Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Имаат други приоритети, ама баш дека defense им е еден голем приоритет...ај...не знам кога не им бил...
Наса е маргинализирана многу одамна. Практично е сведена на нивото на некоја наша културна институција од некое полумртво село. Своевремено, до пола милион луѓе биле на еден или друг начин вклучени во вселенската програма.
Редовно следам некои документарци од научно-популарни теми и често се зборува за ова, за недостатокот од финансии, персонал. Факт е дека од тој период, таканаречен space race, за армиски потреби биле изведувани безброј истражувања кои довеле до пронајдоци од нови хемиски елементи, компјутери, медицински откритија (при тестирањата на астронаутите) до некои "тривијални" откритија како микробранова печка исл.
За жал, битката со СССР ја добија на политички план, со силна разузнавачка служба, па и со воени интервенции на трето тло, таканаречени периферни војни и толку...сега се фокусирани на сериозно оглупување на населението, сервирање шунд, кич, изразена расна и имотна сегрегација....еден одвратен микс од хакслиевско-орвеловска дистопија, кој го протежираат и по колонизираните држави како нашава.
Искрено, мене ми е жал што не иде светов у таков технолошки прогрес....дури ако размисли човек убаво, па и тогаш не го праеле тоа со добра намера. Тоа што ми е страв од вакви идиоти како супертрамп е несфаќањето на сериозноста со загадувањето и проблемот со глобалната клима. Продава селска политика со лажен патриотизам, зад која како оловна тврдина се тешките милијарди на неговите сметки, матните бизниси, затајувањето на данок и само декларативната загриженост за внатрешната економија и односите со земјите со кои имаат огромни суфиците. Американскиот капитализам, може нема да бидам жив, ама ќе си ја дотера својата неодржливост до точка во која тотално ќе колабира. Создадоа огромно општество кое троши многу, живее лагоден живот, на сметка на експлоатација на цели држави, па и континенти...јужна и централна Америка, арапите и Африка се под тотална контрола. Затоа и defense-от не е државна одбрана, туку механизам со кој го ебат светов без усул и им е многу попотребен од некакви си марсови, месечени и п материне. Додека не се решат самите жители на САД од оваа трилијардерска незаситна елита, има и тие и цел свет со нив заедно да иде у провалија...
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
GERMANY JOINS CHORUS CASTING DOUBT ON TRUMP ADMINISTRATION CLAIM THAT IRAN WAS BEHIND ATTACK ON OIL TANKERS

Дај нека пуштат и некоја протестна нота, да не биде вака само на збор. И онака никој не очекува од било кого некаква конкретна реакција или нешто слично. Не е интересно тоа, треба да се продолжи со идиотските препукувања.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не е смешно, туку трагично.
Еврејски лоби групи, дијаспората, ги полни џебовите на секој конкретно засегнат американски административец, вклучително и самиот претседател и логично е да ги поздравуваат "одлуките", кои тој ги донел во нивна корист. Многу се испотреска од мислење Трамп како да одлучува во овој спор, кој е под тотална контрола на Израел.
Ш иптарите таа лекција одамна ја научија и со ташната си го купија Косово. Јас тврдам дека со соодветна сума пари, Србија може да издејствува да си го врати назад, со тоа што треба да ги најде соодветните армиски, разузнавачки, надворешно-политички административни пацови и да им шлапне на рака. Никаква принципиелност нема да покажат или неколебање во надворешната политика....има Албанија да ја бомбардираат ако треба.... до тогаш косовските орки ќе праат скулптури на вештеркана Олбрајт и Клинтон и исто ко евреиве ќе именуваат населби по нив, а Србија џабе везе со крстење у бога и самоприкажување како суперкоректен играч.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Многу работи може да се научат ако се пратат редовно изјавите на портокаловиот, еве најново, не сум знаел дека Месечината е дел од Марс.

И пред да ми се нафрлат разгневени десничари, го разбрав контекстот и што сакал да каже со твитот, но мора да се признае дека на прво читање ептен смешно делува.
Барем знаеме дека тоа плавиот чекмарк не е онака за украс како кај многу други плави чекмарк селебритис на Твитер, знаеме со твитов дека баш ОН твита од тој профил :ROFLMAO:
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Богатите во САД стануваат уште побогати, сиромасите уште посиромаси, средната класа во САД изчезнува...

А претседателите доаѓаат и си заминуваат...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Богатите во САД стануваат уште побогати, сиромасите уште посиромаси, средната класа во САД изчезнува...

А претседателите доаѓаат и си заминуваат...
Трамп покака многу работи, ама барем во тој дел не утна премногу, дури и тие што се против него признаваат дека финансиските и даночните реформи беа добар потег за да се успори феноменов за кој што говориш горе. Откако е на власт БДП е кренат на огромно ниво, и има наплив на успешни мали бизниси токму од средна и ниска-средна класа итн.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Трамп покака многу работи, ама барем во тој дел не утна премногу, дури и тие што се против него признаваат дека финансиските и даночните реформи беа добар потег за да се успори феноменов за кој што говориш горе. Откако е на власт БДП е кренат на огромно ниво, и има наплив на успешни мали бизниси токму од средна и ниска-средна класа итн.
А шо прајме со тоа што од кога дојде Трамп во САД најчесто во големите корпорации се зголеми работната недела во часови и се намалија деновите од годишните одмори.

Најголемите корпорации како што се Амазон, Гугл, Ејпл, Ексон мобил, Форд, Џенарал моторс веќе последно ги кршат човековите права врз работниците...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А шо прајме со тоа што од кога дојде Трамп во САД најчесто во големите корпорации се зголеми работната недела во часови и се намалија деновите од годишните одмори.

Најголемите корпорации како што се Амазон, Гугл, Ејпл, Ексон мобил, Форд, Џенарал моторс веќе последно ги кршат човековите права врз работниците...
Веројатно не со во тек, Трамп се одзва и за тоа, како и некои од десничарите/републиканците како Круз, каде сега има закон во подготовка каде ќе се лимитира моќта на цензура на говор на гигантите од Силиконска Долина, а масовните корпорации како Амазон и Гугл да се поделат во делови заради монополизирање.

Што се однесува во годишни одмори, не знам за што збориш, дечко ми е на својот 3ти одмор годинава, а ќе има и 4ти негде Ноември месец. А не иде на одмор по 3-4 дена. Од кај се тие статистики?
 
S

staycalm

Гостин
Трамп единствено нешто што покажа е како да не бидеш претседател на држава. Гној :pos:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Трамп единствено нешто што покажа е како да не бидеш претседател на држава. Гној :pos:
Со оглед на тоа што демократите континуирано вадат лоши преставници кандидати од Бил Клинтон ера па навака (и актуелниве кандидати за 2020 се уште бетер!) само значи дека Трамп ќе биде реизбран повторно, а после него може да се појави и победи некој далеку полош.
 
S

staycalm

Гостин
Со оглед на тоа што демократите континуирано вадат лоши преставници кандидати од Бил Клинтон ера па навака (и актуелниве кандидати за 2020 се уште бетер!) само значи дека Трамп ќе биде реизбран повторно, а после него може да се појави и победи некој далеку полош.
Еднаш победи кловнот, тешко втор пат
 
S

staycalm

Гостин
Така викаа и првиот пат.
Да и беше обичен системот за гласање, немаше ни прв пат да победи, според гласовите.
Во секој случај, кампањата против него сега е многу поголема од тогаш, затоа што сега видоа дека не вреди за ништо. Огромен број гласови изгуби, верувам и дека многу од тие шо не гласаа сега ќе гласаат против него.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еднаш победи кловнот, тешко втор пат
Си ги видел воопшто кандидатите на демократите и актуелните теми кои ги пропагираат како демократска програма за 2020? Open borders, abortion till 9 months pregnancy, misgendering as crime, tax raises, free speech "guidelines", etc.

Прилично сигурен сум дека ќе тепа по втор пат. Или ќе им се случи граѓанска војна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom