La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
4-2-3-1

Суарез

Нејмар - Гризман - Меси

Артур - Де Јонг

Алба - Умтити - Пике - Семедо

Тер Штеген​
Ernesto+Valverde+Barcelona+v+Sevilla+La+Liga+0MQ940A6uq6l.jpg
 
Може и Пике, ама не е негова позиција.[DOUBLEPOST=1563294890][/DOUBLEPOST]
4-2-3-1

Суарез

Нејмар - Гризман - Меси

Артур - Де Јонг

Алба - Умтити - Пике - Семедо

Тер Штеген​
[DOUBLEPOST=1563294994][/DOUBLEPOST]Шо е до мене Суарез ќе биде залепен за клупа :D
А сто милионските Кутињо и Дембеле ? Или тие ги спакувавте во пакет за Париз :)
 
А сто милионските Кутињо и Дембеле ? Или тие ги спакувавте во пакет за Париз :)
Мора ли сите да играат прва?
Сити како имаат 6 напаѓачи за 3 позиции, како знае Пеп со 4 офанзивни да игра, некад и 5?
Не се проблем играчите, проблем е тренерот. Гвардиола Б. Силва го направи везњак, на овој нашиот страв му е Кутињо везњак да го стави немој многу офанзивни ќе бидеме...
 
Абе добро не мора ама резервите на Пеп не се платени 130 милиони евра, резерва во Сити е Марез.
Не можи да лупниш 300 милиони на два играчи и да ги ротираш цела сезона, мислиш Дембеле и Кутињо ќе сакаат да дремат на клупа, мора една стартна 11 да има тренерот.
За ротации можеа да земат поефтина варијанта, такви како Дембеле има во Франција со лопата да ги риниш ама вашите испаничени од заминувањето на Нејмар лупнаа брдо пари за него.
 
Гризман на лево крило немој молимте, Алба би бил попродуктивен од него на таа позиција.

4-4-2 Суарез и Меси напред а Гризман на десно крило или пак Гризман напред Меси десно крило.
 
Може и Пике, ама не е негова позиција.[DOUBLEPOST=1563294890][/DOUBLEPOST]
4-2-3-1

Суарез

Нејмар - Гризман - Меси

Артур - Де Јонг

Алба - Умтити - Пике - Семедо

Тер Штеген​
[DOUBLEPOST=1563294994][/DOUBLEPOST]Шо е до мене Суарез ќе биде залепен за клупа :D
5 primeni gola vo prosek ke imaat so formacijava.
 
5 primeni gola vo prosek ke imaat so formacijava.
И 10 даени :D ова ќе помине во Ла Лига кај ботовите, за со појаки се разбира нема ваква формација, Суарез ќе грее клупа. Зборот ми е, може да имаат минутажа сите 4.
 
Добар состав Атлетико, паметно играат на трансфер пазарот очекувам добра сезона да имаат.
 
Оваа сезона е наша:P
67244016_2402677476463002_9078586803815972864_n.png
Почна да ти се допаѓа составот, оти до пред некој ден не беше задоволен :)
Вака на хартија добро изгледаат, и сите се совпаѓаат во идеологијата на Чоло ама ќе видиме на терен :)
Од новодојдените Херера мислам дека ќе се покажи повеќе од добар дил, го земаат гратис, има 26 години, трча како луд, и има страшен шут од далечина, т.е има сенс за гол.
Љоренте исто мислам дека ќе се погоди многу, ќе игра како заден везен а Коке и Саул ќе играат понапред и ќе имаат повеќе слобода во играта, ако изигра како последната сезона во Алавес ќе биди топ, кој ќе ги слуша комшиите да кукаат дека им го зедовме за џабе :)
Со доаѓањето на Трипие и евентуално Хамес Мората ќе има над 30 гола со глава само:icon_lol:
За Феликс немам посебни очекувања затоа шо го немам ниту еднаш изгледано, и оној Лоди, освен видеа на јутјуб појма немам за нив.
Хермосо имаше фантастична сезона во Еспањол, дури и повик доби за репрезентација, да го официјализираат и него и можиме да си прајме бајрам со умот уште од сега :D[DOUBLEPOST=1563403963][/DOUBLEPOST]:place:
 
Последно уредено:
Љоренте исто мислам дека ќе се погоди многу, ќе игра како заден везен а Коке и Саул ќе играат понапред и ќе имаат повеќе слобода во играта, ако изигра како последната сезона во Алавес ќе биди топ, кој ќе ги слуша комшиите да кукаат дека им го зедовме за џабе :)
Како бе за џабе? Играч што ни беше за ротација, што дремеше на клупа цела сезона ви го продадовме за 40 милиони.
Одличен играч е, има многу фудбал во него и баш мислам дека ќе се погоди во Атлетико, али дека било за џабе грешка си.
Зидан можеби немаше да го продаде, али го приоритизираше Феде Валверде пред него, зашто појма немам. :)
 
Оваа сезона е наша:P
67244016_2402677476463002_9078586803815972864_n.png

Солиден тим има Атлетико. Паметно играат ова лето со трансферите. Единствено за Феликс ќе видиме колку ќе се исплати за таа огромна сума. Добро е за лигата што колку-толку се одржуваат конкурентни со Барса и Реал. Инаку пак првите две ќе бегаа 40 бода на третиот. Вака Атлетико уште е далеку пред Валенсија, Севиља и остала компанија.
 
Како бе за џабе? Играч што ни беше за ротација, што дремеше на клупа цела сезона ви го продадовме за 40 милиони.
Одличен играч е, има многу фудбал во него и баш мислам дека ќе се погоди во Атлетико, али дека било за џабе грешка си.
Зидан можеби немаше да го продаде, али го приоритизираше Феде Валверде пред него, зашто појма немам. :)
Епа тоа сакав да кажам дека ако се погоди во Атлетико ќе испадни дека 40 мил се малце со оглед на денешниве цени, ете Родри 70 мил го шитнавме а мислам дека не е ништо подобар од Љоренте, само шо овој кај вас беше резерва па затоа можи.[DOUBLEPOST=1563452153][/DOUBLEPOST]И Хермосо бидна на муабетот од вчера :)
Од распад систем до пред еден месец стигнавме до галактико тим :D се шалам али составот е топ. Еве една стартна 11 според мене
Облак
Ариас- Хермосо-Хименез- Лоди
Саул Љоренте Коке
Лемар Мората Феликс
Ако успеат да го договорат Хамес тогаш Хамес на местото на Лемар и да шибаме цела сезона :)
Ама Симеоне има некој бубачки во глата и ќе форсира вака
Облак
Ариас Савич Хименез Саул
Коке Љоренте Томас
Феликс Мората Коста :D
Кореа и Калинич се на излезни врати, а Фелипе Луис најверојатно ќе продолжи договор поради што не можат да најдат соодветна замена за бек а Лоди нема никакво искуство, Хамес изгледа овие дена ќе го официјализираат и со тоа ќе го затворат трансфер пазарот за оваа сезона, евентуално ако испадни некој да си замини во последен момент па да се бара негова замена.
 
Последно уредено:
И Хермосо у Атлетико, Б тим им станавме :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom