Последно време го менувам мислењето дека полицијата е крива за војнава на патиштата, а и разбојништвото, и се повеќе сум на став дека судството е криво и е болно до ср'ж.
Овај ќе се извлечи со 2-3 години во затвор ...
Подоцна ќе може и да си ја избриши казната затвор од досие и ќе има статус на неосудуван.
https://www.mkd.mk/crna-hronika/pregazeni-dvajca-policajci-edniot-zaginal-vtoriot-e-vo-zhivotna-opasnost
Прегазени двајца полицајци, едниот загинал, вториот е во животна опасност
Полицискиот службеник В.Ц. (40) загинал во тешката сообраќајна несреќа што се случила рано утрово на патот Куманово – Свети Николе. Кандидат за полициски службеник е во животна опасност.
Тешката сообраќајка се случила во близина на крстосницата со населбата Ајдучка Чешма кога патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во В.Ц. (37) и А.М. (25, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност, информираат од МВР.
В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
С.Ј. со возилото „мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34).
Возачот на возилото „шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди. Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Неофицијално С.Ј. учествувал во тепачка, а полицијата била повикана на интервенција. Во бркотницата со полицијата тој ги прегазил двајцата полициски службеници.[DOUBLEPOST=1555851136][/DOUBLEPOST]Еве и пијан бил, тамн олеснителна околност, ако немал прекршок претходно максимум една година затвор.
https://www.mkd.mk/crna-hronika/vozachot-shto-usmrti-policaec-i-povredi-ushte-nekolku-lica-bil-pijan
Возачот што усмрти полицаец и повреди уште неколку лица бил пијан
Возачот што утрово усмрти полицаец, а тешко повреди уште еден полициски службеник и уште неколку лица бил пијан, соопштија од Основното јавно обвинителство Куманово од каде ја расчистуваат тешката сообраќајка.
Надлежен јавен обвинител заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.
Патничко моторно возило управувано од осомничениот, жител на Куманово кој бил видно под дејство на алкохол, удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал.
Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и возачот се здобил со телесни повреди. Сите повредени лица се згрижени во медицинска установа и им се укажува помош.
Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот. Донесена е и Наредба за прибирање траги од лице место, фотографирање и скицирање како и натамошно вештачење со кое ќе бидат утврдени фактите во предметот.