Целиот научен свет зборува за мисија на Марс последниве 20 години. НАСА од година до година се потешко се бори за својот буџет и единствена шанса и е или некоја сериозна мисија или како што беше со активирањето на вселенските мисии на Русија, што ги најави Путин пред некоја година. Тука се буди вулканот од пред 30тина години, кога конечно замре Студената војна. Имаше некои калкулации дека ако некогаш следувале околу 3% (во 60тите и 70тите години од минатиот век) од буџетот на САД (за НАСА), последниве години имаат само 0,5%, а притоа трошат 700 милијарди на воениот буџет! Сега не знам колку податоците се точни, ама тоа го презентираше Нил ДеГрас Тајсон на едно гостување. И буџетот е во раст, но поентата не му беше тоа.