Во која смисла доверливи? Јас сум летал со WizzAir од Софија за Италија. Се помина во најдобар ред. Чекирање само со пасош, иако носев испачатена резервација.
Цените ви се познати претпоставувам. Во некои период од годината може да се најдат мноогу евтини карти. Зависи од атрактивноста на летот. После Нова година околу 11,12 јануари имаше летови за Венеција за 19 ЛЕВА. Тие цени ги гледав кон крајот на декември, не беше нешто пола година однапред. Од друга страна, сега да резервираш за во август, Мадрид, Барселона или Валенсија, не е под 300 лева во еден правец.
Автобус шема од центар на Софија до аеродромот има. Не го знам точно бројот на автобусот ама сигурен сум дека гледав на интернет распоред. До 22:30 навечер е последниот автобус.