Almeida
поет, мрачна сила, гад
- Член од
- 15 февруари 2015
- Мислења
- 7.563
- Поени од реакции
- 19.993
Имаат други приоритети, ама баш дека defense им е еден голем приоритет...ај...не знам кога не им бил...
Наса е маргинализирана многу одамна. Практично е сведена на нивото на некоја наша културна институција од некое полумртво село. Своевремено, до пола милион луѓе биле на еден или друг начин вклучени во вселенската програма.
Редовно следам некои документарци од научно-популарни теми и често се зборува за ова, за недостатокот од финансии, персонал. Факт е дека од тој период, таканаречен space race, за армиски потреби биле изведувани безброј истражувања кои довеле до пронајдоци од нови хемиски елементи, компјутери, медицински откритија (при тестирањата на астронаутите) до некои "тривијални" откритија како микробранова печка исл.
За жал, битката со СССР ја добија на политички план, со силна разузнавачка служба, па и со воени интервенции на трето тло, таканаречени периферни војни и толку...сега се фокусирани на сериозно оглупување на населението, сервирање шунд, кич, изразена расна и имотна сегрегација....еден одвратен микс од хакслиевско-орвеловска дистопија, кој го протежираат и по колонизираните држави како нашава.
Искрено, мене ми е жал што не иде светов у таков технолошки прогрес....дури ако размисли човек убаво, па и тогаш не го праеле тоа со добра намера. Тоа што ми е страв од вакви идиоти како супертрамп е несфаќањето на сериозноста со загадувањето и проблемот со глобалната клима. Продава селска политика со лажен патриотизам, зад која како оловна тврдина се тешките милијарди на неговите сметки, матните бизниси, затајувањето на данок и само декларативната загриженост за внатрешната економија и односите со земјите со кои имаат огромни суфиците. Американскиот капитализам, може нема да бидам жив, ама ќе си ја дотера својата неодржливост до точка во која тотално ќе колабира. Создадоа огромно општество кое троши многу, живее лагоден живот, на сметка на експлоатација на цели држави, па и континенти...јужна и централна Америка, арапите и Африка се под тотална контрола. Затоа и defense-от не е државна одбрана, туку механизам со кој го ебат светов без усул и им е многу попотребен од некакви си марсови, месечени и п материне. Додека не се решат самите жители на САД од оваа трилијардерска незаситна елита, има и тие и цел свет со нив заедно да иде у провалија...