Лаутаро има клаузула од 112 затоа што по евентуална продажба 10% одат за Расинг а Интер би лапал 100че и порција ќебапи за Аусилио. Така е тоа направено кога доаѓаше. За Барса ќе си почека.
Иначе бев на Меаца и благо речено се разочарав од тоа што имаат клубовите од тој стадион. Едно музејче колку да се рече, 30м2 дали има за двата клуба да стават по некоја слика и дрес. Соблекувалните мали и тесни, нашата со обични клупи, неудобна, комшиите ставиле некои шоферски седишта за да замислуваат комфор, некаков дизајн во обид, ама барем се потрудиле нешто. Продавницата е исто така минимална, нешто дресови, го немаа резервниот се уште, нешто малку тренерки и некои ситници. Ако ве носи патот, никако не купувајте таму, има продавница позади Дуомо, опремена со се и сешто. Кога сум тука уште да спомнам дека новиот дрес со дијагоналните пруги е неописливо грд, полош е и од бар кодот што го носевме пред две години.
Што се однесува до трибини сигурен сум дека грми, тој дел што се гледа на ТВ и атмосферата што се создава е без мана, ама внатре и наоколу стадион нема ништо од кое клубот би профитирал на дневна база. Пред да одам немав мислење околу ова а сега сум 100% за да го срушат, потребен ни е многу помодерен стадион на кој пола деловен простор би бил на клубот, а не едно продавниче и едно музејче.
Околу трансферите би искоментирал само дека Рафиња чини 15м во моментов. Да го сретнев Марота ќе му објаснев...