Да надополнам неколку работи од ланскиот пост. Момци, ако сте фини дечки, влегувате во 30-ти и одеднаш почнуваат некои девојки на таа возраст да се интересираат за вас, не сте станале одеднаш поубави или поинтересни или похаризматични. Во главно тоа е објаснето тука
Нешто слично како и со муабетот со бившите. Ги знаете оние момци што влегуваат во френдзоната, што ги имаше на мемиња по 9гаг, редит медит? Сум видел како излегуваат од френдзоната и конечно ја добвиаат жеснката што им се свиѓа. Ама во 30-ти години. Од кога она се изнаживеала, изнаебала со се што сакала а понекогаш и не сакала. Он секогаш стоел тука како златна резерва, и сите планови да пропаднат и ниеден асален да не се најде Перо е барем фин ќе ме гледа како кралица и барем од таа страна сум обезбедена. Дечки кога ќе дојдете на 30-ти, не се изненадувајте ако девојки на кои порано сте им се пуштале и не ве ебавале почнуваат да ве контактираат. Женско не заборава кој бил заинтересиран за неа низ годините и откако ќе се изнаужива, ќе проба да чукне на врати на кои има најголема статистичка веројатност за отварање. И исто како и со бившите, максимална внимателност ако се најдете во таква ситуација, не дозволувајте да и бидете шлагот на тортата во нејзиниот љубовен живот, хепи ендот што го сака или што може и го нејќе, но со кој мора да се помири. Посебно ќе го приметите тоа, ако почнува да нафрла мубает на теми брак, прво од околу и демек случајно а после и се поинтезивно. Немојте да мислите дека вас ве избрала затоа што вие сте љубовта на нејзиниот живот. Објаснето во пасусот со економската логика на функционирање на жените тука
Уште една грешка која ќе ја воведам... Никогаш да не ги инволвирате родителите премногу во вашата врска, да бидат упатени во се, да го знаат секој детал... Само полесен начин до уште една многу голема грешка.
forum.kajgana.com
Јас тоа го нарекувам Форест Гамп ефект. Спојлер алерт за понатаму. За тие што не го гледале во филмот Форест Гамп кој е лице со пречки во менталниот развој цел живот ја сака Џени од моментот кога ја упознава во основно. Во меѓувреме Џени го френдзонира, оди у хипи атеобудистички живот се дрогира, се ебава и во еден таков момент на очај, изфиксана, изебана од некоја н-та бараба, решава да скокне од балконот на барабата и да заврши со се. И дури е веќе качена на гелендер пред да скокне и текнува дека има еден идиот што секогаш ќе ја прифати и сака и после се, му иде на Форест Гамп го жени и му раѓа дете. Секако во филмот тоа е претставено романтично, се удира на емотивен ефект за нас како публика да ни се стоплат срцата и да кажеме-Ооо душички љубовта на крајот победува и си го наоѓа патот. Но ако го погледнеме тоа рационално без нашминканите сценски ефекти и романтики останува заклучокот дека Форест Гамп е стварно идиот. Не дозволувајте да ви се случи Форест Гамп ефектот, не бидете идиоти, кога ќе влезете во 30-ти и ако почнат да ви се случуваат вакви некои работи, внимателно.
Да се вратам на главното прашање на темата. Пак ќе се повторам-Ако сакате да си ги зголемите шансите дека нема да завршите со погрешен човек, научете се да живеете сами, да сте си доволни сами. Ако го победите очајот и стравот од самотија, ќе ставите полесно крај на сите лоши врски кои ќе ви се појават на патот. Работите ќе ги рационализирате, ќе анализирате дали со Перо, Трајче, Станка, Златка ви е убаво затоа што сте компатибилни и имате слични погледи и насоки или само затоа што ти се испразнети ташаците па другото и не е толку битно. Од друга страна ако ви остане тој страв и очај во поголемиот процент вината за лошиот избор паѓа на вас. Со каков год идиот или опајдара да сте биле, вие не сте знаеле да направите избор, не сте ја процениле ситуацијата добро, не сте одвоиле време објективно да анализирате што у ствари ви се случува во врската. Од тие причини мислам дека прашањето е погрешно и води во многу погрешна насока. Да си сам е дефолтниот моуд на постоење, не можеш (во секој момент) да бираш дали ќе бидеш со некого, ама затоа секогаш можеш да одбереш да бидеш сам. Се раѓаш сам, умираш сам. Вистинското прашање што треба да си го поставите не е "Зошто сте сами" туку "Зошто сте во врска/брак"?