Формула 1 - сезона 2019

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за сезоната 2019?


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Црнчето сепак во бодови :) И да ко што мислев, Фетел пак пред Леклер. Мада добра трка за Фетел, од последен до второ место, бравос.
 
Кубица во поени.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Фетел некако секогаш знае да извози добра трка кога стартува надвор од топ 10. Како да е поопуштен и нема притисок во тие ситуации.
 
Фетел некако секогаш знае да извози добра трка кога стартува надвор од топ 10. Како да е поопуштен и нема притисок во тие ситуации.

Ако се сеќавам добро, Ветел не победил на трка освен ако не стартува од 1ва или 2ра позиција.
 
Малку дожд и одма супер интересна трка. (y) Последните две трки што ги гледав, Австрија и оваа, беа одлични. За жал уште од сега се знаат шампионите и кај возачи и кај конструктори ама барем да гледаме повеќе вакви трки до крај.

И секогаш е досадно и монотоно кога некој доминира постојано така да ќеф е кога ќе се случи ваква трка. Без разлика кој е, барем за мене. Навивам за Ферари од дете и Шумахер за мене секогаш ќе биде најдобар. Ама во периодот кога доминираше (2000 - 2004) првите две-три сезони се радував на секоја победа ама после ми стана монотоно па некогаш навивав или за Баричело или за некој друг чисто да се разбие монотонија.
 
Последните две трки што ги гледав, Австрија и оваа, беа одлични.

Silverstone беше подобра и од Австрија, гледај ја на снимка ако можеш.

Гледајте го Хамилтон како се правда, болен бил, сите си ги признаа грешките, он демек бил болен па затоа ја усрал работата :ROFLMAO:
 
Нико влогерот рече дека после ова, најверојатно Ботас го губи местото, иако мое мислење мислам дека ке остане и во 2020.
 
Нико влогерот рече дека после ова, најверојатно Ботас го губи местото, иако мое мислење мислам дека ке остане и во 2020.
Ако за една грешка од годинава (so far) го изгуби, шта речи :D
 
Ако се сеќавам добро, Ветел не победил на трка освен ако не стартува од 1ва или 2ра позиција.
Порано имаше проблеми кога не стартуваше прва или втора. Сега во Ферари па обратно е.
 
Возачот на камионот бил при свест, немал сериозни повреди, го однеле во болница за понатамошни прегледи. Исто така, немало други возила инволвирани во незгодава.
 
И Хамилтон направи грешка и излета и се подчукна во заштитната ограда само шо успеа да се врати. Можда и тој ке го изгуби местото како Ботас????
 
И Хамилтон направи грешка и излета и се подчукна во заштитната ограда само шо успеа да се врати. Можда и тој ке го изгуби местото како Ботас????

Хамилтон има договор и за наредната сезона, на Ботас му истекува сега. И од Хамилтон можно е да се ослободат после 2020та со оглед на тоа колку пари зема и колку години има, али ако освојува и натака мислам ќе нема проблем да продужи да вози.
 
Мислам дека Мерцедес ќе сакаат да го рушат рекордот на Шумахер заедно со Хамилтон.
 
Хамилтон во Ферари на местото на Фетел, Ботас и Окон во Мерцедес :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom