Стрелецот работи со грее, па по секој коментар кој не му одговара ги ословува другите како продавачи
А имаш и двата ботови што му прават „ми се допаѓа“ на секое мислење, едниот е попасивен, другиот има реплики „земи прочитај“.
Голем дел од корисниците се револтирани од нивниот однос. Си купил нешто што не е грее па си глупав што си дал толку пари
@Некој и
@Lithium002 се против екипата на стрелецот и гледаат да ги извалкаат што повеќе.
Реално колку и да постираат грее лобито графикони и видеа од модулација грее не се во категорија на митсубиши/тошиба/дајкин/фуџитсу.
Пошто нели и тој што ќе купи Мерцедес/Ауди/БМВ можеше да земи за дупло поевтино нешто што е исто на хартија
Климе/лаптоп/најубав ваљда може да има нешто со вивакс, мада е сумлив што често споделува и другите бендови (често и брендови за кои никој не слушнал).
Лично за мене:
јас немав потреба да размислувам за греење до скоро време, но основање на фамилија и живеење на засебен спрат ми ја наметна оваа тема.
Лично сум фасциниран од искуството дека со клима може да биде стоплено и тоа да чини многу евтино.
Моето присуство на темата и коментирање (во голем дел се возджувам да не коментирам од очигледни причини) е да се сподели со членови кои се наоѓаат во иста ситуација како што сум се наоѓал јас пред една година и да им се помогне колку што се може.
Што повеќе на клими тоа подобро за сите, особено во градови каде треба да отвориме апликации за да знаеме дали да собереме храброст да излеземе од домовите.
Тука сме на линија со
@mdeni и основачот на темата.
п.с. имаш и членови како неодамна подновениот тс01 кој на лето ја постави климата, а нема поминато зима и нормално во постовите сака да си го „заштити/одбрани“ изборот на клима. Ете кај е зимата ќе дојде
п.п.с за стрелчно да не почнува за мојата СФ50 вака така намерно го оставам овај ппс да нема простор да ме уморва