повеќе не бива во нашата држава. Да побараме сите масовно пред светот техничка влада со супервизор, рестарт и чистка на правниот и судскиот сектор.
Пред компјутер сите сме силни, но во пракса сите седиме дома и гледаме некаков си сеир, додека некој си прави филм на наша сметка, затоа што парите не се украдени од Зајко или Бранко или Грујо, парите се украдени од нас.
Останувам на ставот дека постои договор помеѓу СДСМ и ВМРО, дел од нив се режија на филмови и сцени за некој од поголемиве финанскиски да не биде оштетен.